Следете не

Храна

Мени за Велики Петок: Ден за лесни оброци и големи молитви

Објавено пред

на

Велики петок е еден од најтажните денови во христијанството. На овој ден, Исус Христос бил распнат на крстот на Голгота.

Овој празник е ден на голема жалост, па затоа се одбележува со строг пост, воздржување од веселби и прослави, а според традицијата, на овој ден не треба да се извршуваат никакви обврски, ни надвор ни во домот. Црковните ѕвона не ѕвонат на овој ден.

Ви предлагаме 5 јадења на вода што можете да ги јадете на Велики петок…

Палента на вода:

Направете палента со малку вода и сол. Во посебно тенџере продинстајте малку кромид и лук, прелејте ги со доматен сок во кој сте додале малку оригано и сол, па оставете сето тоа да зоврие. Прелејте ја палентата со доматниот сос и уживајте!

Крем-чорба:

Состојки: 2 компири, 2 моркови, 1 главица кромид, 300 грама спанаќ и 2 чешниња лук.

Приготвување: Ставете го зеленчукот во тенџере, прелејте го со вода и посолете. Варете го на тивок оган околу 1 час. Со миксер изматете го зеленчукот. Послужете го со коцки сув леб.

Пита со ориз и праз:

Состојки: 1 праз, 300 грама варен ориз, сол и бибер, кисела вода и 1 пакување кори за пита.
Приготвување: Исечкајте го празот, па динстајте го на малку вода. Кога ќе се издинста, додајте му варен ориз и зачини.

Одвојте еден лист од корите за пита, па наросете ја со неколку капки кисела вода, потоа на неа стуткајте уште еден лист кора за пита, па обилно филувајте го со ориз и праз, завиткајте и ставете ги во тепсија. Кога ќе ги наредите и останатите кори, посипете се’ со кисела вода и ставете во рерна да се пече околу 20 минути на 200 степени.

Грав на вода:

Состојки: ½ килограм бел грав, 250 грама кромид, 1 морков, 1 сува пиперка, 2 лажици брашно, сува пиперка и сол.

Навечер, потопете го гравот во вода да отстои прекуноќ. Утредента исцедете го, прелејте го со друга вода и ставете го да зоврие. Повторно исцедете го и прелејте го со вода. Додајте исечкан кромид, морков, сува пиперка и варете додека гравот не се свари како што треба. Разматете брашно во малку вода, додајте малку сув пипер, па сето тоа додајте го во гравот што врие. Посолете по вкус и тргнете го јадењето од оган.

Рижото од зеленчук:

Состојки: 150 грама грашок, 150 грама моркови, 150 грама пченка, 1 шолја бел ориз сол, бибер, свеж магдонос и куркума (по желба).

Приготвување: Сварете го зеленчукот во малку вода, па кога ќе биде речиси готов, додајте добро измиен ориз. Оставете го сето тоа да врие десетина минута, а потоа тргнете го од рингла. Додајте сол, бибер и свеж магдонос и промешајте. Може да додадете и куркума по желба.

Магазин

Понекогаш е наједноставното најдобро: Печени компири со ореви и кромид

Објавено пред

на

Фото: Yosuke Ota @ unsplash
Фото: Yosuke Ota @ unsplash

Овој рустикален рецепт комбинира три совршени текстури: крцкава печена кора, нежна внатрешност и ароматични крцкави ореви. Кромидот или празот додаваат солена, карактеристична арома, а оревите внесуваат јаткаст контраст. Резултатот е едноставно јадење што може да биде и прилог и лесен главен оброк.

Состојки (за 3–4 лица):

  • 1,2–1,5 кг компири (средни или поголеми)

  • 1 кромид или 2–3 стебленца праз

  • 80–100 г сецкани ореви (грубо)

  • Маслиново масло

  • Сол и бибер

  • По желба: свеж магдонос, рузмарин или мајчина душица

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200°C. Измијте ги компирите и пресечете ги на половина по должина. Ако се поголеми, исечете ги на четвртини.

  2. Во голем сад измешајте: компири, маслиново масло, сецкан кромид или праз, ореви, сол, бибер и билки ако ги користите. Измешајте добро за сè да се премачка рамномерно.

  3. Распоредете ги компирите на плех обложен со хартија за печење или лесно намастен. Печете 35–40 минути додека не добијат златно-кафеава боја, а оревите станат крцкави. На половина време промешајте за рамномерно печење.

  4. По желба, додадете свеж магдонос или мајчина душица. Послужете ги топли — одлични се со печено месо, свежа салата или како самостоен топол прилог.

Извор: 021

Прочитај повеќе...

Магазин

Рецепт за најсочните мини пици: Брзи, меки и едноставно неодоливи

Објавено пред

на

Фото: Charles Chen @ unsplash
Фото: Charles Chen @ unsplash

Овие мини пици се вистинска класика – идеални за гости, прослави, родендени или брза ужина. Ги сакаат и деца и возрасни, а најубаво е што можете да ги филувате по свој вкус. Тајната на совршените мини пици е во добро нараснато тесто и кратко печење на висока температура, што создава златна кора и мек, сочен центар.

