Спорт
Македонија до 21 ги стартува подготовките за Грузија и Австрија, Рамани истакна дека време е да се вратиме на победите и добрите игри
Младата репрезентација на Македонија до 21 година во октомври ја очекуваат два тешки натпревари против селекциите на Грузија и Австрија. На 16. ноември силите ќе ги одмериме со Грузија, на домашен терен, во рамките на четвртото коло од квалификациите за пласман на ЕП 2025 што ќе се одржи во Словачка.
Пет дена подоцна, ќе се соочиме со Австрија на гостински терен во контролен натпревар кој ќе биде одигран во Риед. Репрезентацијата на Македонија предводена од селекторот Драги Канатларовски денеска официјално ќе ги започне подготовките за претстојните два меча со Грузија и Австрија.
Еден од нашите клучни играчи во средниот ред и играч на лидерот Шкупи, Хамза Рамани, даде свое водување и коментар за претстојните мечеви.
– Одлично ги стартувавме овие квалификации, одигравме фантастичен меч против еден од фаворитите во групата, селекцијата на Шведска. Натпревар во кој успеавме да победиме и да освоиме три бодови на многу тежок терен. Во второто коло на домашен терен загубивме од Холандија, но одигравме на ниво и можеме да жалиме за големите прилики што не успеавме да ги искористиме. На мечот со Молдавија, тргнавме со голема доверба и од стартот верувавме дека ќе ги освоиме сите три бодови, но се случи спротивното, направивме многу грешки со кои практично им ја поклонивме победата.
– Никако не смее да си дозовлиме да подцениме ниту една репрезентација. Ова се квалификации и нема лесен противник.На сите натпревари треба да пристапиме став и да дадеме се од себе.
– Мечот со Грузија од квалификациите за нас е од голема важност. Треба да бидеме максимално фокусирани и посветени во текот на сите деведесет минути, да оставиме срце на терен. Само така можеме да се надеваме на позитивен резултат.
– По негативниот резултат со Молдавија, се надевам дека веќе на следниот меч ќе се вратиме на победите и играта која не красеше на првите два натпревари. Се надевам и верувам дека ќе успееме да излеземе како победници на дуелот со Грузија.
– Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата. Верувам дека само позитивните резултати може да ја кренат уште повеќе нашата мотивација и да освежат дополнително атмосферата во тимот, која е на високо ниво.
Спорт
Милевски и Димитриевски со позитивна енергија го дочекуваат утрешниот меч против Летонија
Во пресрет на утрешниот натпревар против Летонија од 5. коло во групата од Лига на нации, прес-конференција одржаа селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски и голманот Столе Димитриевски.
Благоја Милевски – селектор на А репрезентација на Македонија:
Во пресрет на утрешниот натпревар против Летонија од 5. коло во групата од Лига на нации, прес-конференција одржаа селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски и голманот Столе Димитриевски.
Благоја Милевски – селектор на А репрезентација на Македонија:
– „Максимален респект за Летонија. Воопшто не треба да не залажува резултатот од првиот меч, одиме максимално, одговорно кон нов добар резултат. Имам потенцирано многу пати дека овие момци, без разлика што им се случува во клубовите, повреди, натпреварувачка форма која е лоша, кога доаѓаат за репрезентација даваат 100%.
Нивниот карактер како играчи, но и како личности се перфектни и тоа им помага кога доаѓаат на собир на репрезентација да бидат на највисоко ниво. Тоа што им се случува во клубовите не е во наша моќ, но по она што го покажуваат во репрезентацијата јас имам само пофални зборови.
„Секој си има план и подготовка. Спремни сме на се она што не очекува околу утрешниот противник. На нас самите е да одиграме. Ме радува што за нештата сами одлучуваме.
Морам да го истакнам задоволството од она што го видов како информација на терен што се однесува до новите фудбалери во тимот. Имаат потенцијал за да бидат дел од овој тим.
