Спорт
(ФОТО) Вчера Македонија остави срце на терен против Англија една од најмоќните репрезентации на модерниот фудбал, Милевски задоволен од прикажаното..
Македонската репрезентација одигра 1:1 со Англија, една од најмоќните селекции во модерниот фудбал. Преполн стадион, блескава атмосфера. Со овој меч го завршуваме циклусот за квалификациите на ЕУРО 2024, додека со деби-резултатот нашата селекција остана непоразена во Скопје воопшто од Англија.
Поведовме први со голот на Енис Барди од белата точка во 41-та минута, иако истиот беше досуден по преглед од ВАР собата, со тој поволен резултат заврши првото полувреме, додека во вториот дел во 59-та минута преку нововлезениот Хари Кејн топката удри во Атанасов и заврши во гол-мрежата на Димитриевски.
– На прес конференцијата Милевски истакна дека е задоволен од прикажаната игра, но ја пофали и играта во Италија, уште еднаш им честита на своите момчиња за борбеноста на терен, додека неговиот колега од Англиската репрезентација Герет Саутгејт изјави дека според него немало пенал за Македонија:
– „Немаше пенал за Македонија. Можеби многу повеќе наликуваше стартот на Мегваер, отколку ова што го досудија судиите со помош на ВАР. Но, нема да коментирам повеќе околу тоа. Ние имавме целосна контрола, доминиравме во поле, ни недостуваше тоа завршно додавање, но можеби и поради тврдиот терен кој е нов и не дозволуваше многу креација. Сепак, ние лесно и успешно се квалификувавме за ЕВРО 2024, а формата ќе ја темпираме за завршното натпреварување“
Порта.мк го проследи овој меч и истиот ви го пренесува преку фотографија од нашиот објектив:
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Кичево3 часаНоќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Хороскоп18 часаХороскоп за недела (23 ноември)
-
Спорт2 денаУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел








































