Кичево
„Македонски Завет“ вечерва организира хуманитарен концерт во НУЦК „Кочо Рацин“ со културно уметнички друштва и естрадни уметници од Кичево
Патриотско Здружение „Македонски Завет“ од Кичево, организира хуманитарен концерт наречен „Чување на традицијата и негување на Културното наследство“, во соработка со „Црвен Крст“, Кичево. Во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево вечерва 29.11.2025 година со почеток од 19:00 часот.
Картите за концертот чинат симболични 200 денари, пуштени се во пред продажба и може да си резервирате карта на броевите: 071/327-117 или 078/322-028, а истите ќе се продаваат и на билетарата на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево на денот на одржување на хуманитарниот концерт. Најдобро да се дојде 1 час пред почеток на настанот, со цел да се избегнат гужви пред билетара.
– Средствата од концертот, ќе бидат донирани на социјални и ранливи семејства во соработка со „Црвен Крст“ Кичево, во предновогодишниот период. Мотото и целта на овој проект во реализација на Патриотско Здружение „Македонски Завет“ – Кичево е да помогне на тие на кои сме им најпотребни и да им ги удостоиме новогодишните и Божикни празници, со хумана донација. Патриотски е да бидеме хумани.
Концертот ќе биде збогатен со оро и родољубиви песни, а ќе настапуваат културно-уметничките друштва од Кичево и естрадните уменици, кои ќе бидат гости на овој концерт, а во музичка придружба на група ЕТНУМ:
КУД Бисер Кичево
КУД Нико Пусоски Кичево
КУД Младост Кичево
КУД Кочо Рацин Кичево
Христијан Трајаноски
Дарко Стојаноски
Методија Столески
Софија Пуровска
Анастасиа Митровска
Мирослав Мирчески
Михајло Данилоски
Лука Лазарески
Христијан Тришоски
Од патриотското здружение повикуваат: Дојдете и заедно да им ги посреќиме новогодишните и Божикни празници, на оние, на кои сме им најпотребни. Хуманоста е највисокиот степен на родољубие.
Исто така преку нашиот медиум, истакнуваат особена благодарност до градоначалникот на општина Кичево Д-р Александар Јованоски, како и до директорот на НУЦК „Кочо Рацин“ г-дин Мазлам Османи за поддршката на овој значаен проект за здружението и кичевчани.
Кичево
Ноќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека ноќеска, во 01:23 часот, во Македонија е забележан земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтер. Според првичните информации, потресот се случил на околу 15 километри југозападно од Кичево и на приближно 73 километри североисточно од Елбасан, во Албанија.
Графички приказ во прилог на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар:

Епицентарот се наоѓал на длабочина од околу 15 километри.
Извор: emsc.eu
Кичево
Кнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
Свети Ѓорѓија, еден од најпочитуваните светители на православната црква, се слави како посен празник од сите верници со православна вероисповед. Освен како семејна слава, овој ден е значаен и за имендените и славите на многу села и градови.
Свети Ѓорѓија – Христовиот војник, се почитува како ослободител на плениците, заштитник на сиромашните, исцелител на болните и помошник на владетелите. Неговиот живот и дела го прават пример за храброст и вера. Неговата молитва до Бога, “Свети Георгије, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души”, и денес ја прославуваме.
Свети Георгиј, победоносец и чудотворец, се родил и живеел во време кога Римската империја била под власта на царот Диоклецијан, кој на почетокот на своето владеење ги третирал христијаните како безопасни. Но, поради ширењето на христијанската вера, во 303 година започнал жесток прогон на христијаните. Во тоа време, Георгиј, кој бил член на римската војска, се истакнувал како војник и добивал високи положби, но неговата вера во Христа не му дозволила да ги предаде своите убежувања.
Неговите родители биле богати и побожни луѓе, а неговиот татко маченички пострадал за верата, што оставило траен печат на младото срце на Георгиј. Мајка му, која потекнувала од Палестина, исто така го воспитала во духот на христијанската вера. Откако таткото починал, Георгиј се преселил во Палестина, каде што дарувал имот на сиромашните и се оддал на благотворна дејност.
Како млад, Георгиј бил примен во елитната војска на царот и на 20 години станал трибун (воен командант). Но, кога Диоклецијан наредил да се принесат жртви на идолите, Георгиј се спротивставил на оваа наредба, без страв да ги изложи на опасност сите привилегии што ги имал. Во моментите на прогон, тој го распродал своето богатство, го ослободил својот имот и робовите, и станал целосно предан на верата во Христа.
Диоклецијан, разгневен од оваа храброст, го фрлил Георгиј во затвор и започнал со неговите мачења. Георгиј бил подложен на страшни tortури: го врзале на клади, го фрлиле во јама со негасена вар, а потоа му давале да пие отров и го тепале со камшици. Сепак, тој не попуштил. Бог го спасил, па дури и во најстрашните моменти Георгиј останал силен и не попустил во својата вера.
Еден од најпознатите мотиви во христијанската иконографија е сцена каде Свети Георгиј ја победува ламјата, симболизирајќи победа на доброто над злото. Оваа икона ја прославува неговата храброст, упорност и несломлива вера.
Сеќавањето на Свети Ѓорѓија ни дава пример за тоа што значи да се живее во вера, храброст и пожртвуваност. За сите кои го слават овој ден, нека биде благословен и среќен, за многу години!

Инаку, традиционално секој 9 декември се одбележува празникот на Кнежинскиот манастир „Свети Ѓорѓија-Победоносец“, по раната литургија, причест примаат сите верниците кои ги слават. На овој свечен чин, во ова свето место доаѓаат голем број верници како од Кичево така и од соседните градови.
Кичево
„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 09.12.2025 г. – вторник „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места од град Кичево:
| Планиран прекин | Кичево | Дел од улица „Ужичка“, дел од ул. „Мечкин Камен“, мотел „Панорама“, ТВ „Ускана“ и дел од потрошувачите во нас. „Под Крушино“ | 09.12.2025 10:00 | 09.12.2025 13:00 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
/ЕВН Дистрибуција
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево15 часаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево18 часаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза16 часаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија1 денЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Хороскоп4 часаХороскоп за среда (10 декември)
-
Македонија13 часаНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија1 денПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
