Спорт
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години одигра без победник против селекцијата на Косово
Младата репрезентација на Македонија до 17 години денеска го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Косово.
Во еден интересен натпревар, полн со возбудувања и отворена игра на двете репрезентации, избраниците на селекторот Дашмир Беари одиграа нерешено 1:1.
По едно полувреме им припадна на двете селекции. Косово поведе со 1:0 во 31. минута од натпреварот.
Во 73 минута од средбата, Македонија успеа да го израмни резултатот. Албион Муслиу стрелаше за нашата репрезентација и ги постави конечните 1:1.
Овие две селекции утре во 11. часот ќе го одиграат вториот контролен меч.
Македонија: Давид Илоски, Игор Ристов, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Хисар Али, Каменчно Андоновски, Стефан Младеновски, Марко Киш, Албион Муслиу, Адмир Латифи
Резерви: Здравко Перески, Беркај Шаини, Онур Бесир, Никола Ангелов, Милош Спасовски, Флорим Далипи, Златко Радевски, Еранд Зиба, Ариф Локу
Селектор: Дашмир Беари
Спорт
Младата фудбалска репрезентација до 16 години денес на „Петар Милошевски“ го игра вториот контролен меч против Словенија, првиот по одлична игра заслужено го добивме!
Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2009 година) денес со почеток во 13. часот ќе го одигра и последниот контролен натпревар со соодветната селекција на Словенија. По претходниот одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје нашите момчиња славеа 2:0 по одличната игра на терен.
Минатиот меч проследете го на официјалниот јутјуб канал од Фудбалската федерација на Македонија каде во живо се пренесуваат и фудбалски натпревари од ПМФЛ/ВМФЛ и сите актуелности:
Како што веќе е познато, селекторот на младата репрезентација на Македонија до 16 години, Драган Начевски, за претстојните два последователни натпревари со Словенија, се одлучи да ги повика следните фудбалери, додека денешниот меч очекуваме да им даде шанса и на втората постава која е исто така доста квалитетна и вистинска иднина за македонскиот фудбал!
Комплетен состав:
ГОЛМАНИ:
Лука Грчевски Минералац, Србија
Амин Суљовиќ Парк
Даријан Денковски Македонија Ѓ.П.
ОДБРАНА:
Стефан Јорданоски Брера
Михаил Митрески Работнички
Матеја Масев Црвена Звезда, Србија
Аријан Рамадани Шкендија
Енсар Зеќири Австрија Виена
Антонио Атанасов, Работнички
Матеј Петков Илертисен, Германија
Горјан Петков Македонија Ѓ.П.
СРЕДЕН РЕД:
Јаков Ангелов Грос Умштад, Германија
Дарин Михајловски Работнички
Лука Трпевски Црвена Звезда, Србија
Сонер Ракипи Шкендија
Фадиљ Исламовиќ Работнички
Андреј Цветковски Работнички
Ахмед Сејдини Работнички
Јоаким Горгиев А.П. Брера
НАПАД:
Стефан Војчевски А.П. Брера
Ердин Мамути Работнички
Јаков Стојковски Падерборн, Германија
Вулнет Ахмети Шкупи
Спорт
Новак Ѓоковиќ потврди дека нема да игра на Мастерсот во Париз годинава
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска потврди дека нема да ја брани титулата на претстојниот Мастерс во Париз.
– За жал, годинава нема да играм на Мастерсот во Париз. Жал ми е за сите што се надеваа дека ќе ме видат како играм таму. На сите играчи, спонзори, организатори и навивачи им посакувам одличен турнир – изјави Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
Српскиот тенисер лани ја освои седмата титула на Мастерсот во Париз победувајќи го Григор Димитров од Бугарија со 6:4, 6:3.
Имам многу убави спомени од местото каде што освоив седум титули и се надевам дека ќе се вратам следната година – додаде Ѓоковиќ.
Спорт
Официјално ФФМ го предаде проектот за изградба на западната трибина на стадионот Билјанини Извори во Охрид
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално го предаде проектот за изградба на новата западна трибина на стадионот „Билјанини Извори“ до Општина Охрид. На денешната средба во Охрид присуствуваа претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, членот на Управниот одбор на ФФМ, Тони Иваноски и претседателот на Општинскиот фудбалски Сојуз на Охрид, Цане Милошоски, кои остварија средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Новата западна трибина се очекува да има капацитет од 3.500 седишта и дополнителни простории, вклучувајќи 8 скај-боксови за ВИП зони. Ова е вториот инвестициски проект на ФФМ во стадионот во Охрид, по изградбата на источната трибина според меѓународни стандарди.
Покрај инвестициите на ФФМ, со овој договор Општина Охрид се обврзува да ги изгради и двете трибини зад головите, како и осветлувањето, со што стадионот ќе се трансформира во модерен спортски објект спремен за одржување на меѓународни натпревари, вклучувајќи ги и оние на македонската А репрезентација.
Со овој проект Охрид ќе стане значаен центар на фудбалот и со меѓународна спортска инфраструктура.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (23 октомври)
-
Кичево2 дена
Во ЈЗУ Општа Болница Кичево недостигал ехо апарат, случајот бил пријавен во МВР
-
Lifestyle2 дена
Кој е нормалниот крвен притисок според возраста?
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за четврток (24 октомври)
-
Временска прогноза21 час
До крајот на месецот стабилно време, но со ниски утрински температури и магла по котлините
-
Македонија7 часа
Викендов започнува зимското сметање на време, сонцето ќе заоѓа порано и деновите стануваат значително пократки
-
Македонија22 часа
Денес е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
-
Автомобили18 часа
BMW: Забраната за возила на бензин и дизел во ЕУ не е реална