Следете не

Скопје

Малолетник од Скопје затекнат на крадење предмет од управна зграда на Дирекција на македонска Пошта

Објавено пред

на

На 24.08.2022 во 23.15 часот на ул. „Орце Николов“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој бил затекнат при обид да одземе предмет од управна зграда на Дирекција на „Пошта на Македонија“.

Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

/МВР

Скопје

Во Скопје утре посебен сообраќаен режим во следниве реони поради „ИТ трка“

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 25.09.2022 (недела), со почеток во 09.00 часот, во организација на Здружението на граѓани СОС Детско село, ќе се одржи хуманитарна ИТ трка.

Трасата на движење се протега на дел од велосипедската патека на кејот на реката Вардар, почнувајќи од мостот на Вардар на бул.„8 Септември“, во близина на хотелот „Александар Палас“, па сѐ до мостот на Вардар на бул.„Киро Глигоров“, во близина на хотел „Хилтон“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Прочитај повеќе...

Скопје

Нов случај со измама за наводно случена сообраќајка, старица оштетена со 7260 евра

Објавено пред

на

На 23.09.2022 во 11.05 часот во СВР Скопје, 69-годишна жена од Скопје пријавила дека на 22.09.2022 била измамена од едно лице за сума од 7.260 евра. Според пријавеното, лицето и се јавило на домашниот телефон и се претставило дека е од полиција и дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа во која починало дете, а доколку му даде пари ќе може да помогне да не оди во затвор.

Како што е пријавено, тие се договориле, а откако му ги дала парите лицето заминало и не се јавило повеќе.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот..

Извор: МВР

Прочитај повеќе...

Скопје

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради атлетска улична трка „Колорран 2022“

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 18.09.2022 (недела) со почеток во 08.00 часот, во организација на атлетски клуб Korrunners, ќе се одржи атлетска улична трка „Колорран 2022“. Трката ќе се одвива по следнава траса – старт на ул.„Беласица“ пред ТЦ Ист Гејт Мол, десно по бул.„Гоце Делчев“ (десна коловозна лента), лево по бул.„Крсте Петков Мисирков“ (десна коловозна лента), лево по кеј „Димитар Влахов“, при што трасата на одвивање на трката ќе се подели на два дела едната траса со движење по велосипедско – рекреативната патека на кејот на реката Вардар до река Серава и назад по истата траса до стартно-целната позиција и втората траса со продолжување по кејот „Димитар Влахов“, покрај зградата на МРТ, право по бул.„Гоце Делчев“, лево по ул.„Беласица“ до стартно-целната позиција.

На 18.09.2022 (недела) со почеток во 10.00 часот, во организација на Велосипедската федерација на Македонија, ќе се одржи велосипедска трка „Гран Фондо Скопје 2022“. Трката ќе се одвива по следнава траса – старт од бул.„Илинден“ кај паркингот на Зоолошка градина, право по бул.„Илинден“ кон бул.„8-ми Септември“ каде на крстосницата се врти назад по бул.„Илинден“ преку мостот Гоце Делчев, право по бул.„Гоце Делчев“ се вози до крстосница со ул.„Филип Втори Македонски“. Понатаму се врти назад по бул.„Гоце Делчев“, пред мостот Гоце Делчев се врти десно по ул.„Самоилова“ околу Кале до Амбасадата на САД и се продолжува право по ул.„Лазар Личеноски“ се до бул.„Гоце Делчев“ каде се врти десно преку мостот и се до целта каде е и стартната позиција, кај паркингот на Зоолошка градина.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.
Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 часа

Хороскоп за понеделник (26 септември)

ОВЕН Денес бидете внимателни да не се најдете себеси во некои контраверзни ситуации. Доколку проблемите ви изгледаат како да ќе...

Спорт10 часа

Ѓоковиќ играше повреден, за медиумите изјави дека се надева на поголема подготвеност во Торино

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ призна дека веќе неколку дена има проблеми со повреда на зглобот на десната рака, пренесуваат...

Спорт11 часа

Барди: „Имаме нови играчи кои во своите клубови даваат голови, нашето време доаѓа, утре одиме на победа пред нашата публика!“

Македонија одигра добро во Тбилиси, но загуби. Капитенот Енис Барди вели дека сепак резултатот е најважен и верува дека сега...

Спорт14 часа

Сите на стадион утре и заеднички со срце да ја бодриме Македонија против Бугарија

Фудбалската федерација на Македонија ги повикува навивачите кои ќе ја бодрат македонската А репрезентација на утрешниот натпревар против Бугарија на...

Временска прогноза14 часа

Попоски најавува пороен дожд, еве кога може да се очекува

Денес времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер...

На денешен ден1 ден

25 септември – На денешен ден

1345 година – После три години неуспешни обиди, српскиот император Дусан го освои Сер, кој ги водеше патиштата што доведоа...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (25 септември)

ОВЕН Иако не сакате да чувствувате притисок од другите луѓе додека работите, денес Овенот може да го стори токму тоа...

Скопје2 дена

Во Скопје утре посебен сообраќаен режим во следниве реони поради „ИТ трка“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 25.09.2022 (недела), со почеток во 09.00 часот, во организација на Здружението...

Култура2 дена

(ФОТО) IQ UP! – Кичево официјално започна со работа, дечињата со нетрпение го очекуваат следниот час преку првата македонска едукативна франшиза

IQ UP! (www.iqup.mk) е прва македонска едукативна франшиза за деца од 5 до 12 години. Компанијата IQ UP! е дел од...

Скопје2 дена

Нов случај со измама за наводно случена сообраќајка, старица оштетена со 7260 евра

На 23.09.2022 во 11.05 часот во СВР Скопје, 69-годишна жена од Скопје пријавила дека на 22.09.2022 била измамена од едно...

НАЈЧИТАНИ