Столе Димитриевски – репрезентативен голман:
– Сакам и по овој натпревар да останам со чиста мрежа. Кога нагласувам на прес-конференција дека сакам чиста мрежа, ми носи среќа и се разбира дека тоа ми е целта и за утрешниот меч.
Извор: ФФМ
Спорт
Македонската женска репрезентација ги доби противниците од групата 6 и Ц лигата во рамките на Лигата на нации
Македонската женска А репрезентација на извлекување во УЕФА за новото издание на Лигата на нации за противници ги доби селекциите на Летонија и Косово во рамките на групата 6 од Ц сегментот. Уефа дополнително ги утврди термините за одигрување на натпреварите од Лигата на Нации.
Во продолжението можете да го погледнете распоредот на натпреварите од групата 6 од Ц лигата во рамките на Лигата на нации.
Македонија – Косово 21.02.2025
Косово – Летонија 25.02.2025
Македонија – Летонија 04.04.2025
Косово – Македонија 08.04.2025
Летонија – Македонија 30.05.2025
Летонија – Косово 03.06.2025
Извор: ФФМ
Спорт
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 денеска ги стартува подготовките за Косово, Ангелов верува дека ќе ја оправдаат довербата од селекторот Канатларовски
Младата репрезентација на Македонија до 21 година (фудбалери родени 2004 и 2005 година) денеска во хотел „Парк” го имаше првиот собир во пресрет на двата контролни натпревари со соодветната селекција на Косово.
Контролните мечеви ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје, на 14 ноември со почеток во 13. часот и 17 ноември во 12. часот.
Фудбалерот од средниот ред на македонската репрезентација, Матеј Ангелов даде свое видување и коментар за новата генерација на млади фудбалери, како и за претстојните натпревари со Косово.
– За овие контролни натпревари повикани сме поголем број на фудбалери. На дуелите со Косово ќе треба да го покажеме нашиот квалитет и да ја ооправдаме довербата на селекторот. Мислам дека оваа нова генерација има квалитет и потенцијал за да оствари позитивни резултатит. Неколку фудбалери, а меѓу нив и јас имавме можност да бидеме дел и од претходната генерација, а тоа за нас претставуваше едно големо и драгоцено искуство, кое верувам дека ќе има позитивно влијание.
– Двата контролни натпревари со Косово ќе ни послужат што е можно подобро да се подготвиме и воиграме за претсојните предизвици што не очекуваат во следниот квалификациски циклус. Ние како фудбалери максимално се ставаме на располагање на селекторот и стручниот тим, подготвени сме позитивно да одговориме на тоа што ќе се побара од нас на теренот. Сакаме да дадеме се од себе на следните натпревари со Косово, за да го потврдиме нашиот квалитет.
-Од новата генерација може да се очекува голема сплотеност,натпреварувачки дух и желба за докажување. Сакаме да покажеме голема борба, желба и мотивација на секој натпревар, без разлика на противникот, тоа е единствениот начин како треба да се претставува репрезентативниот дрес.
Репрезентацијата на Македонија предводена од Драги Канатларовски денеска во 17 и 30. часот официјално ќе ги започне подготовките за контролните дуели со Косово, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (13 ноември)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за четврток (14 ноември)
-
Македонија2 дена
Што дишам? Од денес повторно активен графичкиот приказ за квалитет на воздух застапен во Кичево, во „ПМ10 и ПМ2,5“ честички
-
Хроника1 ден
Трагедија во Охрид: Во сообраќајка ноќеска загина тинејџер, додека неговиот сопатник е тешко повреден
-
Временска прогноза6 часа
Започнаа врнежи од дожд, на повисоките места истото ќе премине во снег, ова се денешните детали
-
Временска прогноза2 дена
Дополнително заладување, повремени врнежи од дожд и нова снежна покривка на повисоките места
-
Македонија19 часа
СВР Охрид вчера одржа состанок со надлежни субјекти по повод зимската сезона
-
Спорт16 часа
Милевски и Димитриевски со позитивна енергија го дочекуваат утрешниот меч против Летонија