Спорт
Македонија до 21 година вчера не ја искористи шансата со играч повеќе и загуби од Италија на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година запиша нов пораз во квалификациите за Европското првенство, овојпат на домашен терен против силната Италија. По неуспехот во Полска, избраниците на селекторот Горан Станиќ во Битола минимално загубија со 0:1, иако играа со играч повеќе повеќе од едно полувреме.
Пред околу 8.000 гледачи на стадионот „Петар Милошевски“, пресуден беше голот на Лука Марианучи во 35-тата минута. Италијанецот се снајде најдобро по мешаница во шеснаесетникот и со прецизен удар ја затресе мрежата на Василев.
Влезот на Елези и Ѓоргиевски во вториот дел донесе поголема агресија во играта на младите „црвено-жолти“. Македонија притискаше преку Хамза, Николовски и Гаштаров, создаде неколку шанси и во 55. минута побара пенал по игра со рака, но судијата остана нем.
И покрај бројната предност и огромната поддршка од трибините, нашата селекција не успеа да стигне до израмнување и остана без бодови.
📌 Резултат: Македонија – Италија 0:1 (0:1)
⚽ Стрелец: Марианучи 35’
🏟 Стадион: „Петар Милошевски“ – Битола
👥 Гледачи: околу 8.000
Спорт
Милевски го истакна составот за квалификациските натпреварувања за СП, со Белгија и Казахстан, Ќамили и Митровски повредени, додека во составот се враќа Бабунски

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната етапа од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во октомври националниот тим ќе одигра два решавачки натпревари – прво гостувањето против Белгија во Гент, а потоа и средбата со Казахстан во Скопје, како најава за ноемвриската завршница на квалификацискиот циклус.
Селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи, без поголеми изненадувања. Поради повреди отпаднаа Лирим Ќамили и Димитар Митровски, додека во составот се враќа Давид Бабунски од редовите на Вардар.
Милевски се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)
Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)
Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија)
Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија)
Извор: ФФМ
Спорт
(ФОТО) ФФМ донираше компјутери во ОУ „Аврам Писевски“ од с.Бардовци, малите дела носат големи промени!

Во насока на општествена одговорност и поддршка на одржливите практики, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во понеделникот донираше компјутери на основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци. Станува збор за техничка опрема која претходно беше во употреба во Федерацијата, а сега добива нова улога во образованието.
Оваа акција е усогласена со принципите на циркуларната економија што ги промовира УЕФА – Reduce, Reuse, Recycle, Recover – при што веќе користената опрема повторно се става во функција, обезбедувајќи им подобри можности за учење и дигитален развој на учениците.
Со вакви чекори се постигнуваат три цели: Заштита на животната средина преку намалување на електронскиот отпад, унапредување на наставниот процес преку подобра техничка поддршка и поттикнување на дигиталната писменост кај младите.
ФФМ е уверена дека малите дела носат големи промени. Заедно можеме да се грижиме за природата и за генерациите што доаѓаат – затоа што вистинската игра е за иднината!
Извор: ФФМ
Спорт
(ФОТО) Денес кичевски „ФК Напредок“ оствари нова важна победа на домашен терен

Во рамките на трето коло од трета лига запад, нова победа на „ФК Напредок“ на домашен терен над екипата на „ФК Зајас“ со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Младен Котевски во 10-та минута, со еден маестрално прецизен шут од далечина успеа да го совлада гостинскиот голман, а со тоа да донесе огромна победа на домашниот тим, бодови кои значат многу во понатамошното натпреварување и исполнување на сонот.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (3 октомври)
-
Кичево2 дена
Граѓаните на Кичево денес ја покажаа својата хуманост на дело и доброволно даруваа крв, во организација на „РЦУК Кичево“ во соработка со „ОО Црвен Крст“ и „Институтот за трансфузиона медицина“ Кичево
-
Кичево2 дена
ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и кичевските села Вранештица, Цер и Црско, Кладник, Велмевци и Прострање.
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид успешно реализира обука за работа со „фонометар“, инструмент за мерење јачина на звук
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за сабота (4 октомври)
-
Македонија2 дена
МВР: Над 100 лица се лишени од слобода во месец септември поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога
-
Спорт2 дена
Милевски го истакна составот за квалификациските натпреварувања за СП, со Белгија и Казахстан, Ќамили и Митровски повредени, додека во составот се враќа Бабунски
-
Автомобили2 дена
Bentley го враќа класичното купе со V8 мотор и погон на задни тркала