Магазин
Денес на Меѓународниот ден на децата „Рурална Коалиција“ го посети кичевското ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“, каде најмладите се запознаваа со условите и начинот на живот во селата
По повод Меѓународниот ден на децата, 01-ви јуни, учениците од прво одделение во основното училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ во Кичево, денес имаа можност да се запознаат со основните поими поврзани со животот на село, развојот на селските средини и производството на чиста и здрава храна. Предавањето го реализираше Рурална Коалиција во соработка со основното училиште, а се со цел децата уште од најмала возраст да се запознаат со условите и начинот на живот во селата и руралните средини и да добијат јасна слика за потребата од нивно зачувување, но и потребата од производство на чиста и здрава храна за која што нашето поднебје нуди идеални услови.
Во текот на предавањето исто така беа споменати и различните занаети кои што може да се развиваат и негуваат во руралните средини како што е грнчарството, производството и преработката на земјоделски производи (овошје и зеленчук), но и производството на ајвар, слатко, џем кои што особено се омилени кај децата. Едукативното предавање даде осврт и на сите активности кои што може да се практикуваат во селата и во природата, како и на подготовката на традиционалните јадења од страна на нашите баби, што пак е и главната асоцијација за нашите селски предели.
Децата имаа можност да цртаат и бојат на теми поврзани со животот на село, да се запознаат и со видовите на домашни животни кои што се одгледуваат на село, но и да вкусат дел од производите кои што се произведуваат од вредните раце на жителите во селата.

Едукативното предавање е една од активностите кои што основното училиште и Рурална Коалиција ги реализираат заедно во рамките на потпишаниот меморандум за соработка, а во насока на промоција и зачувување на домашното и автентично производство на храна, но и мотивација на децата за вршење на бројни други активности на село кои што се особено важни за развојот на руралните средини.
Ваквите предавања се насочени кон развивање на свеста кај децата уште од најмали нозе за значењето на производството на храна, но и потребата од вложување и развој на руралните средини како идни генерации кои што може да ги изберат токму селата и професиите поврзани со руралниот развој, па и да ги селата како места за нивно живеење и создавање на семејство заради предностите кои што ги имаат овие места, а кои што стануваат се повеќе атрактивни и во светски рамки, истакна Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална Коалиција.
Предавањето е реализирано како дел од годишната програма за работа на Рурална Коалиција која што е финансисирана со институционален грант во програмата на Цивика мобилитас.
Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска
Lifestyle
(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно тешки килограми, а секој негов тренинг претставува ново изненадување за неговата публика. Со голема посветеност на фитнесот, тој секојдневно работи на подобрување на својата сила и техника, а најимпресивните моменти ги споделува токму на своите видеа.
Неговите кратки, динамични објави не се само демонстрација на физичка моќ тука има и забавен елемент, хумор и мотивација. Анатоли успева да го пренесе она што го чувствува кога ја надминува сопствената граница, па многумина го следат токму со цел да се инспирираат. Секој нов рекорд што го поставува во теретаната предизвикува бројни реакции и восхит кај гледачите, а неговата самодоверба и ентузијазам се препознатлив белег на сите негови видеа.
По три години активна работа и редовно снимање, Анатоли конечно доживува и уште еден важен момент да биде препознаен во фитнес центар. Тој со насмевка раскажува дека тоа веќе му станува нормално, бидејќи луѓето кои ги следат неговите видеа сè почесто го препознаваат во живо и му приоѓаат со поддршка.
Со растечка заедница на следбеници, Анатоли сè повеќе се истакнува како мотиватор за младите кои сакаат да влезат во светот на фитнесот. Тој покажува дека со труд, дисциплина и упорност може да се достигнат резултати што некогаш изгледале невозможни.
Секое негово видео е потсетник дека границите постојат само за да се поминат. Во прилог и видео записот каде неговиот лик е препознат од фитнес момците:
@anatoly_pranks Of course, over the last 3 years a lot of people have recognized us. But this time… it was different. Full on YT 🤭 #anatoly #gym #prank
Магазин
Ивана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како претходните години, продолжува и оваа година по петти пат, со голема радост ја најави нејзината традиционална хуманитарна Новогодишна 🎄 акција со илустрирани честитки!
Нејзината 🎄 новогодишна акција, Ви ја споделуваме во целост:
Со огромна радост, ја објавувам годинешната хуманитарна акција со Новогодишни честитки! Честитките се илустрирани од мене, со многу љубов и внимание. Ви носам свежи дизајни во кои има чувство на топлина, се буди носталгија, но и надеж за поубави времиња во иднина. Честитките се во А6 формат и се отвораат. Подетален опис има под секоја честитка индивидуално.
