Спорт
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни мечеви против Црна Гора во сабота и понеделник
Женската млада репрезентација на Македонија до 19 години на 17 и 19 февруари ќе одигра два контролни мечеви против соодветната селекција на Црна Гора. Двата контролни натпревари ќе бидат одиграни во Подгорица, Црна Гора.
Првиот контролен меч на програмата е на 17 февруари со почеток од 13 часот. Два дена подоцна предвиден е вториот контролен дуел помеѓу овие две репрезентации со почеток од 11 часот.
Селекторот на младата селекција на Македонија, Астрит Мерко за двете контролни против Црна Гора средби се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Кристина Павловска Шкендија
Миа Петровска Богум, Германија
ОДБРАНА:
Матеа Блажеска Љуботен
Катарина Петкова Истатов
Слаѓана Ѓорѓиева Тиверија
Рона Рустеми Шкендија
Ева Конева Истатов
Стефанија Веселинова Каменица
СРЕДЕН РЕД:
Сара Мена Ас Јунајтед
Васка Василева Тиверија
Теодора Далчевска Ас Јунајтед
Ива Јосифова Тиверија
Миа Велинова Скопје
Ана Боризоска Речича
Никица Трендова Скопје
НАПАД:
Веса Села Ас Јунајтед
Билјана Панеска Тиверија
Ева Андонова Каменица
Јована Павловска Цевитана
Женската репрезентација на Македонија до 19 години денеска и официјално ги започна подготовките во Скопје за претстојните два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора.
Спорт
Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите
Пламенот на Олимписките игри, кои летово ќе се одржат во Париз, вчера беше официјално предаден на француските организатори на Игрите на стадионот во Атина, каде во 1896 година се одржаа првите модерни игри.
Грчкиот ватерполист Јанис Фунтулис, последниот во низата факели низ Грција, го запали пламенот на стадионот Панатинаикос, а потоа пламенот му беше предаден на шефот на Олимписките игри во Париз, Тони Естанге.
Во сабота, Пламен ќе отпатува за Франција со едрилица од 19 век преку Средоземното Море, за да стигне до Марсеј 12 дена подоцна. Пламенот бил запален на 16 април во Олимпија, каде што се одржувале античките игри од околу 776 година п.н.е. до 393 година од нашата ера.
Олимпискиот оган преку ноќ ќе биде поставен во амбасадата на Франција, а во сабота, односно денес со брод од пристаништето Пиреја ќе биде пренесен во Марсеј. Пламенот треба да пристигне во Марсеј на 8 мај, а потоа преку Франција ќе патува до Париз, каде ќе се одржи церемонијата на отворање на Игрите.
Олимписките игри ќе траат од 26 јули до 11 август, а потоа и Параолимписките игри.
Спорт
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.
Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја посакува 25-тата. Грен слем титула во кариерата и тоа не го крие. Српскиот „ас“ во интервју за „CNN“ истакна дека мисли само на победи бидејќи таков му е менталитетот.
Можеби на почетокот на сезоната Новак Ѓоковиќ не делуваше премногу мотивирано, но светскиот рекет број еден дефинитивно е тоа, како што изгледа повеќе од било кога.
Српскиот ас во интервју за Си-Ен-Ен проговори како веќе се визуелизирал како победник на Ролан Гарос и затоа едвај чека да започне турнирот на париската земјена подлога, пренесува Спутник.
– „Само победа, ништо друго, таков е менталитетот. Визуелизацијата е важна, кога ќе видите дека успевате во неа, затоа се радувам и едвај чекам да започне турнирот. Секако дека знам дека не сум единствениот кој ја посакува таа титула и со нетрпение го чекам предизвикот“, изјави Новак.
Најдобриот светски тенисер е свесен дека младите играчи како Карлос Алкараз и Јаник Синер се желни за титули, но тоа уште повеќе го мотивира.
– „Секако дека не сум единствениот кој сака да ја освои таа титула, но со нетрпение ја очекувам. Сакам да се натпреварувам со различни генерации. Влегуваат млади момци… сите се неверојатно гладни, спремни и брзи, ќе ја искористам мојата способност да се прилагодам за да им ја подготвам вистинската тактика. Разбирам што е потребно за да се остане на врвот и да се натпреварува со нив во борбата за титули“, изјави српскиот ас.
На крајот објасни дека нема многу време да размислува за победите и поразите кои се зад него, бидејќи секогаш има нов предизвик за него.
– „Многу е важно да живеете во моментот, да ја цените сегашноста, но во исто време да се сеќавате на минатото, вашиот пат и да ги цените луѓето кои ве опкружуваат. Секоја недела се случува нешто ново во тенисот и тоа треба да го цените и вие. Иако, повеќе ќе размислувам за тоа кога ќе ја завршам кариерата. Додека сте уште активни, размислувате само за следниот предизвик, следниот турнир. Имате можеби неколку дена во годината, можеби една недела да размислите што сте постигнале“, заклучи Ѓоковиќ.
Првиот светски рекет го прескокнува Мастерсот во Мадрид додека игра во Рим, кој е последната станица пред Ролан Гарос.
Извор: politis.rs
Спорт
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал
Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот на Клими од Кавадарци, на финалниот натпревар одигран во спортскиот центар Гемиџии во Велес. Екипата на Форца 2015 во еден интересен натпревар успеа да слави победа со вкупен резултат од 6:2.
Зоран Левски го постигна првиот гол на средбата за предност на Форца 2015 од 1:0. Екипата на Клими брзо се вратија во игра и преку Мартин Никовиќ успеаа да го израмнат резултатот.
Во продолжението Форца ја наметна својата игра и успеа да постигне 5 голови за убедлива и сигурна предност. Стрелци на головите беа Харис Омеровиќ, Зоран Левески, Берат Рамадани, додека Иван Крстевски стрелаше два пати.
Голот за намалување на предноста и поставување на конечните 6:2 го постигна Димче Андов, истакнаа од ФФМ.
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за сабота (27 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (26 април)
-
Кичево7 часа
(ФОТО) Прекрасен ден со најмилите деца од Кичево, кои денес гласно го прославија „Лазаревото Воскресение“, среќа и радост на едно место!
-
Култура14 часа
Денеска е Лазарева сабота, додека утре е „Цветници“
-
Социјални мрежи23 часа
Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите
-
Спорт20 часа
Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите