Следете не

Видео

Магичен трик од кој ќе ве боли глава! (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Магичен трик од кој ќе ве боли глава! Можете ли да откриете како девојката завршила на столот? Видеото собра повеќе од сто илјади прегледи…

На Твитер можете да најдете видео од магичен трик кој едноставно ги полуди луѓето. Видеото собра повеќе од сто илјади прегледи, а малкумина или речиси никој не може да разбере како е изведен трикот.

Имено, магионичарот во еден момент фрла чаршаф преку празен стол, а неколку секунди подоцна го открива столот и во него седи девојка. Смешното е што видеото не е снимено од гледна точка на публиката, туку од страна, од сцената од аголот од кој треба да се види се.

Сепак, се гледа само дека во еден момент девојката ја нема, а во следниот момент таа е таму.

Во коментарите се гледаат разни шпекулации, од тоа дека девојката е скриена на стол, кој бог знае колку голем. Некои тврдат дека тоа е трик во наметката, додека други тврдат дека е вистинска магија и некои темни сили.

Македонија

Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот

Објавено пред

на

Нашиот сообраќаен сервис апелира за поголемо внимание во патниот сообраќај поради појава на голомразица (подледена површина) на коловозот во нашиот регион, поготово во доцните и раните утрински часови на превој Пресека, Стража и Кичево.

Имајте пријатно и безбедно патување, проследено со законски поставената патна и сообраќајна сигнализација

Прочитај повеќе...

Македонија

„Dacia Duster“ добива уште две верзии 4×4, на пазарот достапен ќе биде и новиот бензинец 1.2 турбо мотор со 130 коњски сили

Објавено пред

на

Кога пристигна новиот Dacia Duster, на клиентите не им беше понуден турбодизел моторот, кој беше столбот на погонот 4×4 во претходните две генерации на овој модел. Сега верзијата со погон на сите тркала е придвижувана од 1,2-литарски турбо бензинец со 130 КС, но тоа очигледно не е доволно.

Имено, Dacia Duster наскоро ќе биде достапен во хибридна верзија со автоматски менувач и погон на сите тркала, потврди извршниот директор Денис Ле Вот.

„Имаше нешто што недостасуваше во нашиот опсег. Работевме напорно на тоа бидејќи мораме да ги направиме овие системи достапни. Ле Вот изјави дека погонот на 4 тркала ќе биде поврзан со хибриден погонски систем TCe 140, а на некои пазари и систем Bi-Fuel LPG. Во хибридниот систем задната оска ќе се движи од електричен мотор, пренесува Autocar.

Новите модели се очекуваат на крајот на годината. Очигледно е дека ова е обид на Dacia да понуди поекономични мотори/погонски системи на своите верзии 4×4 како адекватна замена за дизел моторите.

Извор: AutoCar

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) Петта футсал шампионска титула за „Лукоил Македонија“ во „Бизнис Лигата“

Објавено пред

на

Многу публика и со позитивна атмосфера заврши финалниот меч во Бизнис Лигата на Македонија, одигран во СЦ Борис Трајковски.

Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула вчера силите ги одмерија екипите на бранителот на титулата Лукоил и Ван Хоол.

Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски.

По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната, со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето.

Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1.

Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади.

Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата.

Лукоил со оваа победа од 4-1 стана старо-нов шамипон по 5-ти пат на Бизнис Лигата на Македонија, додека задоволството и среќните моменти за освоеното прво место не ги криеше и првиот човек на Лукоил Македонија, г-дин Андреј М. Куку, кој дава огромна поддршка за спортот, па може често да се забележи неговото присуство каде настапуваат луѓе од компанијата.

Со официјални награди се закитија и неколку фудбалери од Лукоил во повеќе категории.

Стрелци на погодоците:

Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’

Нашиот медиум упатува срдечни честитки за екипата на Лукоил Македонија, целата организацијата на Бизнис Лигата и сите учесниците кои се закитија со награди.

Повеќе фотографии ќе најдете ТУКА

Дел инфо текст: Бизнис лига

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура53 минути

Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!

Денеска е Петровден, а утре Павловден, со кој се поврзани многу обичаи. Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за сабота (12 јули)

Овен Не сте баш расположени, но наместо да бидете сами, поминувајте време со блиски луѓе, тоа ќе ве израдува. На...

Спорт14 часа

Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета...

Скопје14 часа

СВР Скопје лиши од слобода уште еден предизвикувач на пожар

Денеска (11.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во с.Огњанци го затекнале А. Ф. (61)...

Кичево18 часа

ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско....

Култура18 часа

Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј

Со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а во духот на молитвено единство и...

Автомобили24 часа

ЕУ инвестира 852 милиони евра во фабрики за батерии за електрични возила – еве каде ќе се градат

Европската Унија започнува со значајна инвестиција во иднината на одржливиот транспорт. Европската комисија објави дека преку Фондот за иновации ќе...

Lifestyle24 часа

Топлотниот бран може да биде смртоносен за кучињата оставени во автомобил – еве како да ги заштитите

Во летните денови, температурите во автомобилите можат да достигнат опасно високо ниво за само неколку минути – и тоа е...

Магазин24 часа

OpenAI подготвува нов веб-прелистувач со интегриран ChatGPT – револуција во начинот на сурфање?

OpenAI работи на развој на сопствен веб-прелистувач кој би можел целосно да го промени начинот на кој ги користиме интернет...

Македонија1 ден

Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци

На 10.07.2025 во 21.00 часот во близина на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од...

НАЈЧИТАНИ