Спорт
Македонија до 17 одигра нерешено на втората контролна средба со Кипар
Младата репрезентација на Македонија до 17 години во Струмица го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Кипар. Мечот заврши без победник 1:1. Избраниците на селекторот Дашмир Беари може да жалат за пропуштените шанси на оваа средба.
По едно полувреме им припадна на двете репрезентации. Противникот прв дојде до предност пред крајот на првото полувреме. Поточно во 42. минута Стилиану добро се снајде и успеа да погоди за предност на Кипар од 1:0.
Во продолжението од мечот, Македонија успеа да погоди за израмнување на резултатот. Адмир Латифи во 55. минута ги постави конечни 1:1.
Македонија: Давид Илоски, Игор Ристов, Никола Ангелов, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Здравко Перески, Адмир Латифи, Каменчо Андоновски, Хисар Али, Албион Муслиу, Флорим Далипи
Резерви: Марко Киш, Беркај Шаини, Онур Бесир, Артан Исмаили, Милош Спасовски, Един Етоски, Златко Радевски, Лука Макаловски, Алмир Јакупи, Нарт Усеини, Ариф Локи
Селектор: Дашмир Беари
Првиот контролен натпревар помеѓи овие две репрезентации заврши со убедлива победа на Македонија од 3:0.
Спорт
Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, на стадион „Силекс“ во Кратово ќе се одигра мошне квалитетен дуел помеѓу ФК Силекс и ФК Шкупи 1927.
Судиската екипа за овој натпревар ќе ја предводи кичевчанецот Марјан Стојановски, кој ќе ја има главната судиска должност, додека негов помошник на линијата ќе биде неговиот сограѓанин, исто така искусниот Давор Цветаноски. Втор помошен судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово, а како четврт судија е назначен Ндерим Тефику, исто така од Куманово.
Системот за видео-помош на судиите (ВАР) ќе го раководи Пларент Салихи од Тетово, со асистенција од Гоце Петрески од Скопје, додека оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски, исто од Скопје.
Делегат на натпреварот е Расим Муминовиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.
Со оглед на значењето на натпреварот и формата на двете екипи, љубителите на фудбалот очекуваат возбудлив меч, додека искусните кичевчани, кои долги години му припаѓаат на овој спорт Стојановски и Цветаноски ќе имаат чест и одговорност да ја делат судиската правда во Кратово.
Спорт
Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.
Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот
Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.
Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.
Рома ја совлада Парма со 2-1
Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.
Комо убедлив против Верона
Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.
-
Кичево2 денаФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Спорт1 денКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (9 ноември)
-
Кичево8 часаВо сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови
-
Хороскоп4 часаХороскоп за понеделник (10 ноември)
-
Здравје и убавина8 часаОвие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок
