Гејминг
Македонската Еспорт организација викендов со пред се хуманитарен game турнир

Во текот на престојниот викенд па се до 28ми Македонската Еспорт Организација организира натпреварувања во три игри и тоа: League of Legends една од најиграните игри кај младата популација со натпреварување 1 против 1 (Петок – 24.12), популарната Dota 2 со натпреварување 1 против 1 (Сабота – 25.12); и (Недела – 26.12), Counter-Strike:Global Offensive 2 против 2, мега популарната дисциплина кај нас и интернационалната сензација и два дополнителни дена (Понеделник и Вторник 27-28.12) одвоени за нашите популарни македонски стримери на платформите YouTube и Twitch.tv ширум целата држава.
Сите овие натпреварувања ќе се одвиваат он-лајн и со мотото #HelpTheOthers, со цел помагање на сите оние кои им е најпотребен персонален компјутер, дали за он-лајн предавања и учење или пак работа.
За да приказната биде уште поуспешна се одлучивме овој настан со хуманитарни цели да го изведеме заедно со Донирај Компјутер и европеецот на годинава, Борче Стаменов. Како и на досегашните настани на МЕСА, борбата помеѓу играчите ќе биде пренесена во живо на најголемата интернет платформа за стриминг Twitch.tv, односно на ТУКА
Ги покануваме сите заинтересирани заедно да ги проследиме овие турнири кои се дел од Gaming Week, како и секогаш не очекува забавна дружба со гејминг заедницата и одлично натпреварување помеѓу играчите.
Гејминг
Fortnite повторно достапен на iOS во Австралија

По пет години судски битки, Epic Games успеа да го врати Fortnite и Epic Games Store на iOS уредите во Австралија. Одлуката на судот утврди дека Apple ја ограничувал конкуренцијата со своите строги правила, особено со забраната за алтернативни методи на плаќање, пренесува Australian Financial Review.
Epic Games изјави:
„Австралискиот суд пресуди дека Apple и Google ја злоупотребуваат својата контрола врз дистрибуцијата на апликации и плаќањата во нив за да ја ограничат конкуренцијата. Постојат над 2.000 страници со наоди што ќе треба да ги испитаме. Сепак, ова е победа за програмерите и потрошувачите во Австралија!“
Како започна конфликтот?
-
Epic го заобиколи системот за плаќање на Apple.
-
Наместо тоа, воведе сопствен метод за купувања.
-
Apple остана без вообичаената провизија од 30%.
-
Како реакција, Fortnite и другите апликации беа отстранети од App Store, што доведе до долг судски процес.
Во април оваа година, американскиот суд пресуди дека Apple повеќе нема право да наплаќа провизија за купувања направени надвор од App Store. По таа одлука, Fortnite повторно се врати во американската App Store во мај.
Иако одлуката во Австралија е историска за гејмерите и девелоперите, сè уште не е познато кога Fortnite и Epic Games Store повторно ќе бидат достапни за сите iOS корисници таму.
Извор: Engadget
Гејминг
Sony ја зголеми цената на сите модели од „PlayStation 5“ конзолата на американскиот пазар

Моделот со диск драјв ќе се продава по цена од 549,99 долари, што е зголемување од 50 долари во однос на претходните 499,99 долари. Digital Edition ќе поскапи од 449,99 на 499,99 долари, додека најмоќната верзија – PS5 Pro – ќе чини 749,99 долари наместо досегашните 699,99.
Од компанијата објаснуваат дека ваквата одлука е резултат на „тешките економски услови“ и дополнителните тарифи кои значително ги зголемиле трошоците за производство и дистрибуција.
– „Иако настојувавме што подолго да ги задржиме старите цени, актуелните пазарни околности нè принудија да направиме корекција“, наведуваат од Sony.
Позитивна вест за играчите е тоа што цените на игрите и додатоците нема да се менуваат.
Со овој потег, Sony се усогласува со конкурентите, бидејќи и Microsoft и Nintendo претходно ги зголемија цените на своите гејминг конзоли поради слични економски предизвици.
Гејминг
(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“

Минатиот петок, Rockstar Games го одложи објавувањето на GTA VI, кое првично беше планирано за есен 2025 година, за 26 мај 2026 година.
– „Со секоја игра што ја објавивме, целта отсекогаш била да се обидеме да ги надминеме вашите очекувања, а GTA VI не е исклучок. Се надеваме дека разбирате дека ни е потребно ова дополнително време за да го испорачаме нивото на квалитет што го очекувате и заслужувате“, се вели во соопштението на Rockstar Games.
Првиот трејлер за GTA VI се појави онлајн во декември 2023 година, кога креаторите ја претставија приказната за Луција, една од главните хероини на видео играта.
-
Кичево20 часа
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (5 септември)
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за сабота (6 септември)
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Македонија2 дена
МВР: Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“
-
Спорт2 дена
Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“
-
Временска прогноза2 дена
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд
-
Македонија17 часа
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици