Кичево
Мартиал Артс: Утре во Кичево ќе се одржи интернационална ноќ на боречки вештини
Интернационална ноќ на боречки вештини во организација на Матриал Артс Академи клубот од Кичево во спортската сала Јанчица на ден 30.07.2021 со почеток во 17 часот
Се што треба да се знае е дека “Ќе имаме одлични борци во овие дисциплини К1,ММА и Бокс од Македонија,Црна Гора,Албанија,Косово,Босна и Србија и им посакувам среќа на сите натпреварувачи за ПортаМК – рече организаторот и промотер Урим Саити”
– Да се запазат сите Ковид 19 мерки,задолжително носење маска,дезинфекција на влезот,да нема групирање повеќе од четири лица и да се држи растојание од два метри изјави – Координаторот на овој натпревар кичевчанецот Драган Ѓорѓиоски
Кичево
Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар
Доцна ноќеска на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на бензинска пумпа, се случила тешка сообраќајна несреќа, која како што дознава Порта.мк од терен во неа учествувале две пмв. марка Пежо и Голф.
Дополнителни првични информации за здравјето на учесниците немаме, причинета е материјална штета.
– Од неофицијални извори молкскавично се шири информација дека има жртви и учесници кои се тешко повредени.
Повеќе информации очекуваме во текот на денешниот ден, односно во дневниот билтен од СВР Охрид.
Кичево
Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!
На ден 05.04.2024 петок со почеток од 19:00 фолклорниот оддел на Државното Музичко училиште од Струга ќе одржи хуманитарен концерт за нашиот сограѓанин Владо Симјановски, за кој како што знаеме сеуште збираме донации за неговото лекување во болницата „Меморијал“ – Република Турција.
Концертот е закажан да се одржи во Дом на Култура „Кочо Рацин“ – Кичево, бидете дел и конечно да ја направиме оваа вечер финална за нашиот кичевчанец кој е на чекор до излекување на тешката болест!
Сите се добредојдени, да играме и да пееме за нашиот Владо, а воедно и да ги поддржиме нашите млади таленти. Исто така оваа прилика преку нашиот медиум кој како што знаете секогаш е на страната на хуманоста – ја користиме можноста да се заблагодариме на г-дин Мазлам Османи, директор на НЦУК „Кочо Рацин“ и сите вработени, хотел „Куќа на Уметноста“, Печатница „Лик“ и КУД „Младост“ кои несебично придонесоа за реализација на овој проект.
Додека ја читате оваа вест, одложете го вашето кафе и донирајте 100 денари преку македонските оператори
Донации повици преку мрежата на „Телеком“ и „А1 Македонија“ , еден повик – „100 денари“
Телеком ☎️: 143 – 414
А1 ☎️: 143 – 666
Донации преку трансакциска сметка за Македонија
Име на банка: Комерцијална Банка АД Скопје
Број: 300017025428784
Име/Презиме: Владо Симјановски
Донации преку девизна сметка за странство
Fist Name/Last name: Slavica Avramoska
Address: s.Tuin – Kichevo
Acc no: 0230706863422
IBAN Code: MK07300307068634267
BIC/SWIFT Code: KOBSMK2XOHB
Bank name: Komercijalna Banka AD Skopje
Кичево
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед
На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси и такси возила.
Притоа, контролирани се вкупно 101 возило (Охрид-68, Струга-11, Кичево-15, Дебар-07), од кои кај едно возило во Охрид и едно во Струга, констатирана е техничка неисправност на системот за сопирање.
NПо целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево8 часа
Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за петок (29 март)
-
Кичево21 час
Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!
-
Кичево1 ден
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед
-
Кичево2 дена
„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата
-
Спорт18 часа
Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории
-
Магазин1 ден
Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес