Хроника
Лишен од слобода 18-годишник од Скопје, кој се сомничи дека удрил пешак, по што излегол од возилото и го напуштил местото на несреќата
Од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит пазар лишен е од слобода М.С.(18) од Скопје. Тој се сомничи дека на 30.08.2023 околу 22.30 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, со претходно противправно одземено патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на 25-годишен скопјанец, удрил во малолетничка од Скопје, по што излегол од возилото и го напуштил местото на несреќата. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде биле констатирани тешки телесни повреди, a подоцна им подлегнала на повредите.
Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по преземени мерки и активности и добиени резултати од спроведените анализи е утврдено дека М.С. го управувал возилото за време на несреќата и во координација со јавен обвинител за него е пуштен распис.
Исто така, лицето се сомничи дека извршило и неколку кривични дела “кражба” и “тешка кражба” од објекти на подрачјето на ЕВР Карпош.
Од страна на Одделението за увид на сообраќајни незгоди, Единица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје против него ќе бидат поднесени пријави за кривично дело “одземање на моторно возило” по член 242, “тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот” по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и кривично дело “неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода” по член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар за сторени кривични дела “тешка кражба” по член 236 и “кражба”, по член 235 од Кривичниот законик.
Од страна на судија на лицето му е изречена мерка притвор од 30 дена, известуваат од МВР.
Хроника
Маж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
На 12.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А. (53) од Скопје при извршување на работни задачи се здобил со повреди од машина и починал на местото на настанот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, извршен бил увид, истакна МВР.
Хроника
Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..
Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е пронајден починат Е.Р.(25) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Вчера на 11.12.2025 во 07:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дом на негов другар на подрачје на Кисела Вода во Скопје е пронајден починат Б.П.(36) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извор: МВР, дневен билтен за медиуми.
Хроника
Млад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
На 24.11.2025 во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соппшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Кичево2 денаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево17 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура22 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија12 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп9 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Здравје и убавина2 денаНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Магазин20 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
