Следете не

Македонија

Утре нови цени на горивата, Регулаторна комисија за енергетика на пладне пред важна одлука..

Објавено пред

на

РКЕ утре на пладне ќе донесе одлука и ќе ги соопшти новите цени на течните горива од полноќ. Минатата недела како и претходно наназад Регулаторна одлучи цените на горивата да се зголемат – тоа беше 0,5 денари.

Што се однесува до цената на суровата нафта се искачи од над 100 долари за барел, а светските берзи паднаа по извештаите за широката воена операција на Русија против Украина, која ги зголеми стравувањата од голема војна во Европа. 

Претседателот на РКЕ – Бислимовски истакна дека сите земји од регионот имаат поголема цена на горивата од нас, особено кога се работи за дизелот и се она што се случува на берзите влијае кај нас.

Актуелните цени на нафтените деривати во моментот:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)

Повикувајќи се на информациите за суровата нафта и покачената цена за барел, дали следува ново поскапување на горивата утре, останува да видиме ..

Македонија

Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат  А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена измена на режимот на сообраќај, пренасочување –  (девијација),  на делницата Пресека – Песочан (од 0км – 11.5км).

Овој времен режим ќе трае се до завршување на градежните работи, известуваат од ЈП Македонија Пат.

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Објавено пред

на

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на овие организациони единици.

Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјата за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот процес.

На состанокот беше нагласено дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни мерки за време на туристичката сезона, така што сите туристи да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територија на целата држава. Беше констатирано дека има зголемување на патниците на граничните премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Објавено пред

на

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скооје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:

Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:

петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот

– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза18 минути

Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски

На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ,...

Македонија8 часа

Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат  А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена...

Хороскоп8 часа

Хороскоп за петок (4 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Скопје12 часа

МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак

Денеска (03.07.2025) во полициска станица во СВР Скопје е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01.07.2025 околу...

Кичево18 часа

(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (3 јуни)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Автомобили2 дена

Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците

Работата на моторот, квалитетот на системот, дизајнот на ентериерот и карактеристиките на возилото се само дел од аспектите кои ги...

Магазин2 дена

Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон

Во денешно време, едно од најчестите прашања кај корисниците е дали честото полнење ја оштетува батеријата. Според експертите, одговорот е...

Автомобили2 дена

Дали би направиле место за резервно тркало?

Сè почесто се поставува прашањето: зошто новите автомобили речиси и да немаат резервно тркало и дали треба да се вратиме...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (2 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

НАЈЧИТАНИ