Спорт
Македонија до 21 година утре со контролен фудбалски меч против Ерменија, младиот Ричков одлично дочекан во националниот тим
Репрезентацијата на Македонија до 21 година денеска ќе го одработи последниот тренинг пред утрешниот прв контролен натпревар против соодветната селекција на Ерменија.
Контролниот дуел против Ерменија ќе биде одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје со почеток од 17. часот.
Левиот бек на Шкупи и еден од најперспективните млади играчи во Македонија, Марио Ричков, даде свој коментар и анализа за претстојните обврски и предизвици на младата репрезентацијата до 21 година.
– Очекувам да се прикажеме во добро светло на последните два контролни натпревари против Ерменија и Малта и да оствариме позитивен резултат. Оваа селекција покажа голем квалитет и желба за победа на меѓународниот турнир што го одигравме во Анталија, Турција. Одигравме одлично против Словачка и Финска, докажавме дека можеме да се надигруваме со две многу квалитетни репрезентации. Доколку одиграме сите заедно како тим, во ист ритам, со голема желба и пожртвуваност, верувам дека ќе дојдеме до позитивен резултат на мечевите со Ерменија и Малта, а тоа е победа.
– Не смее никој да потцениме, денешниот фудбал е многу променет и напреднат, нема лоши репрезентации. Денеска и најслабо рангираните селекции можат да изненадат, да одиграат добро, затоа мораме да бидеме многу претпазливи во квалификациите што ни следат. Доколку одиграме максимално сконцентрирано и посветено и ги исполниме задачите кои од нас ги бара селекторот заедно со неговиот стручен тим, верувам дека би можеле да ја израдуваме цела Македонија, успевајќи да обезбедиме пласман на следното Европско првенство. Нема да биде лесно во квалификациите, имаме тешка група, но нема да се откажеме, ќе дадеме се од себе, ќе оставиме срце на терен за остварување на успех и позитивен резултат.
– Атмосферата е одлична, функционираме како едно семејство. Јас сум еден од новите членови во младата репрезентација, навистина сум среќен што одлично ме прифатија сите тимот, тренерот, стручниот штаб и другите фудбалери. Тоа ми дава дополнителен мотив за да продолжам да играм добро и да давам се од себе за дресот со државниот грб.
Младата репрезентација на Македонија, по утрешниот меч со Ерменија, ја очекува уште еден контролен дуел со селекцијата на Малта на 20. јуни.
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
Спорт
Милевски: Посакувам да играме само со доверба и уживање во играта, убеден сум дека вистинскиот одговор потоа ќе следи и ќе ја постигнеме нашата цел
Македонската фудбалска селекција вечерва од 20:45 часот со директен пренос на македонската телевизија ќе го одигра последниот меч од квалификациите за Светското првенство 2026. На гостински терен во Кардиф против Велс, на нашиот тим му е доволен и бод за да го задржи второто место во групата, што би значело поповолна позиција и потенцијално полесен ривал во плејофот за пласман на Мундијалот.
Селекторот Благоја Милевски верува дека избраниците се подготвени да одговорат на предизвикот и да ја исполнат поставената цел.
– „Спремни сме за она што доаѓа. Не очекува натпревар со голема тежина, но мојата порака до играчите е да излезат на терен со самодоверба и да уживаат во играта. Велс има силен состав и одличен селектор, но и двете репрезентации остануваат речиси непроменети во однос на првиот дуел во Скопје. Убеден сум дека ќе дадеме вистински одговор и ќе ја постигнеме нашата цел“, изјави Милевски на прес-конференцијата која се одржа во рамки на вчерашниот ден, пренесува Фудбалската федерација на Македонија.
Посакуваме среќа!
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!
Спорт
Важен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф
Македонската фудбалска репрезентација утре во Кардиф ќе настапи против Велс во дуел што ќе ја одреди екипата која ќе ја освои втората позиција во квалификациската група и ќе обезбеди пласман во баражот за Светското првенство.
Бидејќи натпреварот има директно елиминациско значење, УЕФА одлучи да испрати врвен судиски тим. Главна улога ќе има Холанѓанецот Дани Макеле, кому ќе му асистираат Хесел Стегстра и Јан де Фрис, додека четврти судија е Марк Нагтегал. Вар-центарот ќе го раководи Пол ван Бокел како главен ВАР-судија и помошникот Рихард Мартенс од Холандија, исто така врвни професионалци.
– Макеле, 42-годишен полициски службеник од Дордрехт, е носител на ФИФА-беџ од 2011 година. Тој беше дел од судискиот тим на Светското првенство во Катар 2022 и учествуваше на последните две европски првенства. Меѓу неговите најистакнати назначувања се финалето во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Баерн пред пет години, како и финалето во Лига Европа помеѓу Севилја и Интер.
Инаку Макеле три пати ја делел правдата на македонската репрезентација, имено во 2016 година во Скопје против Италија (пораз 3:2), во 2019 година на дуелот со Словенија кога славевме со 2:1, како и во 2021 година против Германија на арената „Тодор Проески“, кога гостите победија со 4:0, а ние ја имавме честа да направиме една одлична галерија од тој величествен натпревар, иако резултатот беше на наша негатива.
Тој важи за еден од најискусните европски арбитри, со богато портфолио од околу 750 натпревари. Во оваа бројка се вклучени 362 меча од холандскиот шампионат, 54 натпревари во Лигата на шампионите, 18 во Лига Европа, како и 31 квалификациски дуел за Европските и Светските првенства.
-
Кичево1 ден(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (18 ноември)
-
Хороскоп14 часаХороскоп за среда (19 ноември)
-
Македонија2 денаПоскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар
-
Временска прогноза1 денВо овој момент се формира влажен бран кој носи обилен дожд и невреме!
-
Македонија2 денаМВР: Сузбиена криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти, поднесена кривична пријава
-
Култура2 дена(ФОТО) Празничната убавина во чест на Христовиот војвода во славниот манастир на свети Георгиј во Рајчица
-
Македонија1 денЦУК: Апелираме за на зголемена внимателност при движење низ улиците каде има проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот
