Следете не

Македонија

Лишен од слобода косовски државјанин, пренесувал облека од познати марки без документација

Објавено пред

на

На 15.05.2025 околу 04.10 часот на автопатот  Куманово-Скопје, во близина на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при БЈБ запреле и извршиле контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од турски државјанин, а кој сообраќал на релација Турција – Бугарија – Македонија – Косово. При прегледот на патниците, кај М.Ш.(36) од Косово биле пронајдени повеќе парчиња разновидна облека од познати трговски марки за кои не поседувал документација.

Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од СВР Куманово.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна МВР.

Македонија

(ФОТО) Полицијата на РЦ Запад уапси двајца скопјани, кај нив се најдени шприцеви со течност и дрога

Објавено пред

на

ФОТО: СВР Охрид

Денеска (10.09.2025) околу 11 часот, во струшкото село Луково, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад при Бирото за јавна безбедност, ги лишија од слобода П.К.(49) и М.К.(47), двајцата од Скопје.

– При претреси во нивните домови во истото село, извршени со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприцеви исполнети со течност.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, за јавноста информора портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Македонија

(ВИДЕО) МВР: 23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, одлична меѓуинституџионална соработка со РСБСП

Објавено пред

на

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски денес присуствуваа на предавање на опрема од РСБСП на МВР. Опремата се состои од 23 мотоцикли „Piggio“ со 310 cm3 моќност, во полициска изведба и 23 комплети возачка опрема која се состои од одела, кациги, ракавици и чизми.

„Со денешниот настан ја истакнуваме нашата досегашна успешна соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – партнерство кое континуирано придонесува за подигање на нивото на сообраќајна безбедност. Ваквиот пристап е доказ дека заедништвото и координацијата меѓу институциите носат конкретни резултати за граѓаните, во овој случај за подобрување на безбедноста на патиштата.“, потенцираше министерот Тошковски.

„Во рамките на редовните активности за модернизација, со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет и оваа година наменува дел од средствата за опремување на организациските единици на МВР задолжени за сообраќајна контрола. Опремата се состои од 23 мотоцикли во полициска изведба со комплетна мотоциклистичка опрема (одела, чизми,ракавици и кацига) во вкупна вредност од 11.950.027 денари со што значително се зајакнуваат капацитетите за регулирање и безбедност во сообраќајот. Овој пример уште еднаш ја докажува вредноста на меѓуинституционалната соработка.“, истакна претседателот на РСБСП Ангеловски.

Министерот Тошковски и претседателот Ангеловски се сложија дека и во иднина ќе продолжи соработката помеѓу РСБСП и МВР на високо професионално ниво – Безбедноста во сообраќајот е наш важен приоритет.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од вечерва поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит, известува Регулаторната комисија за енергетика.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп16 минути

Хороскоп за четврток (11 септември)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Македонија9 часа

(ФОТО) Полицијата на РЦ Запад уапси двајца скопјани, кај нив се најдени шприцеви со течност и дрога

Денеска (10.09.2025) околу 11 часот, во струшкото село Луково, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад при Бирото...

Мобилни уреди12 часа

„Apple“ ја претстави новата серија на iPhone 17

Apple ја претстави новата серија iPhone 17. Почетната цена во САД за основниот модел изнесува 799 долари, додека за iPhone...

Македонија13 часа

(ВИДЕО) МВР: 23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, одлична меѓуинституџионална соработка со РСБСП

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски денес...

Спорт14 часа

Македонија до 21 година вчера не ја искористи шансата со играч повеќе и загуби од Италија на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година запиша нов пораз во квалификациите за Европското првенство, овојпат на домашен терен против силната...

Временска прогноза15 часа

Нестабилна воздушна маса од утре до понеделник носи нова дестабилизација на времето и пороен дожд

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од запад  и од северозапад која е поврзана со фронаталната долина...

На денешен ден16 часа

Времеплов: На денешен ден (10 септември)

На денешен ден 10 септември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (10 септември)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Македонија1 ден

Од вечерва поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на...

Македонија1 ден

МВР со детали за тешката сообраќајка со мотоцикли на магистралниот пат Гостивар-Кичево вчера

На 08.09.2025 во 15:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница,...

НАЈЧИТАНИ