Следете не

Свет

МЕДИУМСКА ВОЈНА: Експлозија на лажни вести и снимки од Украина!

Објавено пред

на

Огромна количина на снимки, фотографии и настани кои немаат никаква врска со реалноста ги преплавија социјалните мрежи ширум светот

Руската инвазија на Украина, освен вистинската, крвава војна, во која војниците и цивилите умираат подеднакво, се води паралелно со две други војни – едната е сајбер, а другата е медиумската, каде борбите се префрлија од телевизиските екрани на социјалните мрежи.

Духот на Киев

Токму војната на социјалните мрежи експлодираше во Украина, каде што бројните снимки, фотографии и настани кои немаат никаква врска со реалноста станаа реалност. На ова треба да се додадат измислени приказни и пораки од украински јавни личности кои почнале да се сликаат со автоматско оружје во рацете, со порака дека ги чекаат руските војници кога ќе им провалат во вилите.

Во медиумите најмногу одекна приказната за „духот на Киев“, кој се појави на небото над главниот град на првиот ден од инвазијата и успеа да собори дури шест руски авиони за само еден ден! Така, на социјалните мрежи се рашири приказната за митскиот пилот кој храбро се спротивставува на куп руски авиони со ловецот „Миг-29“ и ги урива сите.

Според таа приказна, само еден „миг-29“ успеал да собори дури шест руски авиони за еден ден. Ова е моментално најголемиот воздушен ас од 1991 година и од 1945 година, напишаа корисниците на Твитер.

Лажна жртва

Дури шест весници од Запад објавија насловни страници со слика на повредена и расплакана жена, руска жртва на војната во Украина! Се испостави дека се работи за жена од областа Чернобил на која во станот и експлодирала плинска боца во 2012 година!

Бомбардери

Една од првите вести за руската инвазија беше летот на руски стратешки бомбардери ТU-22 над Киев. Се испостави дека оваа вест е лажна и дека видеото датира од 2020 година, кога се одржа воена парада, која беше одложена поради пандемијата и дека овие бомбардери не учествувале ниту на првиот ден од инвазијата на Украина.

Слетување со падобран

Една од најпопуларните објави на Твитер беше видеото од масовното слетување на падобран. И тоа беше на првиот ден од инвазијата, кога руските падобранци слетаа во близина на Одеса, а потоа и во Харков. Се испостави дека снимката е направена уште во 2016 година, според некои во 2018 година, за време на руската воена вежба.

Ракета во зградата

Ракета погоди солитер во Киев, која разнесе неколку станови, се уште е предмет на спор меѓу Русите и Украинците. Веднаш по експлозијата, Твитер беше преплавен со наводни снимки од камерите од становите кога се случи експлозијата, се покажа дека тоа е Бејрут од 2020 година, кога експлодираше пристанишниот склад.

Последен во низата лажни снимки беше падобран кој слета на Киев. Имено, во саботата вечерта се појави слика од Киев во самрак, кога на небото се забележани бели траги за кои се наведува дека се руски падобранци. Подоцна се испостави дека тоа се траги од ракети за противвоздушна одбрана.

Инаку, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен синоќа изјави дека руските државни медиуми Russia Today и Sputniк ќе бидат забранети во Европската унија, за да се спречи, како што рече, ширење „лаги“ за руската инвазија на Украина.

Две верзии, без потврда

Русите го уништиле „Ан-225“?

На социјалните мрежи се прошири веста дека руските сили го уништиле најголемиот авион на светот „Ан-225“ за време на битката за аеродромот „Хостомељ“, кој го користела компанијата „Антонов“. Инаку, пред два дена имаше информација дека кога Русите го окупирале тој аеродром, авионот „Ан-225“ останал недопрен и неоштетен, потоа дека авионот бил префрлен во Русија, што е лажна вест, а потоа и дека авионот бил под напад.Уништени руски беспилотни летала. Засега ниту една од верзиите не е официјално потврдена.

/kurir.rs/

 

Свет

Руските власти предупредуваат дека целосно ќе ја блокираат апликацијата за пораки „WhatsApp“

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io

Руските власти денеска предупредија дека може да ја блокираат целосно услугата за пораки WhatsApp, обвинувајќи ја за недостаток на акција во исклучување на активностите кои Москва ги смета за криминални на платформата.

Американскиот технолошки гигант Meta, кој го поседува WhatsApp, не даде веднаш одговор на оваа закана, која ја упати Роскомнадзор, рускиот регулатор за телекомуникации.

Уште во август, Русија ја забрани можноста за повици преку WhatsApp, како дел од поголемата кампања против социјалните мрежи во сопственост на странски компании. Истото ограничување се однесуваше и на платформата Telegram.

