Следете не

Скопје

Лишена од слобода жената која денес одзеде дете во Скопје, по брза постапка ќе и се суди пред надлежен судија

Објавено пред

на

Денеска (16.08.2022) полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, спореед пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје. Детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица.

Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител. Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров. Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа по брза постапка ќе биде изнесена пред надлежен судија.

Извор: МВР

Скопје

МВР приведе жена од Скопје, бидејќи истата ги принудувала своите малолетни деца да питачат

Објавено пред

на

На 27.09.2022 во 17.30 часот на подрачјето на Аеродром-Скопје,  полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ја лишиле од слобода Л.С.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик. Претходно, истиот ден, на крстосницата од бул.„Србија“ со бул.„Јане Сандански“ биле затекнати нејзините две малолетни деца како питачат.

Претставници на Центар за социјални работи извршиле службен разговор со малолетниците,  а исто така и со неа бил извршен службен разговор во полициска станица, во кој таа во целост го појасни начинот на извршувањето на делото.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Извор: МВР / Дневен билтен за медиуми

Прочитај повеќе...

Скопје

Во Скопје утре посебен сообраќаен режим во следниве реони поради „ИТ трка“

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 25.09.2022 (недела), со почеток во 09.00 часот, во организација на Здружението на граѓани СОС Детско село, ќе се одржи хуманитарна ИТ трка.

Трасата на движење се протега на дел од велосипедската патека на кејот на реката Вардар, почнувајќи од мостот на Вардар на бул.„8 Септември“, во близина на хотелот „Александар Палас“, па сѐ до мостот на Вардар на бул.„Киро Глигоров“, во близина на хотел „Хилтон“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Прочитај повеќе...

Скопје

Нов случај со измама за наводно случена сообраќајка, старица оштетена со 7260 евра

Објавено пред

на

На 23.09.2022 во 11.05 часот во СВР Скопје, 69-годишна жена од Скопје пријавила дека на 22.09.2022 била измамена од едно лице за сума од 7.260 евра. Според пријавеното, лицето и се јавило на домашниот телефон и се претставило дека е од полиција и дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа во која починало дете, а доколку му даде пари ќе може да помогне да не оди во затвор.

Како што е пријавено, тие се договориле, а откако му ги дала парите лицето заминало и не се јавило повеќе.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот..

Извор: МВР

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Видео2 минути

Што може да преживее Apple Watch Ultra? ВИДЕО

Јутјуберот TechRax го стави првиот издржлив часовник на Apple – Watch Ultra – на неговиот екстремен тест за издржливост. Apple...

Магазин5 минути

Почнувајќи од следната година, Google ќе ве извести кога вашите податоци ќе се појават во резултатите од пребарувањето

Почнувајќи од следната година, Google ќе може да ве извести доколку вашите лични податоци, како што се телефонскиот број, адресата...

Магазин7 минути

Ако ги имате овие апликации на вашиот iPhone, веднаш избришете ги

Апликациите откриени од истражувачите се сите варијанти на популарни игри и оттогаш се отстранети од App Store Експертите за безбедност...

Магазин10 минути

Netflix најави отворање на студио за развој на видео игри

При најавата за отворање на студиото, компанијата најави дека развојот на игри може да потрае со години, така што првите...

Автомобили12 минути

„Астон Мартин“ на Џејмс Бонд продаден за над 3 милиони евра: Најголемата аукција на предмети од филмовите за агентот 007

Од костими до авиони, погледнете што се нуди Аукциската куќа Кристи ја одбележа 60-годишнината од првиот филм за Џејмс Бонд...

Магазин18 минути

Забележавте чудни грешки на старите слики на Google Photos? Вие не сте единствените

Корисниците на Google Photos кои се сеќаваат нашле чудни грешки на нивните стари слики. Многу корисници на Google Photos известуваат...

Магазин20 минути

Ажурирајте го WhatsApp за Android и iOS сега

WhatsApp ја објави најновата закрпа за популарната апликација на Android, која ги обезбедува уредите од многу опасна ранливост. WhatsApp објави...

Магазин21 минута

Ова се првите слики од телефоните Samsung Galaxy S23 и S23 Plus

Иако до официјалниот датум на претставување на новата серија мобилни телефони Samsung Galaxy се уште некаде пет месеци (актуелната серија...

На денешен ден10 часа

29 септември – На денешен ден

1399 – Кралот Ричард II (Ричард) стана првиот англиски монарх кој абдицирал. Тој беше принуден да абдицира од благородниците кои...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за четврток (29 септември)

ОВЕН Можно е во текот на денешниот ден да успеете да склопите нови деловни контакти кои ќе ви значат многу...

НАЈЧИТАНИ