За прв пат оваа година, благодарение на Студио Контура, честитките се печатени на рециклирана хартија – што значи, имаме и еколошки елемент на акцијата. Како и сите години претходно, принтот си го покриваме јас и Nikola, честитките се продаваат по само 50 денари, и цел профит оди за хуманитарни цели кои ги одлучувам на крај на акцијата.
Еве како се алоцираа средствата претходните години:
https://tinyurl.com/chestitki2025
https://tinyurl.com/chestitki2024
https://tinyurl.com/chestitki2023
https://tinyurl.com/chestitki2021
Честитките се достапни преку порака, во инбокс кај мене.
За во:
– Скопје – Ви ги доставувам лично на договорено место;
– Кичево и Струга – или ќе ги земете од кај нашите семејства, или ќе ви ги донесам ако сум јас во тој период тука;
– Други градови: Испраќам по карго, за порачани 14+ честитки доставата е бесплатна.
– Оваа прилика сакам да ја искористам и сакам најтопло да се заблагодарам на вашиот медиум кој секоја година ми дава значајна поддршка, како и на секој од вас што претходните години си купи од моите честитки, и однапред да се заблагодарам на сите кои ќе купите честитки годинава. Без сите Вас, овие акции не би биле можни. Јас сум пресреќна што години уназад, со мојот скромен талент успевам да направам нешто убаво, но и што сите Вие имате доверба во мене, за Порта.мк истакна Ивана
Хумани луѓе, пишете ми за порачка и споделувајте ја акцијата!
Хороскоп
Хороскоп за петок (5 декември)
ОВЕН
Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка. На емоционален план имате потреба да доминирате над партнерот. Здравјето е солидно.
БИК
На работното место сте самоуверени и влегувате во конфликти само за да докажете дека сте во право. Емотивно сте расположени за размена на нежности и слатки зборови со другата половина. Прошетката е добар начин за опуштање и подобрување на расположението.
БЛИЗНАЦИ
Деловните проблеми никако да завршат а тоа ве прави фрустрирани. Емоциите ви вријат, можете да дојдете до проблеми во врската поради љубомора. Кога е здравјето во прашање, физички сте неактивни а тоа доаѓа на ваша штета.
РАК
Ви следи деловно и финансиски успешен ден. Ќе бидете задоволни затоа што трудот ќе ви се исплати. Во емоционална смисла сте потонале и размислувате за минатото кое не можете да го промените. Здравјето е солидно.
ЛАВ
Поради работата самодовербата ви е доста ниска. Сатисфакција добивате на емоционално ниво преку партнерот на чија љубов и поддршка можете да сметате во секој миг. Кожата ви е прилично чувствителна.
ДЕВИЦА
Денес е поволен ден за да се позанимавате со некои постари обврски и конечно да ги тргнете од дневниот ред. Во емоционална смисла сте незаинтересирани за било какви дружења или нови познанства. Здравјето ви е солидно.
ВАГА
Расположени сте за работи и сите цели ви делуваат лесно остварливи и достапни. На емоционален план сте напнати па можно е да вашето незадоволство да го „истурите“ врз партнерот. На здравствено поле можни се проблеми со алергии.
ШКОРПИЈА
Во тек е деловен ден поради што ќе се чувствувате максимално фрустрирани. Имате чувство дека не се поместувате од мртва точка. Денот е одличен за љубовна комуникација од таен тип. Синусите ви се прилично чувствителни.
СТРЕЛЕЦ
Денешниот ден е неповолен за комуникација и сообраќај па пожелно е да бидете внимателни. Во емоционална смисла сте затворени и не сакате да зборувате отворено за вашите емоции. Ве очекува нервоза од минлив тип.
ЈАРЕЦ
Денот е неповолен за состаноци па можете да очекувате неко од нив да бидат одложени, а на оние кои ќе бидат одржани можно е да не го добиете она кое го посакувате. Имате понуда за да влезете во нова авантура, но ќе размислувате дали да ја искористите. Чувствително грло.
ВОДОЛИЈА
Ова е одличен ден за јавен деловен успех особено ако работата има врска со законот или јавноста. Расположени сте за љубов, гледање и комуникација со другата половина. На здравствено поле немате проблеми.
РИБИ
Максимално сте посветени на своите деловни обврски и успех. Денес е одличен ден за ново познанство со потенцијалниот партнер кој можете да го запознаете преку работа. Во физичка смисла сте стабилни и силни.
-
Магазин6 часаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (4 декември)
-
Хороскоп16 часаХороскоп за петок (5 декември)
-
Спорт54 минутиКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Здравје и убавина1 денСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
-
Lifestyle4 часа(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Македонија18 часаСообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
-
Свет18 часаПоради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
