Следете не

Спорт

Македонија до 21 ги започнува подготовките за контролните натпревари против Полска и БиХ

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска официјално го означи стартот на подготовките за претстојните контролни натпревари против Полска и Босна и Херцеговина.

Првиот контролен дуел против Полска ќе го играме на 1. јуни, во Радом. Четири дена подоцна во Кониќ играме со селекцијата на Босна и Херцеговина.

Стандардниот репрезентативец на Македонија до 21 година, Хамза Рамани даде свое видување за претстојните контролни дуели.

– Овој квалификациски циклус го започнавме одлично, со издвоената победа над силната селекција на Шведска на гостински терен, но на другите натпревари кај што важевме за фаворити, не успеавме да го оправдаме тоа, одигравме лошо на тие натпревари, со што и ја загубивме можноста да се надеваме на висок пласман во овие квалификации.

– Треба да се подобриме во неколку аспекти во играта. Мораме да поработиме на органиацијата на играта, како и самата реализација. Доколу ги подобриме овие клучни делови на нашата игра, верувам дека можеме да оствариме многу подобри резултати и да се натпреваруваме со било која селекција.

– Ние како професионалци секогаш сме подготвени да се ставиме на располагање на селекторот и неговиот стручен тим. Иако е крај на првенството, кога се работи за репрезентацијата тука сме да го дадедеме максимумот. Овие контролни натпревари ќе бидат одлична можност да ја подобриме нашата игра. Се надевам дека ќе оствариме позитивни резултати против Полска и Босна и Херцеговина.

 

Спорт

Франција минимално и со среќен „автогол“ стигна до првата победа на „Еуро 2024“

Објавено пред

на

YouTube printscreen/video

И покрај некои офанзивни тешкотии, селекцијата на Франција добро го започна своето евро со победата против грубата Австрија (1-0) овој понеделник. Сините во петок (21 ч.) ќе се соочат со Холандија.

Сините не блескаа, но го обезбедија најважното овој понеделник со победата против незгодната Австрија (1-0). Солидна во играта против противничка која честопати беше премногу агресивна, сепак и недостигаа офанзивна предност и креативност да го преклопи натпреварот. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат од автогол на Максимилијан Вобер по прелевање на Килијан Мбапе.

Ништо не беше лесно против груба австриска екипа, која играше со судиските граници. Сините можеа многу да си ја олеснат задачата во првите 20 минути, кога Австрија сепак го пушти Тео Ернандез да се втурне во средината. Но, Килијан Мбапе го промаши првото лице во лице во транзиција (8-мо), кога Антоан Гризман потроши контра (19-ти).

Прочитај повеќе...

Спорт

На првиот контролен меч против Црна Гора, футсал Македонија победи, додека вториот се игра утре после пладне

Објавено пред

на

©ФФМ

Македонската А футсал репрезентација забележа победа на првиот контролен натпревар против Црна Гора. Дуелот одигран во Никшиќ мина во наша доминација, победивме со резултат 2:0. Првото полувреме заврши со предност за Македонија. Голоѕ за наша предност го постигна Драган Петровиќ. Во вториот дел постигнавме уште еден гол преку Таулант Исмаил за конечни 0:2.

Димитар Јанев имаше добри шанси за гол во првото полувреме, како и Берат Рамадан и Иван Крстевски во вториот дел.

Вториот контролен натпревар против Црна Гора го играме утре од 17:00 часот.

Прочитај повеќе...

Спорт

Претставниците на ФФМ, Филип Поповски и Сашо Даневски дел од организацијата на „ЕУРО 2024“

Објавено пред

на

©ФФМ

Претставници на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски во улога на делегат на натпревари и Сашо Даневски, кондициски тренер на фудбалски судии, добија голема чест да бидат дел од организацијата на натпреварите на Европското првенство 2024 во Германија.

Филип Поповски е одреден за делегат на сите натпревари кои ќе се одиграат на Олимпискиот стадион во Берлин: Шпанија – Хрватска, Полска – Австрија, Холандија – Австрија и натпреварите од елиминациската фаза, 1/8 финале, 1/4 финале и големото финале на 14. јули 2024.

Сашо Даневски, кондицискиот тренер на фудбалски судии, веќе три седмици во Франкфурт работи со делегираните судии за Европското првенство. Нашиот Даневски, исто така, беше одговорен за следење на тренинг процесот на судиските тимови кои ја делеа правдата и на финалните натпревари од Лига на Шампиони и Лига Европа.

Ова признание и улогата која им е доделена на Филип Поповски и Сашо Даневски ја истакнува стручноста, посветеноста и професионализмот во нашата федерација. Во улога на делегати на мечевите во организација на УЕФА, претставниците на ФФМ и досега ги одржуваа највисоките стандарди на организација и ефикасност на натпреварите. Дополнително, фитнес тренерите работат со судиите за да се осигураат дека тие се во врвна физичка кондиција, што е клучно за одржување на брзиот и напорен карактер на турнирот.

Доверувањето на овие одговорности ја нагласува довербата што организацискиот одбор на ЕУРО 2024 и УЕФА  ја имаат во способностите.

„Пред се би сакал да се заблагодарам на Фудбалската федерација на Македонија за несебичната поддршка на сите оние кои ја преставуваат нашата федерација и нашта држава на големи настани како што е Европското првенство. Благодарност и до УЕФА која го препознава нашиот труд и квалитет и ни ја дава можноста да бидеме дел од ова големо натпреварување. Функцијата делегат на натпреварите на Олимпискиот стадион во Берлин е привилегија, но и многу одговорна функција која е поврзана со сите спортски аспекти на самиот стадион. Јас верувам дека ќе се покажеме во најдобро можно издание и ќе направиме простор за идни наши преставници да бидат дел од европските натпреварувања“, за јавноста преку ФФМ изјави Филип Поповски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза1 минута

Од овој четврток па се до недела екстремно топол бран ќе ја зафати Македонија, додека УВ индексот ќе биде 9

Под влијание на екстремно топла, сува  и стабилна воздушна маса со потекло од северните предели на Африка, од четврток до...

Скопје6 часа

СВР Скопје со информации за масовната физичка пресметка вчера вечер

На 17.06.2024 во СВР Скопје било пријавено дека во 22.30 часот на подрачјето на Карпош, поради нарушени меѓусоседски односи, настанала...

www.androidpolice.com www.androidpolice.com
Магазин7 часа

Chrome на Android сега може да чита веб-страници благодарение на новата функција

Google сериозно ги подобрува можностите на Chrome на верзијата на Android, дозволувајќи гласно да се читаат страниците со новата функција...

Магазин11 часа

Ова се најпотценетите прелистувачи кои мора да ги пробате

Без разлика дали користите Windows, macOS или Linux, интернет прелистувачите секако играат витална улога во вашата работа. Пропуштате ако сè...

freeimages.com (Paul Pasieczny) freeimages.com (Paul Pasieczny)
Магазин11 часа

Што бараат 97% од корисниците на Интернет?

Google сè уште тврди дека ги фаворизира веб-локациите на локални, национални домени во локалните резултати од пребарувањето. Светската статистика вели...

Спорт23 часа

Франција минимално и со среќен „автогол“ стигна до првата победа на „Еуро 2024“

И покрај некои офанзивни тешкотии, селекцијата на Франција добро го започна своето евро со победата против грубата Австрија (1-0) овој...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за вторник (18 јуни)

ОВЕН Денес ќе имате помали промени на работното место. Нема да ви биде лесно да ги остварите своите планови. Моментално...

Автомобили1 ден

Ferrari го исфрла навигацискиот систем од понудата

Иако цената на најевтиното Ferrari се движи во стотици илјади (евра), навигацијата повеќе нема да се нуди во нови автомобили,...

Автомобили1 ден

Како да ја намалите потрошувачката на гориво и да заштедите пари

Неколку интересни совети за економично возење. Некои ги знаете, некои можеби не. Германската организација Tuv Sud која се занимава со...

Автомобили1 ден

Полначите за електрични возила се контролираат од вештачка интелигенција

Како што повеќе луѓе возат електрични автомобили, може да се појават метеж и редици кога многу луѓе треба да полнат...

НАЈЧИТАНИ