Основни информации

  • Тешкотија: лесно

  • Време на подготовка: околу 1 час

  • Време на печење: 10–20 минути

  • Температура: 200–220 °C

  • Порции: 20–30 мини пици (во зависност од калапот)

  • Категорија: тесто, солено, брза храна

Состојки

За тестото:

  • 10 г свеж квасец

  • 250 мл млака вода или млеко

  • 1 лажичка шеќер

  • 1 лажичка брашно (за активирање на квасецот)

  • 500 г брашно

  • 1 лажичка сол

  • 60 мл масло

За фил:

  • 4 лажици доматен сос или кечап

  • Шунка, салама или сланина (по избор)

  • Рендано сирење или моцарела

  • Оригано

  • Опционално: маслинки, пченка, кисели краставички

Подготовка

1. Активирање на квасецот

Во млака вода или млеко додадете шеќер, квасец и една лажичка брашно. Измешајте и оставете 10 минути да се активира додека не се појави пена.

2. Замесување тесто

Во голем сад измешајте брашно и сол. Направете вдлабнатина и додадете го активираниот квасец и маслото. Месете додека не добиете меко и мазно тесто.

  • Ако е премеко – додадете малку брашно.

  • Ако е тврдо – додадете уште малку вода или млеко.

Покријте со крпа и оставете да нарасне 45–60 минути, додека не се удвои.

3. Подготовка на сосот

Измешајте доматен сос со оригано. По желба додадете малку ситно сечкан лук.

4. Обликување мини пици

Замесете го нараснатото тесто и развлечете го на дебелина од околу 0,5 см. Со калап или чаша исечете кругови и наредете ги на плех со хартија за печење.

На секое парче ставете лажичка сос, па додајте шунка, сирење и дополнителни состојки по желба.

5. Печење

Печете во загреана рерна на 200–220 °C околу 10–20 минути, додека мини пиците не добијат убава златно-кафеава боја и додека сирењето не се растопи.

Извор: Kurir

Прочитај повеќе...

Магазин

Крем супа од печурки – вкусен и лесен рецепт за топол оброк

Објавено пред

на

Фото: nrd @ unsplash
Фото: nrd @ unsplash

Ако сакате нешто кремасто, миризливо и пријатно за ладните денови, оваа домашна крем супа од печурки е вистинскиот избор. Лесна е за подготовка, хранлива и богата со природен вкус на шампињони. Совршена за ручек, вечера или како предјадење.

Состојки:

  • 400 г шампињони (или мешани печурки)

  • 50 г путер

  • 1 црвен кромид

  • 2 чешниња лук

  • 3 лажици брашно

  • 1,2 литри супа од зеленчук (или вода со една коцка за супа)

  • 200 мл павлака за готвење

  • сол и црн пипер по вкус

За сервирање:

  • свеж магдонос

  • златни топчиња за супа или крутони

  • малку павлака

Подготовка:

  1. Подготовка на зеленчукот:
    Исчистете ги печурките и исечете ги на тенки парчиња (околу 3 мм). Излупете го кромидот и лукот, па исечете ги на ситни коцки.

  2. Пржење:
    Во подлабоко тавче или тенџере растопете го путерот на средна температура. Додадете го кромидот и пржете неколку минути додека не омекне и не стане светол и проѕирен.

  3. Додавање на печурките:
    Додајте ги исечканите шампињони и динстајте ги додека не ја испуштат својата течност.

  4. Згуснување на супата:
    Додадете го брашното и добро промешајте за да се впие течноста и да се добие мазна смеса. Тргнете накратко од оган, па постепено додавајте го зеленчуковиот фонд или супа, мешајќи постојано за да нема грутки.

  5. Готвење:
    Вратете ја супата на оган, оставете да зоврие и варете околу 20 минути.

  6. Завршување:
    Додадете ја павлаката за готвење, потоа варете уште 10 минути. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.

  7. Сервирање:
    Послужете ја топла, украсена со свеж магдонос, неколку капки павлака и златни топчиња за супа или крутони за крцкав контраст.

Совет:

Ако сакате погуст крем, можете да ја изблендирате супата со рачен блендер пред да ја додадете павлаката.
За посебен вкус, додадете неколку капки маслиново масло со тартуфи или малку рендано пармезан сирење.

Извор: Nezavisne

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Свет2 часа

Тлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени

Денес, во 22:52 часот, беше забележан нов земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтерова скала на јапонскиот остров Хокаидо....

Хороскоп3 часа

Хороскоп за вторник (9 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Премногу очекувате од соработниците кои не размислуваат на ист начин како вас....

Спорт6 часа

Ако не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?

Реал Мадрид по поразот од Селта Виго со 0:2 на домашен терен во „Примера дивизион“ минатата недела, при што беа...

Македонија7 часа

Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди

На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“...

Македонија12 часа

ПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана

Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од, Полициската станица...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (8 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Размислувате да воведете некои инавации во работата. Подготвени сте да се посветите...

Кичево1 ден

„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 09.12.2025 г. – вторник „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на...

Фото: Jonas Kakaroto @ unsplash Фото: Jonas Kakaroto @ unsplash
Здравје и убавина1 ден

Дајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје

Многу луѓе се соочуваат со проблеми во дигестивниот систем кога патуваат на одмор. Промената на климата и новата околина често...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (7 декември)

ОВЕН Вдишете длабоко и одвојте малку повеќе време за себе. На овој начин ќе сфатите дека ништо нема да се...

Здравје и убавина2 дена

Како полесно да ја издржите диетата за слабеење

Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден...

НАЈЧИТАНИ