Спорт
Македонија само со теоретски шанси за големиот сон „Европско првенство“

Македонската селекција во денешниот меч против Украина практично ги изгуби шансите за „Европското првенство“, само теоретски шанси и чудо може да ни даде шанса повеќе. Имено во денешниот меч храбро се боревме, но не искористените шанси во првиот дел од мечот дефинитивно беше казна за поразот за конечни 2:0.
Украинците имаат десет бода на второто место, но и два натпревари повеќе од Италија која со по седум бодови е израмнета со Македонија. Во ноември ние гостуваме во Рим и ја дочекуваме моќната Англија.
Стрелци на головите за Украина, Судаков во 30 минута и Караваев во финишот на натпреварот 90+6.
Повеќе фотографии ќе најдете на официјалната фејсбук страница на Фудбалската федерација на Македонија ТУКА
Спорт
ФФМ и DoubleTree by Hilton – Skopje го официјално партнери, Јандреоски: „Навистина ни е драго што го формализираме ова партнерство со хотел кој веќе е важен дел од нашите репрезентативни активности“

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и DoubleTree by Hilton – Skopje го официјализираа своето ново партнерство кое претставува значаен чекор во унапредувањето на условите и поддршката за македонските фудбалски репрезентации.
Договорот за соработка постигнат од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и сопственикот на Double Tree by Hilton – Skopje, Ајдован Адемоски го потпишаа генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски и генералниот директор на DoubleTree by Hilton Skopje, Ѓоре Велковски, потврдувајќи ја заедничката посветеност на градење долгорочна и продуктивна соработка.
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од ФФМ, во продолжение ТУКА
Спорт
Младата женска репрезентација на Македонија во фудбал до 16 години ја победи Бугарија во пенал рулетот, избраничките на Милеска со тоа остварија прва победа!

Женската репрезентација на Македонија до 16 години оствари победа над соодветната селекција на Бугарија по подобро изведување на пенали (4:2) во првото коло од Уефа развојниот турнир што се одржува во Албанија.
Натпреварот заврши 1:1, а во пенал серијата избраничките на селекторот Катерина Милеска беа многу посигурни и на крајот се радуваа на првата победа на развојниот турнир.
Селекцијата на Бугарија имаше предност од 1:0 во 47. минута, благодарение на голот на Емма Варбанов. Ана Марија Цветковска во 86. минута го израмни резултатот на 1:1.
Во пенал серијата, во нашата репрезентација погодија Розита Пецева, Ана Марија Цветковска, Тамара Лазеска и Елена Наумовска. Во селекцијата на Бугарија, прецизни од белата точка беа Зорнитса Коева и Јоанна Георгиева.
Вториот дуел од развојниот турнир го играме на 15. април против Грузија, во истиот термин, од 11:30 часот.
Македонија: Евгенија Велјановска, Лина Мицовска, Бесарта Фида, Розита Пецева, Елена Наумовска, Ана Марија Цветковска, Блехана Алиевска, Марија Велиновска, Елиза Ибрахими, Ема Наневска, Сара Димитровска
Селектор: Катерина Милеска
Извор: ФФМ
Спорт
Фудбалската федерација на Македонија го истакна својот најнов партнер и соработник

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со гордост го најавува најновото партнерство со еден од најпрепознатливите домашни брендови – Витаминка Прилеп. Соработката претставува поврзување на нашиот фудбал со компанија која претставува составен дел од животите на неколку генерации.
Витаминка ќе обезбеди финансиска поддршка за ФФМ за активности насочени пред се кон младинскиот фудбал и Детска лига. Визијата е заедничка: поддршка на младинскиот развој и здравиот начин на живот.
Производите на Витаминка, особено оние наменети за деца, ќе бидат дел од промотивните активности на ФФМ, со посебен фокус на ФФМ Детската лига – најголемата платформа за младински фудбал во државата, која инспирира илјадници деца да го следат својот спортски сон.
– „Чест ни е да ја претставиме Витаминка како нов член на фудбалското семејство на ФФМ. Како компанија која има долгогодишна традиција и грижа за здравјето на децата, Витаминка е идеален партнер во нашата мисија за поттикнување на детскиот фудбал и поддршка за младинскиот спорт. Заедно ќе создаваме услови за здрав раст и спортски развој на идните генерации.“ – истакна првиот човек на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис на ФФМ во продолжение ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (17 април)
-
Магазин2 дена
Спасен, Мето и Престиж Бенд концертот во Сиднеј ќе го донираат за настраданите во Кочани
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за петок (18 април)
-
Кичево19 часа
Св.Петар и Павле – Кичево, распоред на богослужби за Страсната и Светлата седмица (Велигден)
-
Македонија2 дена
Штипјанец се здоби со тешки телесни повреди, во него удрило пмв „форд фиеста“ управувано од виничанец
-
Хроника18 часа
Уште еден пациент на 24 години подлегна на повредите од кочанската катастрофа
-
Култура1 ден
„Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој наш голем ден
-
Македонија2 дена
МВР: Лишен од слобода косовски државјанин поради давање поткуп