Следете не

Спорт

Лука Модриќ ги освои сите можни трофеи и пет пехари во ЛШ

Објавено пред

на

YouTube printscreen

Кога во 2012 година се пресели од Тотенхем во Реал, Мадрид веројатно немаше поим дека Лука Модриќ ќе биде една од најдобрите инвестиции во историјата на клубот. Хрватскиот креативец денеска ја потсети јавноста дека во клубот е десет години во кои ги освои сите можни трофеи, вклучително и пет пехари во Лигата на шампионите.

Кариерата на Модриќ поради малата градба беше под знак прашалник за време на неговото формирање како фудбалер во Динамо Загреб. Мораше да се калем и да се докажува во мостарски Зрињски и Интер од Запршиќ, но од 20 до 23 години беше незаменлив во Динамо. Контроверзниот Здравко Мамиќ длабоко веруваше во фудбалските и човечките квалитети на Лука Модриќ, а поради договорната соработка од тие години мораше да ги образложи своите размислувања на суд.

Во меѓувреме, Динамо во 2008 година во профитабилниот трансфер го префрли Модриќ во Тотенхем, а по четири години докажување во Премиер лигата, хрватскиот репрезентативец пристигна на „Сантијаго Бернабеу“.

Во тоа време, апсолутно никој не можеше да претпостави дека Модриќ ќе стане еден од лидерите на тимот во следната деценија и некој што ќе игра редовно без разлика кој го водел Реал во тој момент. Со Мадрид освои 21 трофеј, пет ЛШ и три домашни титули. Низ игрите се профилираше како еден од најдобрите фудбалери на просторот на поранешна Југославија.

Играчот од средниот ред, кој наскоро ќе наполни 37 години, за Мадрид одигра 439 натпревари, постигна 32 гола и забележа 73 асистенции.

„Од сегашна перспектива, потписот за Реал Мадрид беше најдобрата можна одлука во мојот живот. Доаѓањето во овој клуб целосно ја промени мојата перспектива. Играњето за Реал е како најубавиот сон од кој не сакам да се разбудам“, напиша Модриќ по повод годишнината.

/danas.rs

Спорт

Аматерската репрезентација на Македонија во фудбал ќе учествува на реномираниот „Regions Cup“ во Рим, Италија

Објавено пред

на

Аматерската репрезентација на Македонија во периодот од 28 септември до 5 октомври ќе биде учесник на Regions Cup  турнир во организација на УЕФА што ќе се одржи во Рим, Италија

Нашата репрезентација на овој турнир за противници ги имаме аматерскиот тим на Баварија од Германија, Лацио од Италија и Џерси од Англија.

Првиот меч го играме против Баварија на 29. септември со почеток од 15. часот. Нов тежок натпревар не очекува на 2 октомври против аматерскиот тим на Лацио од Италија со почеток од 15. часот.

Последниот натпревар го играме против Џерси, аматерскиот тим од Англија на 5. октомври во 15. часот.

Селекторот Жанко Савов се одлучи да ги повика следните фудбалери од аматерската репрезентација:

Голмани: Антонио Столевски (Караорман), Борче Картов (Кожув);

Одбрана: Мухарем Мислими (Беса 1976), Христијан Бејков (Кожув), Мартин Димоски (Детонит Плачковица), Нинослав Здравкоски (Аресими 1976), Давид Бошески (Академија Пандев), Оливер Христов (Детонит Плачковица), Богдан Велиновски (Слога 1934), Христијан Митревски (Охрид Лихнидос);

Среден ред: Давид Ристовски (Кожув), Влатко Стојановски (Борец 1919), Стојче Стојов (Каменица Саса), Ники Зумровски (Кожув), Емил Скоко (Пехчево), Зоран Андонов (Детонит Плачковица);

Напад: Филип Димоски (Детонит Плачковица), Ангел Кочев (Кожув)

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија до 19 години од негатива два гола до пресврт и голема победа против своите врсници од Кипар

Објавено пред

на

Младата репрезентација на Македонија до 19 години во еден интересен натпревар, со многу возбудување и пресврти, успеа да забележи минимална победа со 3:2 над соодветната селекција на Кипар во рамките на вториот контролен дуел одигран помеѓу овие две селекции.

Нашите млади фудбалери по првите 26. минути од средбата имаа негатива од два гола, но до крајот на средбата направија комплетен пресврт, постигнаа 3 погодоци и сосема заслужено успеаа да слават победа.

Најпрвин Шабан Зенку во 40. минута успеа да го намали водството на противникот. Со негатива од еден погодок се замина на полувреме.

Во продолжението од мечот, Македонија одигра одлично, создаваше можности и во последните осум минути од средбата успеа да го скрши отпорот на противникот. Во 83. минута Зани Назифи погоди за 2:2. Во 90. минута, Марко Стоилевски погоди за победа и голема радост на Македонија.

Македонија: Стефан Тасев, Максим Милошевски, Давор Серафимов, Ардијан Османи, Суфијан Чајани, Матеј Ангелов, Мартин Горгиевски, Леон Тасов, Дашмир Елези, Шабан Зенку, Михаил Талевски;

Селектор: Неџат Шабани

Додека младата репрезентација на Македонија до 21 година одигра нерешено против Саудиска Арабија го заокружи контролниот турнир што се одигра во Свети Мартин, на Мура, Хрватска.

Нашата млада селекција одигра квалитетен натпревар против селекцијата на Саудиска Арабија, која на овој меч настапи со играчи до 23 години. Крајниот резултат беше 1:1.

Одличната форма и на овој натпревар ја потврди Марио Илиевски, кој беше стрелец на единствениот погодок за Македонија.

Првата посериозна прилика за избраниците на селекторот Драги Канатларовски ја имаше Методи Максимов, кој по одличниот продор по десната страна биеше покрај голот на противникот. Лука Станковски пропушти прилика од пенал да и донесе предност на нашата селекција, противничкиот голман успеа да го скроти ударот од 11 метри. Во последната минута од првиот дел Саудиска Арабија со гол од пенал стигна до предност од 1:0.

Во продолжението, Македонија одигра уште поофанзивно и поконкретно по голот на противникот. Тоа на крај резултираше со погодок на Марио Илиевски во 60. минута за конечни 1:1.

Во првиот меч од контролниот турнир во Хрватска, Македонија до 21 славеше победа над Албанија со 3:1.

Македонија: Иван Николоски, Аган Мјаки, Стефан Деспотовски, Андреј Стојчевски, Кристијан Тасевски, Иван Николов, Алекс Златков, Методи Максимов, Бехар Фета, Љуан Абази;

Селектор: Драги Канатларовски

Прочитај повеќе...

Спорт

Ова се 11-те лавови кои ќе стартуваат на мечот против Бугарија

Објавено пред

на

Предмалку објавени беа 11-те момчиња кои ќе бидат стартери на мечот против Бугарија на „Тодор Проески“. Што се однесува до важноста на мечот, оваа е практично директна битка за подобра позиција во групата, што носи поволности понатаму.

Напред МАКЕДОНИЈА!
Среќно!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за четврток (29 септември)

ОВЕН Можно е во текот на денешниот ден да успеете да склопите нови деловни контакти кои ќе ви значат многу...

Скопје8 часа

МВР приведе жена од Скопје, бидејќи истата ги принудувала своите малолетни деца да питачат

На 27.09.2022 во 17.30 часот на подрачјето на Аеродром-Скопје,  полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ја...

Временска прогноза8 часа

Дождлив викенд, додека температурите остануваат високи, заладување ќе имаме следната седмица – ова се најновите метео вести за претстојните денови

До крајот на оваа недела времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до...

Кичево9 часа

Fecky Faris, Milan & Ultimusa овој викенд во Република 96250!

За сите љубители на лудите ритми, Република 96250 подготви одличен викенд полн со возбудливи настапи. Петок (30.09.2022) за одлична забавна...

Магазин10 часа

Од оваа недела WhatsApp воведува нова функција која ќе израдува многумина

Марк Цукерберг ја објави оваа нова функција на Facebook. Апликацијата сега овозможува поедноставни повици до аудио разговори, а наскоро ќе...

Магазин10 часа

Meta брише лажни профили од Кина и Русија

Meta ги засилува безбедносните напори против дезинформации Meta отстрани голем број лажни профили од Кина кои ги таргетираа САД со...

Магазин10 часа

Samsung го претстави својот компјутер со лизгачки екран

За време на конференцијата Innovation 2022, Samsung претстави интересен уред кој вклучува хардвер на Intel. Прикажан е „лизгачки“ компјутер кој...

Гејминг10 часа

Rockstar потврди големо протекување на податоци за GTA VI

Протекувањето податоци за играта Grand Theft Auto VI се чини дека е реално. Rockstar Games ја потврди автентичноста на протекувањето...

Мобилни уреди10 часа

iOS 16 предизвикува сериозни проблеми со батеријата

Најпрво системот на камерата се тресеше и зуеше на „Pro“ моделите од најновата серија на мобилни телефони на Apple iPhone,...

Кичево10 часа

Камион излетал од коловоз на Стража, возачот бил тешко повреден

Денес во 12 часот и 15 минути според лидерскиот медиум од Гостивар (gostivarpress.mk) во СВР Тетово пријавено е дека на...

НАЈЧИТАНИ