Спорт
Македонската гордост блесна на USA Open

На едно од најголемите интернационални карате натпреварувања што некогаш се одржале во САД – УСА Опен 2025, со над 2600 натпреварувачи од 40 земји, македонското знаме се развиори високо, благодарение на тимот на Miloshevski Martial Arts.
Нашата млада надеж Бони освои бронзен медал на Интернационалниот јуниорски куп, што претставува огромен успех за тимот и историски прв настап на глобалната сцена. Девојките, Меган и Сиена, им требаше и малку среќа за да се закитат со медали ама дадоа сè од себе, настапувајќи со срце и гордост – на што сум исклучително горд како нивни сенсеи.
– Во сениорската категорија, по години на предизвици, повреди и тивка, неуморна подготовка, нашиот карате амбасадор, Дејан Милошевски, реши повторно да застане на татамито. Со работа во тишина и со сон во срцето, успеа да го освои златниот медал во дисциплината кати за сите стилови.
Ова злато не е само медал – тоа е приказна за истрајност, вера и љубов кон спортот и татковината. По бронзите во 2018 и 2021 година, како и златото во дисциплината кати – шотокан, оваа победа е симбол на тоа дека кога не се откажуваш, успесите се само прашање на време.
Покрај натпреварувањето, имав чест да бидам дел и од судискиот тим, работејќи три дена без пауза и учествувајќи во селекцијата на тимот за државното првенство што ќе се одржи во јули. На овој настан добив признанија и честитки лично од Претседателот на Американската карате федерација, како и од многу тренери, судии и натпреварувачи кои ја препознаа мојата одлична форма и успехот во изведувањето на катите.
Во овој свет каде зборовите лесно се изговараат, јас верувам дека вистинската почит се добива со дела, а не со приказни.
Овој успех го посветувам на сите Македонци во САД и ширум светот, зашто мојата мисија како сенсеи не е само да тренирам натпреварувачи, туку да бидам **глас на Македонија**, амбасадор на македонската култура, дух и истрајност.
Историјата се повторува, но само за оние што секој ден ја надградуваат со својата работа, визија и љубов кон корените.
/ПР
Спорт
ФФМ ја започна завршната фаза во имплементацијата на системот за видео технологија на судиите

Фудбалската федерација на Македонија ја започна завршната фаза во имплементацијата на системот за видео технологија на судиите (ВАР), преку детална комуникациска стратегија насочена кон медиумите и јавноста.
Во рамките на оваа фаза, денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија одржана е едукативна и информативна презентација, со цел да се создаде јасна, прецизна и објективна слика за функцијата и значењето на примената на ВАР во македонскиот фудбал.
Клучни цели од оваа комуникациска фаза се:
– Информирање за активностите поврзани со имплементацијата на ВАР, обуките на судиите и техничката логистика.
– Едукација на медиумите и јавноста за основните принципи и философија на ВАР – што е ВАР, кога и како се користи и кои се неговите ограничувања.
– Подобрување на медиумското известување, со цел да се намали ширењето на неточни или конфузни информации и да се воведе стандардизирана терминологија во известувањето.
– Градење доверба и транспарентност, преку отворена комуникација и јасно прикажување на улогите и процесите поврзани со ВАР.
Повеќе прочитајте во продолжение, на официјалниот натпис од Фудбалската федерација на Македонија – ТУКА
Спорт
(ФОТО) Фудбалерите на „ФК Кичево“ – Матески и Димоски денес дебитираа за националниот дрес на мечот Македонија – Словенија до 14 години

Репрезентацијата на Македонија до 14 години во рамки на денешниот ден беше поразена од соодветната селекција на Словенија со резултат од 1:3, во првата контролна средба одиграна на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
За нашата репрезентација во првиот тим настапија: Марио Стојковски, Давид Рамадан, Филип Богоевски, Давор Таневски, Дин Розојац, Калин Аврамовски, Борис Матески, Дин Баталовски, Јован Јанчевски, Борјан Костовски, Виган Таири, Огнен Божиновски
– Важно за нас како кичевчани е тоа што на денешниот натпревар настапија двајца членови на нашиот фудбалски клуб „ФК Кичево“. Во почетниот состав беше нашиот капитен Борис Матески, додека во вториот дел од натпревар шанса доби и вториот наш фудбалер Павел Димоски, така што оваа прилика ја користиме да им честитаме за одличната игра и деби во националниот состав и да им посакаме повеќе среќа во вториот контролен меч со истата репрезентација на (15 мај) четврток, закажан од 11:00ч на стадионот „Петар Милошевски“
Галерија преку нашиот објектив:
Спорт
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими.
По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот се веќе добиени.
Тие се прецизни и јасни и укажуваат на тоа дека натпреварот има сериозни нарушувања на интегритетот.
Очигледните неправилности кои се евидентирани се причина Комисијата за натпреварување да не го регистрира натпреварот, односно бодовите од истиот не се заведени.
Истовремено, двата клуба се предадени на дисциплинска постапка.
ФФМ ќе ги искористи сите можни средства согласно своите овластувања за целосно расчистување на овој срамен случај кој фрла сериозна дамка врз фудбалот во Македонија.
Ќе се започне со прибирање изјави од сите лица за кои ФФМ има сознанија дека биле инволвирани во случајот, вклучително и фудбалери за кои постојат индиции за вмешаност.
Притоа, посочуваме дека секој обид за лажно давање изјава ќе сноси соодветна одговорност согласно законските прописи.
Собраниот доказен материјал до овој момент е доставен до архивското одделениe при Министерството за внатрешни работи (МВР).
Дополнително, за случајот е информирана УЕФА, која внимателно го следи развојот на настаните.
ФФМ ја уверува јавноста дека ќе ја истера постапката до крај и ќе следуваат драстични казни за сите за кои ќе се докаже дека се вмешани во нарушување на интегритетот на натпреварувањето, стои во интегралното соопштение на Федерацијата, кое ви го пренесовме во целост.
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Кичевските матурани со веселба и дефиле денес го завршија последниот средношколски ден
-
Кичево17 часа
(ВИДЕО) Кичевчанец со огорченост говореше за смрдеата и заразите од дивата депонија „На Онкологија има над 700 кичевчани“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (17 мај)
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за недела (18 мај)
-
Скопје1 ден
(ФОТО) Претрес во Скопје поради компјутерски фалсификат, неовластено навлегување во компјутерски систем
-
Временска прогноза2 дена
Дожд на секаде во Македонија, ова се последните метео информации
-
Временска прогноза1 ден
Денес најмногу дожд наврна во Крушево и Охрид, а со тоа и температурите се драстично пониски
-
Временска прогноза1 ден
Викендов променливо облачно со локален слаб дожд, утринските температури ќе бидат во интервалот од 1 до 8 степени