Критичарите сметаат дека Москва се обидува да ги принуди граѓаните на Русија да преминат на платформи што се под директен надзор на државата. Според Роскомнадзор, WhatsApp се користи за „организирање терористички дејства во земјата, регрутирање терористи, извршување измами и други кривични дела против руски граѓани“.

„Ако платформата не ги усогласи своите операции со руските закони, таа ќе биде целосно блокирана“, се додава во соопштението.

WhatsApp е една од двете најпопуларни услуги за пораки во Русија, заедно со Telegram. Москва инсистира на тоа дека и двата сервиса треба да дозволат пристап до податоци по барање на властите, не само за истраги за измами, туку и за истражување на активности кои Русија ги смета за терористички.

Дополнително, руските власти ги обвинуваат украинските безбедносни сили дека користат овие апликации за регрутирање на Руси за извршување саботажи во замена за парични награди.

Застапниците за човекови права изразуваат загриженост дека продолжувањето на мониторингот на овие платформи ќе доведе до значително проширување на полициските овластувања на руската држава.

Извор: independent.co.uk

Прочитај повеќе...

Свет

Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја

Објавено пред

на

©porta.mk

Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани извори. Компанијата е во почетна фаза на истражување и може да побара американска лиценца за купување на активите, но се уште може да се повлече.

„Лукоил“, кој произведува околу два проценти од руската нафта и има операции во Европа, Блискиот Исток, Африка и САД, претходно објави дека бара купувачи за своите средства надвор од Русија. Американските санкции веќе ги нарушија неговите активности во неколку земји, пренесуваат светските медиуми.

„Карлајл“ е една од најголемите глобални инвестициони компании со управувани средства од околу 474 милијарди долари.

Прочитај повеќе...

Свет

Гигантот „Амазон“ најави отпуштање на 14,000 вработени од својата корпоративна работна сила

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Bryan Angelo

Компанијата Амазон соопшти дека ќе отпушти приближно 14.000 вработени од својата корпоративна работна сила. Претходните извештаи укажуваа дека бројката би можела да достигне и до 30.000 лица, но компанијата официјално потврди дека станува збор за 14.000 отпуштања.

Од компанијата не беше прецизирано кои оддели се најмногу погодени од намалувањето на персоналот. Сепак, според достапните информации, отпуштањата ги зафатија тимовите задолжени за видео игри, логистика, плаќања и cloud computing услуги.

Како главна причина за овој чекор се наведува зголемената примена на вештачката интелигенција. Потпретседателката на Амазон за човечки ресурси и технологија, Бет Галети, изјави:

– „Оваа генерација на вештачка интелигенција претставува најтрансформативната технологија што сме ја виделе по појавата на интернетот. Таа им овозможува на компаниите побрзо да иновираат од кога било досега. Веруваме дека треба да бидеме поефикасни, со помалку организациски слоеви и поголема одговорност, за да можеме побрзо да одговориме на потребите на нашите клиенти и на нашиот бизнис.“

Во изминатите неколку години, Амазон спроведе повеќе помали бранови на отпуштања, кои влијаеја врз различни оддели, меѓу кои Prime Video, Amazon Web Services и логистичките центри на компанијата, пренесуваат преку нивното гласило aboutamazon.com

Извор: aboutamazon.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за среда (3 декември)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност можа да...

Македонија6 часа

Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција

АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот...

Македонија9 часа

РЦ „Запад“ и СВР Охрид на охридскиот аеродром учествуваа на симулирана показна вежба „Воздухоплов со запален мотор на полетување“

Денеска, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со...

Магазин13 часа

(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!

„Marbled In Stone“ вчера официјално го претстави третото и завршно продолжение од „Men Of Silver Soul“ истакнато како „Not Gonna...

Македонија13 часа

МВР: До 2030 преполовување на жртвите во сообраќајот, до 2050 – нула жртви

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на првата Национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, што...

Кичево14 часа

„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево

Како современа и професионална компанија која поставува сосема нов стандард во печатењето на фотографии, „Canvas Print Media“ го нуди најквалитетното...

Временска прогноза14 часа

Од утре до сабота повторно врнежи од дожд во Македонија

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови од утре (среда 3...

Македонија16 часа

ДЕМАНТ: Внимание за злоупотреба на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови

Бигорскиот манастир истакна соопштение и демант за злоупотребата на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови. Се чувствуваме...

Кичево17 часа

(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди

Вчера, со свечен настан исполнет со емоции и големна гордост, беше означен официјалниот старт на гламурозниот „Atva Residence Hotel &...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (2 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Може да очекувате поддршка од соработниците кои се со вас. Деловното поле...

НАЈЧИТАНИ