Спорт
Соопштение од Фудбалската федерација на Македонија за мечот Вардар – Детонит

Фудбалската федерација на Македонија како организатор на бараж натпреварот ВАРДАР – ДЕТОНИТ Плачковица за пополнување на Прва МФЛ праќа информација во врска со организацијата, продажбата и распределбата на билети за натпреварот закажан на 26. мај на стадионот “Благој Истатов” во Струмица.
– На состанокот во “Куќа на фудбалот” беше прифатен предлогот на ФК Вардар, Струмица и стадионот “Благој Истатов” да биде домаќин на натпреварот.
– ФФМ даде предлог и истиот беше прифатен од претставниците на клубовите (Влатко Колев – ФК Вардар и Игор Чапев – ФК Детонит Плачковица), двата клубови да добијат по 50 гратис билети за натпреварот.
– Клубовите беа согласни со одлуката билетите да бидат пуштени во продажба по цена од 150 денари преку продажната мрежа на MK Tickets.
– На состанокот, исто така, беше прифатен предлогот, јужната трибина на стадионот “Благој Истатов” целосно да се стави на располагање на навивачите на ФК Вардар, а доколку е потребно, да се обезбедат услови за отворање и на трибина зад головите.
Фудбалската федерација на Македонија е организатор на натпреварот и има еднаков однос и третман кон сите клубови – учесници во натпреварувањето. Нашата, а веруваме и целта на сите клубови е преку фер и спортска игра да ги достигнеме целите за кои се бориме.
Фер и спортски.
Посакуваме добар натпревар во вистинска фудбалска атмосфера. Нека се радува подобриот, за јавноста истакна Фудбалската федерација на Македонија во интегрален текст.
Спорт
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање

Во рамки на денешниот ден на традиционалниот фудбалски турнир во с.Староец кичевско се одиграа натпревари согласно транспарентното ждреб извлекување.
Турнирот пред присутните свечено го отвори претседателот на ЗРР “Иванден-Староец”, г-дин Владо Симјановски кој посака топло добредојде на сите жители, гости, спортисти и пријатели.
– Со особена чест и голема радост ве поздравувам и ви посакувам топло добредојде на денешниот настан – традиционалниот турнир во мал фудбал, организиран по повод големиот празник – раѓањето на Св. Јован Крстител – Иванден.
Овој ден има особено значење за нашето село и нашата заедница. Иванден не е само религиозен празник, туку симбол на духовна обнова, заедништво, традиција. Токму затоа, овој турнир не е само спортски настан, туку и начин да се собереме, да се поврземе и да го одбележиме празникот со младешка енергија, фер игра и дружење.
Голема благодарност до сите учесници, организатори, поддржувачи и спонзори кои го направија овој турнир можен. Ви посакувам фер и борбена игра, исполнета со спортски дух, пријателство и почит. А на гледачите – да уживаат во добар фудбал и празничната атмосфера.
Нека Иванден ни донесе здравје, мир, благосостојба и уште многу вакви заеднички собири во иднина.
Нека ни е честит празникот и нека биде успешен турнирот, заврши Симјановски, така што пред турнирот да биде официјално отворен, беше оддадено едноминутно молчење, во знак на почит за прерано починатото момче, во трагична сообраќајка – Димитар Трајчевски кој влече корени од селото.
Ова се денешните резултати:
- Пунџа Слобода – Клас Македоски Брод резултат 1:2
- Мајстори 1 – Рибник Добреноец резултат 1:3
- Кај Кумот-Кафе Фрст Македонски Брод резултат 6:2
- Напредок-Роденденски Пињати резултат 0:3
Утре (понеделник) фудбалскиот турнир влегува во својата финална завршница, каде со старт од 16:00ч присутните ќе можат да уживаат во прекрасната природа, вкусна храна и ладен пијалок.
Распоред на натпревари:
1.Староец-Рибник Добреноец (прв меч)
За полуфинална борба:
1.Клас Македонски Брод
2.Рибник Добреноец
3.Кај Кумот
4.Роденденски Пињати
5.Староец
Спортски поздрав, се гледаме таму!
Спорт
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа година домаќините ќе се потрудат тоа да изгледа на повисоко ниво. Имено денес завршува пријавувањето на екипи кое ќе чини 1500 ден, а ждреб извлекувањето е закажано за од 20:00ч во „Паб“.
Натпреварите ќе се одржат во недела и понеделник – 6 и 7-ми јули во попладневните часови, ќе има добра храна, ладен пијалок и одлична фудбалска атмосфера и музика.
Пријавувањето на екипте се врши на тел бр. 078/588-164 и 075/202-255
Фејсбук настан – ТУКА
Се гледаме во с.Староец!
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Македонија12 часа
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Скопје1 ден
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Временска прогноза16 часа
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Временска прогноза2 дена
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Спорт4 часа
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за понеделник (7 јули)
-
Lifestyle13 часа
Колку често треба да се перат кујнските крпи? Еве што велат експертите за хигиена