Следете не

Фудбал

(ФОТО) „ФК Кичево“ со рутинска победа против домашната екипа „ФК Напредок“ од Кичево

Објавено пред

на

Динамичното време и речиси оптималните услови за игра не ги спречи кичевските екипи да ги одмерат силите на градски во Кичево. Имено домаќините „ФК Напредок“ ги пречекаа своите врсници од „ФК Кичево“ во генерација 2009-та. Мечот заврши во полза на гостите од „ФК Кичево“ со одлични 0:10, додека натпреварот го водеше супериорниот Осман Зеќири

Стрелци на головите за гостите беа Стефан Војчески (4 голови), Матео Јорданоски (2 голови), Борис Матески (2 голови), Павел Димоски (1 гол) и Андреј Петрески (1 гол).

Задоволен сум од прикажаната игра, им честитам и на двете екипи без разлика на постигнатиот одличен резултат на мојот тим, сметам дека фер плејот и борбата на терен е најголем успех, резултатот доаѓа на крај – истакна првиот човек на „ФК Кичево“ Игор Николаевски

Галерија преку нашиот објектив:

 

Спорт

Македонската репрезентација летово ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска во Ријека

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар против бронзените од последното Светско првенство. На 3. јуни 2024. ќе одигра контролен натпревар против Хрватска во Ријека.

Последниот меч против Хрватска го одигравме на 12. октомври 2012 година од квалификациите за СП 2014. На Националната арена во Скопје, противникот славеше со 2:1. На досегашните осум дуели против Хрватска, Македонија има една победа (17.11.2007, 2:0, квалификации за ЕП 2008)) и два нерешенни резултати.

Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција. Натпреварот ќе биде одлична можност да напредуваме како тим и се разбира да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот пред почетокот на квалификациските натпревари, изјави селекторот Благоја Милевски.

Прочитај повеќе...

Спорт

Благоја Милевски останува на кормилото на македонскиот национален тим до 2026-та година

Објавено пред

на

©porta.mk

Предводникот на нашиот најдобар национален тим останува на селекторската функција до крајот на квалификациски циклус за пласман на Светското првенство 2026, под истите услови како и досега.

Фудбалската федерација на Македонија, како и досега, ќе биде полна поддршка за селекторот Благоја Милевски и репрезентацијата. Се радуваме на новите предизвици и успеси.  Длабоко сме убедени дека со голема страст и амбиција, селекторот и неговиот тим ќе продолжат да работат за напредок на македонскиот репрезентативен фудбал.

Изминатите неколку месеци и натпреварите кои ги одигра македонската А репрезентација ни потврдија дека заеднички сме на вистинскиот пат. Во тимот се чувствува енергија и амбиција за нови големи резултати и уверени сме дека тоа е неверојатен мотив за работата во иднина“, стои во ставот на Управниот одбор на ФФМ.

Исто така, Фудбалската федерација на Македонија заради грубо кршење на одредбите на Статутот на ФФМ изрекува суспензија во траење од 2 години на ОФС Струмица. Фудбалските клубови – членки на ОФС Струмица продолжуваат со натпреварувањето во тековното првенство во истиот ранг на натпреварување каде се натпреварувале пред носење на оваа одлука, а во сезоната 2024/25 во рангот каде оствариле пласман.

Членовите на суспендираната членка нема да трпат спортски последици од изречената суспензија односно: Фудбалските судии и контролори, членови на ОФС Струмица продолжуваат со активно вршење на функцијата на листите каде тековно се наоѓаат согласно правилата за судии и судење.

До носење на наредна одлука, Комисијата за регистрација на ОФС Штип ќе ги извршува сите активности согласно своите надлежности и за клубовите и фудбалерите членови на ОФС Струмица, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе...

Спорт

Елиф Елмас потпиша за Лајпциг до 2028 година, договор вреден 25 милиони евра

Објавено пред

на

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е нов фудбалер на Лајпциг. Наполи ќе добие 25 милиони евра, а Елмас потпишува договор до 2028 година.

Германците отворија преговори, понудија 25 милиони евра, а Наполи, на инсистирање и на Елмас, прифати да разговара. И се беше експресно, Елмас треба или утре, или најдоцна на 3.јануари, да ги мине лекарските прегледи и да му се приклучи на својот нов клуб во Германија.

Текст: makfudbal.mk

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за сабота (27 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Балкан6 часа

Во Србија граѓаните ќе предложуваат локации за „радар“ за зголемена сообраќајна контрола

Управата за сообраќајна полиција на МВР на Србија, по повод меѓународната акција за зголемена сообраќајна контрола насочена кон откривање и...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (26 јули)

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

Технологија1 ден

Apple би можел да примени технологија која му овозможува на „iPhone“ внатрешна меморија од 2TB?

Тајванската компанија за истражување на пазарот TrendForce оваа недела изјави дека очекува Apple да започне со производство на iPhone-и кои...

Македонија1 ден

МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево

Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август, кој традиционално се одбележува во Крушево ги известува...

Спорт2 дена

Закажано извлекувањето на паровите за новата сезона 24/25 од првата македонска фудбалска лига

ФФМ предмалку ја информираше јавноста дека, Комисијата за натпреварување во понеделник, на 29-ти јули, во просториите на „Куќата на фудбалот”,...

Временска прогноза2 дена

Денес и утре посвежо особено на утро, еве какво време ни претстои

Денес и утре (петок) посвежо, особено наутро, повремено со засилен ветер од северен правец (до околу 60 км/час) Следува постепена...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (25 јули)

ОВЕН Некој на работа врши притисок врз вас и приморани сте некои работи да ги завршите побрзо отколку што очекувавте....

Кичево2 дена

„ГАП Осигурување“ за вашите потреби сега со нова филијала во Кичево

Осигурителното Брокерско Друштво ГАП Осигурување, официјално започна со работа во јануари 2024 година. Акционерите, воедно и визионери кои своето долгогодишно...

Спорт2 дена

Вранештица: Утре продолжуваат натпреварите на турнирот во мал фудбал, ајде на вкусна скара и пијалок, во прилог официјален распоред на мечеви сѐ до недела!

После неколку денови заслужена пауза, турнирот во мал фудбал во с.Вранештица продолжува. Во рамките на утрешниот ден четврток / 25.07...

НАЈЧИТАНИ