Спорт
Реномираната текстилна компанија „Џиотели“ и ФФМ потпишаа договор

Џиотели, реномираната турска компанија за текстил и еден од најпознатите брендови за машка гардероба и Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) потпишаа договор за соработка и за поддршка на македонските национални тимови.
Џиотели, како докажан пријател на спортот станува дел од македонското фудбалско семејство.
Со новото партнерство, Џиотели обезбедува значајна поддршка за ФФМ за да поттикне нови успеси и заеднички победи.
– „Ни претставува исклучително задоволство што нашата федерација добива нов партнер во името на Џиотели, еден од најпрепознатливите брендови од Турција, синоним за традиција и квалитет. Нѐ радува тоа што Џиотели, партнер со повеќе од 20. годишна историја станува дел од македонското фудбалско семејство.
Го започнуваме ова партнерство бидејќи делиме заеднички цели и императиви. Посакуваме успех, нови победи и со голем оптимизам гледаме на соработката. Но, најважно за нас е дека одново ја потврдуваме својата вредност во општеството и квалитетот кој го имаме.
Фудбалската федерација на Македонија добива партнер во докажан пријател на спортот и партнер кој низ годините наназад активно е вклучен во развојот на голем број на организации, активности и настани, сѐ со цел да се промовираат и да се прослават успехот и напредокот”, за медиумите истакна претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Спорт
Младата репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со Албанија во гости

Репрезентацијата на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Албанија. Контролните средби ќе бидат одиграни на градскиот стадион во Корча.
Првиот дуел овие две репрезентации ќе го одиграат на 21. март со почеток во 15. часот. Два дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка, која ќе започне во 12. часот.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Ерхан Селими за претстојните натпревари со Албанија, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Давид Илоски А.П. Брера
Александар Балев Пелистер
Павел Трајковски Македонија Ѓ.П.
ОДБРАНА:
Златко Радески Вардар
Абдулах Аслани Лунгби, Данска
Горазд Ристовски Црвена Звезда, Србија
Давид Стојановски Браво, Словенија
Лука Атанасовски Беласица
Андреј Мурџески Вардар
Назиф Цека Шкендија
Игор Ристов А.П. Брера
Емир Шаботиќ Вардар
СРЕДЕН РЕД:
Каменчо Андоновски А.П. Брера
Луан Реџепи Конкордиа Базел, Швајцарија
Ариф Локи ХБ Коге, Данска
Албион Муслиу Шкендија
Јасин Рушани Хамбург, Германија
Игли Хасани Работнички
Бојан Затуроски Охрид Лихнидос
Адмир Љатифи Беса
НАПАД:
Стефан Младеновски Црвена Звезда, Србија
Хисар Али Беса
Анастас Арнаудовски Вараждин, Хрватска
Собирот на репрезентацијата на Македонија до 19 години беше денеска, во 8:30 часот пред Фудбалската федерација на Македонија, известуваат од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
ФФМ истакна соопштение со реакција упатено кон ФК Гостивар

Фудбалската федерација на Македонија, соодветно на моментот, во денови на жалост, се воздржува од активности кои не се во склад со почитта што ја искажуваме во овие тешки моменти. И по тој повод упати интегрално соопштение до јавноста за ФК Гостивар кое ви го пренесуваме во целост и гласи:
– Во тој контекст, сакаме да нагласиме дека ФФМ нема да се занимава со одредени интереси на клубови, ниту ќе разменува несоодветни дописи во овој период. Веруваме дека сите фудбалски клубови имаат разбирање и ќе ги почитуваат овие денови соодветно.
Во таа насока, апелираме до ФК Гостивар да ги почитува овие моменти и своите интереси да ги брани и докажува на зелениот терен, наместо преку дописи и притисоци во јавноста. Посебно, што немаат никаква причина за тоа. Во вакви моменти, фудбалот и спортот воопшто, треба да обединува, а не да се користи за дневни интереси, особено во денови на жалост.
Веруваме дека заедно ќе покажеме почит и достоинство, се вели во соопштението од ФФМ.
Спорт
Јован Манев: „Минуваме низ тежок период, изгубивме блиски пријатели, ќе го дадеме нашиот максимум на квалификациските натпревари во спомен на сите загинати“

Во пресрет на натпреварот Македонија – Лихтенштајн (22. март, Вадуц), воведен од квалификациите за Светското првенство 2026, македонскиот репрезентативец Јован Манев зборуваше за претстојниот предизвик, но и за тешките моменти низ кои поминува тој и целата нација по големата трагедија што ја потресе јавноста.
Со емоции, тој истакна дека доколку добие шанса ќе даде се од себе на теренот, посветувајќи го настапот на оние кои повеќе не се со нас.
– Јован Манев: „Ова се многу тешки денови за мене и за сите нас, изгубивме сите блиски пријатели, но тие би сакале да продолжлиме и да бидеме овде, да се бориме за нашата земја, за нашата репрезентација. Ќе ни недостасуваат засекогаш и никогаш нема да бидат заборавени и затоа ако ми се укаже шанса и исто и на моите колеги ќе го дадеме максимумот во спомен за сите нив.
И ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност сите заедно и така да постигнеме резултати најпрво за нив.“
-
Хроника16 часа
Филип успеал да излезе, но се вратил во огништето по другарка, потоа никогаш не излегол надвор
-
Кичево12 часа
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета
-
Кичево2 дена
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани
-
Македонија1 ден
Министерството за здравство предмалку истакна најново соопштение
-
Македонија2 дена
Агенцијата за цивилно воздухопловство и МВР со важно известување за корисниците на воздухоплови без екипаж „дронови“ за територија Кочани и Штип
-
Македонија13 часа
Предмалку земјотрес почуствуван во источна Македонија
-
Македонија2 дена
Сообраќајци се обиделе да сопрат возило со мигранти, изгубило контрола и удрило во нив!
-
Хроника15 часа
(ФОТО) Тренингот не е ист без Андреј Лазаров, ФК Шкупи тагува по својот фудбалер