Спорт
(ФОТО) Неделниот дожд не беше пречка за квалитетен фудбал на „ФК Кичево“ и екипата на „Некст Левел“ – Охрид

Денес 12.11.23 и покрај лошите временски услови и теренот кој беше потопен со вода момчињата од „ФК Кичево“ заедно со своите врсници од „Некст Левел“ од Охрид покажаа вистинска амбициозност и желба за фудбал.
Екипите од генерација 2011 год одиграа меч за паметење, со многу шанси за повеќе голови, одлични дриблинг потези и квалитетна завршница. Утакмицата финишира со резултат од 4:1, додека стрелци на головите за нашата екипа беа Марио Костески и Александар Андоноски со по два погодоци, доволни за одличен резултат.
Галерија од мечот:
Исто така нешто подоцна се одигра и официјалниот меч со најмладата, но нај амбициозна генерација 2014/2015 година, која ветува многу. Имено, покрај тешкиот терен и би рекле по обилниот дожд за разлика од своите клубски колеги одиграа одличен меч, каде гостите заслужено славеа со резултат 1:4, иако Давид Мицески го постигна првиот гол на натпреварот за „ФК Кичево“
На наше големо задоволство, за прв пат ви го пренесуваме мечот на оваа мега генерација од која очекуваме многу во иднина, уживајте..
Спорт
Македонија до 14 години ќе одигра два контролни натпревари против Албанија, кичевчаните Матески и Димоски ќе бидат на списокот на селекторот Станковски

Македонската фудбалска репрезентација до 14 години во јуни ќе одигра два пријателски натпревари против врсниците од Албанија. Првиот меч ќе се одигра на 17 јуни во албанскиот град Корча, на стадионот на ФК Скендербег, со почеток во 17 часот.
Вториот дуел е закажан за 19 јуни и ќе се одигра во Охрид, на стадионот „Билјанини Извори“, со почеток во 11 часот. Селекторот на македонската репрезентација, Горан Станковски, ги објави фудбалерите кои ќе настапат на овие два контролни натпревари против Албанија, истакнаа од ФФМ.
За претстојните натпревари во составот се земени нашите деца од Кичево, кој матичен клуб е „ФК Кичево“, тоа се Борис Матески и Павел Димоски, им посакуваме среќа и успех!
Ова се момчињата кои се најдоа на располагање на селекторот Станковски:
ГОЛМАНИ:
Марио Стојановски – Кул Здравје
Огнен Божиновски – Кул Здравје
Јован Даноски – ФФМ Академија
ОДБРАНА:
Дин Рожајац – ФФМ Академија
Калин Аврамоски – ФФМ Академија
Ариан Исаку – Шкендија
Андреја Блажев – ФФМ Академија
Филип Богоевски – ФФМ Академија
Ејман Емини – ФФМ Академија
Давид Рамадан – Фер Плеј
Хамза Зибери – Парк
СРЕДЕН РЕД:
Давор Танески – ФФМ Академија
Павел Димоски – ФФМ Академија
Дин Баталоски – Пелистер
Борјан Костовски – ФФМ Академија
Давид Петрески – Фер Плеј Охрид
Доротеј Христов – Парк
Васко Трајков – ФФМ Академија
Стефан Стојаноски – ФФМ Академија
НАПАД:
Виган Таири – ФФМ Академија
Драган Петков – Валандово
Борис Матески – Кичево
Јован Јанчевски – ФФМ Академија
Нено Бафтијар – Бутел
Дијар Алиу – Шкупи
Спорт
Медведев и Качанов елиминирани во четвртфиналето на тенискиот турнир во Хертогенбош

Рускиот тенисер Данил Медведев беше елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Хертогенбош, откако загуби од Американецот Рајли Опелка, кој е 87-ми на АТП листата. Натпреварот заврши во два тајбрејка – 6:7, 6:7 – и траеше еден час и 38 минути. И покрај борбата, ниту еден од двајцата не успеа да направи брејк.
Опелка доминираше со 24 аса, додека Медведев имаше седум поени директно од свој сервис. Во полуфиналето, Опелка ќе игра против победникот од мечот меѓу Белгиецот Зизу Бергс (63) и Естонецот Маркус Љал (195).
И другиот руски претставник, Карен Качанов, не успеа да стигне до полуфинале. Тој загуби од Канаѓанецот Габриел Дијало, кој е 55-ти на светот, со резултат 6:7, 4:6. Мечот траеше еден час и 53 минути. Качанов, 24-ти на светската листа, успеа да направи еден брејк, но Дијало возврати со два брејка и вкупно 19 аса, наспроти седумте сервис-поени на Качанов.
Дијало во полуфиналето ќе се соочи со Французинот Уго Ембер (20), кој убедливо го победи Португалецот Нуно Борхес (38) со 6:1, 6:4.
Спорт
Белгискиот интернационалец Кевин Де Брујне е новото засилување на италијанскиот фудбалски клуб „Наполи“

Белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне е ново засилување на италијанскиот клуб Наполи, кој официјално го потврди неговото доаѓање. Де Брујне, кој има 33 години, последната деценија ја мина во Манчестер Сити, каде одигра 422 натпревари, постигна 108 голови и забележа 177 асистенции.
Со Сити ја освои Лигата на шампионите во 2023 година, како и шест пати Премиер лигата. За репрезентацијата на Белгија има 111 настапи и 31 гол. Во текот на својата кариера играше и за клубовите Генк, Вердер Бремен, Челзи и Волфсбург.
Наполи неодамна стана шампион во италијанската Серија А, освојувајќи ја титулата по четврти пат во својата историја.
-
Кичево18 часа
(ФОТО) Од понеделник во Кичево започнува наплата на зонско паркирање во три зони
-
Кичево17 часа
(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (14 јуни)
-
Спорт1 ден
Македонија до 14 години ќе одигра два контролни натпревари против Албанија, кичевчаните Матески и Димоски ќе бидат на списокот на селекторот Станковски
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за недела (15 јуни)
-
Македонија2 дена
Возел мотор со 2,02 промили алкохол во крвта и удрил деветгодишно дете
-
Хроника2 дена
Лице на 76-годишна возраст пронајдено починато во дебарско, претходно бил пријавен за исчезнат
-
Спорт2 дена
Белгискиот интернационалец Кевин Де Брујне е новото засилување на италијанскиот фудбалски клуб „Наполи“