Кичево
„Соседската патрола“ на СВР Охрид вчера беше во посета на Кичево

На 27/28.07.2021 година во периодот од 22 до 02 часот, СВР Охрид, на подрачјето на Кичево, ја спроведе превентивна кампања „Соседска патрола“. Притоа, мешани патроли составени од полициски службеници од Отсекот за превенција во Охрид и Кичево, претставници од Советот на родители во основните училишта, од Секторот за образование, локалната самоуправа, од Центарот за социјални работи во Кичево и од невладината организација „Вредит да си од Кичево“, извршија превентивна обиколка на повеќе угостителски објекти во централното градско подрачје, на периферијата од градот, како и на други јавни места на отворен простор каде, во ноќните часови, младите најчесто се собираат и се задржуваат.
Целта на кампањата е родителите да се запознаат каде излегуваат нивните деца и во каков амбиент младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се проблемите кои можат да се случат во текот на вечерните забави и како полициските службеници практично ги применуваат своите полициски овластувања.
Во рамките на кампањата, полициските службеници разговораа со младите на јавните места и во угостителските објекти, а малолетните лица посебно беа информирани околу законските обврски кои мора да се почитуваат. Притоа, не е констатирано присуство на малолетници во угостителски објекти или точење алкохол на малолетници по 24 часот, ниту други безбедносни проблеми.
Проектот „Соседска патрола“ има за цел да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да придонесе за зголемување на степенот на безбедност, намалување на можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, подигање на нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места, како и доследно почитување на законските одредби, пред сѐ, од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Македонија4 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје2 дена
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Lifestyle2 дена
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Хроника2 дена
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Lifestyle2 дена
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!
-
Lifestyle2 дена
Три начини на кои тестенините можат да ви помогнат да ослабете