Спорт
Одржан ждреб за 1/16 финалето од Купот на Македонија во фудбал

Денеска во „Куќа на фудбалот“ се оддржа ждреб за 1/16 финалето од Купот на Македонија. Тимовите кои лани играа во полуфиналето од Купот на Македонија, освојувачот на трофејот МАКЕДОНИЈА Ѓорче Петров, финалистот СТРУГА Трим Љум, ШКЕНДИЈА и СИЛЕКС имаат директно место / учество во вториот круг од натпреварувањето, односно во 1/8 финалето.
КУП на МАКЕДОНИЈА, 1/16 финале:
ЈАНГ Тим – ПОБЕДА
НОВАЦИ 2005 – БРЕГАЛНИЦА
БАШКИМИ 1947 – СКОПЈЕ
АРЕСИМИ 1973 – ТИКВЕШ 1930
КОЖУФ Гевгелија – БРЕРА Струмица
КАРБИНЦИ – ВОСКА Спорт
ГФК ОХРИД – ДЕТОНИТ Плачковица
БЕЛАСИЦА – ГОСТИВАР
БФК КОЊАРЕ – ШКУПИ 1927
БЕСА 1976 – ВАРДАР
ТЕТЕКС 1953 – РАБОТНИЧКИ
ВЛАЗЕРИМИ 1977 – ПЕЛИСТЕР
Се игра еден натпревар (20. септември, 15:00 часот). Во случај на нерешен резултат се пристапува кон изведување на пенали.
Спорт
Истакнат распоред и термини за официјалните мечеви на соседна Србија за Европското првенство, во првиот меч игра против „пеколната“ Англија

UEFA ги објави и распоредите за сите натпревари на претстојното Европско првенство во Германија следната година. По ждрепката нашите соседи Србија се пласираа во групата Ц заедно со Англија, Данска и Словенија.
Првиот меч, познато е од вчера, избраниците на Стојковиќ на 16. јуни го играат во Гелзенкирхен против фаворизираните Англичани, а сега точно се знае во кое време.
Тој дуел е закажан за вечер – од 21 часот.
Инаку, тоа е еден од трите термини во кои ќе се играат сите натпревари на евро. Преостанатите две се 15 и 18 часот.
Србија четири дена подоцна од 15 часот го игра натпреварот против Словенците, а во исто време, како и обично, ќе се одиграат сите натпревари од групата во последното коло.
Комплетниот распоред и распоред на натпреварите на Србија на ЕУРО.
16 јуни: Србија – Англија (Гелзенкирхен) 21:00 часот
20 јуни: Словенија – Србија (Минхен) 15:00 часот
25 јуни: Србија – Данска (Минхен) 21:00 часот
Спорт
(ВИДЕО) Дали голманот на германскиот Хамбург го даде најлудиот авто-гол на сезоната?

Се чини голманот на германскиот „Хамбург“ го даде најлудиот гол на сезоната, што ли се случи погледнете во продолжение:
Доколку не се вчита видеото, погледнете го на следниот линк ТУКА
Спорт
(ФОТО) „ФК Кичево“ успешно го заврши првиот дел од сезоната, денес се одиграа одлични мечеви..

Денес во Кичево се одигра последното коло за оваа полусезона од детската лига на југо-западниот регион, каде екипата на „ФК Кичево“ во генерациите 2011, 2012 и 2014 ги одигра своите мечеви.
Најпрво генерацијата од 2011 одигра одличен меч со врсниците од „ФК Влазрими“ од Кичево, каде победија со резултат од 4:0. Стрелци на головите за нашиот тим беа, Васко Грујоски 1 гол, Павел Димоски 1 гол, Сарџино Сарџоски 1 гол и Стефан Грозданоски 1 гол.
„ФК Кичево“ во генерацијата 2012 ја одигра втората утакмица денес каде се сретна со екипата на „ФК Велешта“. Тој меч заврши нерешено, односно 1:1. Единствениот гол за нашата екипа го постигна Илијан Чакароски.
И завршниот трет меч денес „ФК Кичево“ во генерацијата 2014/2015 се сретна со екипата на „Еврофудбал“ од Охрид. Резултатот на тој меч заврши со високи 0:5 за гостинската екипа која покажа супериорна игра.
Максим Николаевски – тренер на „ФК Кичево“:
– Одличен ден, одлично заокружена полусезона, им честитам на сите фудбалерчиња за прикажаната игра. Продолжуваме со напорна работа, тука нема да застанеме, затоа што за нешто помалку од една седмица ќе учествуваме на уште еден традиционален, воедно и интернационален престижен турнир во Охрид, каде нашите момчиња во три генерации ќе ги бранат боите на „ФК Кичево“
Генералниот спонзор „Порта.мк“ на „ФК Кичево“ го проследи првиот меч од натпреварот одигран против екипата на „ФК Влазрими“ и истиот ви го пренесува преку фотографија:
-
Култура1 ден
Помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава домаќини, нека е за многу години!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (3 декември)
-
Временска прогноза16 часа
Попоски: Променливо, постудено со дожд и снег, детали за времето во следната седмица
-
Хроника11 часа
ТРАГЕДИЈА: Пронајдено безживотното тело на малата Вања, МВР истакна извештај
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за понеделник (4 декември)
-
Спорт2 дена
(ФОТО) „ФК Кичево“ успешно го заврши првиот дел од сезоната, денес се одиграа одлични мечеви..
-
Македонија2 дена
Возило со миганти учествувало во сообраќајка кај Струмица, возачот и мигрантите избегале, па биле пронајдени..
-
Спорт19 часа
(ВИДЕО) Дали голманот на германскиот Хамбург го даде најлудиот авто-гол на сезоната?