Спорт
Македонија до 16 во фудбал поразена од Азербејџан

Младата репрезентација на Македонија до 16 години беше поразена минимално од соодветната селекција на Азербејџан во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции во Скопје.
Во еден израмнет натпревар, со малку изгледни прилики за гол, противникот успеа да искоритсти едно невнимание во нашата одбрана во првиот дел и да го постигне единствениот погодок на денешната средба.
Македонија: Давид Илоски, Игор Ристов, Артан Исмаили, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Хисар Али, Каменчо Андоновски, Лука Макалоски, Марко Киш, Адмир Латифи, Албион Муслиу;
Селектор: Дашмир Елези
Спорт
ФФМ со официјална судиска анализа на 28-то коло во првата македонска фудбалска лига, упатуваат апел за почитување поддржувајќи ги напорите за подобрување на судењето преку конструктивен дијалог

Одборот на судии во рамки на Фудбалската федерација на Македонија остануваат цврсто посветени на транспарентноста и отчетноста како основни вредности во работењето со единствена цел – развој на фудбалски систем базиран на фер-плеј, објективност и професионалност.
Интегралното соопштение од Фудбалската федерација на Македонија ви го пренесуваме во целост и гласи:
– Потврдивме дека секој натпревар од Прва МФЛ се анализира со највисоко ниво на внимание од страна на контролорите на судење, како и од стручните тела на ФФМ, со што се обезбедува квалитетна и фер евалуација на судиските перформанси.
Во врска со натпреварот од 28. коло помеѓу ФК Шкупи и ФК Силекс истакнуваме дека при израмнувачкиот погодок за гостинската екипа во 62. минута постои прекршување на Правилата, иако ситуацијата е технички исклучително комплексна за проценка, но видео анализата укажува дека голот не требало да биде признаен поради офсајд прекршок од напаѓачот кој со минимален дел од телото е понапред од топката. Одговорноста за ваквата погрешна проценка на вториот помошен судија е препознаена и од контролорот на натпреварот Горан Спирковски од Прилеп со негативна оцена од 7.9.
Истовремено, на натпреварот меѓу ФК Воска и ФК Вардар, кој беше прекинат во 76. минута поради напуштање на теренот од страна на домашната екипа, посочуваме дека реакцијата беше заснована врз субјективно доживеан момент.
Видео материјалите од посочениот момент при постигнување на израмнувачкиот погодок за гостинската екипа не потврдуваат никакво прекршување на Правилата на фудбалската игра, ниту нивна погрешна интерпретација и оттука одлуката на судијата не може да биде оценета како погрешна проценка. Одлуката на ФК Воска да го напушти теренот претставува сериозен преседан, непрофесионален и крајно неодговорен чин, кој е во спротивност со духот на спортот, основните фудбалски принципи и фер-плеј вредностите кои ги застапуваме. Фудбалската игра подразбира почитување на процесите, институциите и правилата на играта, дури и во моменти на несогласување. Со самоволно прекинување на натпревар во професионално натпреварување како Прва МФЛ се испраќа порака која не е добредојдена, ниту на теренот, ниту надвор од него. Ваквиот однос мора јасно и недвосмислено да биде санкциониран.
Контролорскиот извештај за овој натпревар од страна на контролорот Џенан Хајдари од Скопје е со оценка 8.4 за целиот судиски тим.
Изминатиот викенд бевме сведоци и на реакција од страна на ФК Гостивар за дуелот со Струга Трим Љум. Станува збор за момент во 85. минута при резултат 0:1 за Гостивар. Во споменатиот момент не е направена никаква материјална повреда на натпреварот од страна на судиската четворка.
Контролорскиот извештај на контролорот Илиевски Зоранчо од Битола е со највисока оценка 8.5 за главниот судија и вториот асистент, а првиот асистент и четвртиот се оценети со 8.4 кои без ниту една грешка го водеа натпреварот.
Судиските одлуки како и секаде во светот се подложни на човечки фактор и можни ненамерни грешки. Она што е клучно е дека тие се предмет на системска анализа и се третираат со максимална сериозност. Исто така, не смееме да го игнорираме бројот на прецизни и исклучително тешки одлуки кои судиите ги носат успешно, што директно придонесува за регуларноста на натпреварите.
– Апелираме до сите фудбалски чинители, клубовите, играчите, навивачите и медиумите, да го почитуваат процесот и да ги поддржат напорите за подобрување на судењето преку конструктивен дијалог, а не преку избрзани заклучоци и јавен притисок.
Одборот на судии во рамки на Фудбалската федерација на Македонија ќе продолжи да работи транспарентно и одговорно, а секоја погрешна судиска проценка ќе биде третирана соодветно во рамки на процедурите. Единствено со принципиелност и истрајност може да изградиме здраво и фер фудбалско опкружување, за јавноста истакнаа од ФФМ.
Спорт
ФФМ и DoubleTree by Hilton – Skopje го официјално партнери, Јандреоски: „Навистина ни е драго што го формализираме ова партнерство со хотел кој веќе е важен дел од нашите репрезентативни активности“

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и DoubleTree by Hilton – Skopje го официјализираа своето ново партнерство кое претставува значаен чекор во унапредувањето на условите и поддршката за македонските фудбалски репрезентации.
Договорот за соработка постигнат од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и сопственикот на Double Tree by Hilton – Skopje, Ајдован Адемоски го потпишаа генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски и генералниот директор на DoubleTree by Hilton Skopje, Ѓоре Велковски, потврдувајќи ја заедничката посветеност на градење долгорочна и продуктивна соработка.
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од ФФМ, во продолжение ТУКА
Спорт
Младата женска репрезентација на Македонија во фудбал до 16 години ја победи Бугарија во пенал рулетот, избраничките на Милеска со тоа остварија прва победа!

Женската репрезентација на Македонија до 16 години оствари победа над соодветната селекција на Бугарија по подобро изведување на пенали (4:2) во првото коло од Уефа развојниот турнир што се одржува во Албанија.
Натпреварот заврши 1:1, а во пенал серијата избраничките на селекторот Катерина Милеска беа многу посигурни и на крајот се радуваа на првата победа на развојниот турнир.
Селекцијата на Бугарија имаше предност од 1:0 во 47. минута, благодарение на голот на Емма Варбанов. Ана Марија Цветковска во 86. минута го израмни резултатот на 1:1.
Во пенал серијата, во нашата репрезентација погодија Розита Пецева, Ана Марија Цветковска, Тамара Лазеска и Елена Наумовска. Во селекцијата на Бугарија, прецизни од белата точка беа Зорнитса Коева и Јоанна Георгиева.
Вториот дуел од развојниот турнир го играме на 15. април против Грузија, во истиот термин, од 11:30 часот.
Македонија: Евгенија Велјановска, Лина Мицовска, Бесарта Фида, Розита Пецева, Елена Наумовска, Ана Марија Цветковска, Блехана Алиевска, Марија Велиновска, Елиза Ибрахими, Ема Наневска, Сара Димитровска
Селектор: Катерина Милеска
Извор: ФФМ
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (22 април)
-
Кичево13 часа
На „Пресека“ према Охрид вчера се случила нова сообраќајка, учесниците се здобиле со тешки телесни повреди
-
Култура1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Во Бигорскиот Манастир и оваа година величествена прослава за Воскресение Христово – Света Пасха
-
Магазин9 часа
В сабота на сцена традиционалниот Велигденски концерт на КУД „Рацин“
-
Технологија1 ден
„Google“ со бесплатен „AI Premium“ план за студентите со времетраење од една година
-
Хороскоп37 минути
Хороскоп за среда (23 април)
-
Македонија12 часа
МВР: 2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење
-
Култура5 часа
(ВИДЕО) Бигорски Манастир објави видео полно воскресенска радост