Хороскоп
Месечен Хороскоп (ноември)

ОВЕН
Вашата водечка планета Марс започнува да се движи во директна насока на 13ти ноември, а тоа ќе ви даде чувство дека повторно се враќате во колосек. Ќе се чувствувате ослободени од жестокиот темперамент кој Марс го имаше додека се движеше ретроградно. Ако во изминатите неколку месеци сте чувствувале дека наместо да се приближувате до вашите цели вие се повеќе се оддалечувате, конечно ќе ја повратите вашата самодоверба и ќе се дивжите со полна пареа кон нивно остварување. Наскоро ќе ги вкусите плодовите од вашиот труд. Ќе откриете дека понекогаш форсирањето на некои нешта не е најдобриот начин да направите да се случат.
Од 15-ти ноември започнува момент на ретроспектива. Ќе успеете да откриете каде лежи вашата страст и тоа ќе ве води напред. Сите ви се восхитуваат, искористете го поволниот период на најдобар начин.
БИК
Овој месец врските ќе имаат големо влијание во вашиот живот. Од една страна ќе чувствувате љубовна и хармонична енергија. Месечината од 15-ти ноември ќе ви даде можност да застанете на иста страна со вашиот партнер а тоа ќе ве зближи повторно. Очекувајте уште поголемо зацврстување на врската од 21-ви ноември, некои Бикови можно е да се одлучат за брак. Можно е да прославите со романтична вечера. Поводете повеќе сметка за вашите несвесни навики, некои од нив се причината поради која не остварувате подобри резултати во вашите финансии и бизнис. Времето поминато со оние кои ви значат ќе направи да се чувствувате благодарно и исполнето.
Овој месец ќе биде во знакот на врските. Ќе се обидувате да протолкувате нечии намери. Немојте да ги игнорирате вашите инстинкти. И колку да сте тврдоглави знајте дека понекогаш е подобро да попуштите. Тоа е единствениот начин да добиете се што ќе посакате.
БЛИЗНАЦИ
Меркур, вашата владеачка планета минатиот месец даде се од себе во секторот на вашата работа и секојдневен живот. Веќе од 3-ти ноември го започнува директното движење па ќе се чувствувате повторно полни со елан и подготвени за нови цели и нови остварувања. Од 10-ти ноември доаѓа до зацврстување на ваашта дисциплина и грижа за себе. Вашата енергија ќе биде насочена кон извршувањето на работните задачи брзо и ефективно. Ќе морате да се чувствувате самоуверено доколку сакате да ги остварите вашите цели. Вашата иднина станува поблескава како што се движите спрема новата година.
Полната месечина започнува на 30-ти ноември и ќе фрли светлина врз вас до крајот од годината. Ќе бидете свесни за сите ваши желби, ќе мора да направите некои жртви за да ги остварите.
РАК
Овој месец приоритет ќе ви биде одржувањето на стабилност и сигурност до точка до која ќе чувствувате дека сте се затвориле себеси во кафез. Овој месец очекувајте сигурност во финансиите затоа што нема да бидете премногу отворени кон ризици. Ќе се чувствувате поприватни од било кога и едноставно ќе ви биде тешко да се изразувате себеси и своите емоции пред другите, тие ќе имаат чувство дека криете нешто од нив. Постепено ќе почнете да се отворате и ќе почувствувате поврзаност со луѓето кои ви значат. Од 15-ти ноември ќе бидете посвесни за своите чувства.
Добро е да се посветите на себеси и да издвоите време во самотија на 30-ти ноември кога полната месечина влегува во Близнаци. Ова е идеален период да оставите нешто зад себе. Некоја личност од минатото се враќа, но најдобро е да ја оставите во спомените.
ЛАВ
Во втората половина од октоври влеговта во доста носталгичен период. Во почетокот на ноември ќе се фокусирате на вашето семејство и домот. Ќе чувствувате дека некои нешта кои ви се случиле во домот имале доста големо влијание врз вас и тоа ќе ви помогне да научите и согледате важни нешта и лекции. Присетувањето на минатите грешки и неостварени соништа ќе ви помогне да донесете подобри одлуки во иднина а исто така ќе ви помогне да донесете некоја одлука во врска со некој конфликт помеѓу блиски и роднини. Немојте да дозволите целото ваше внимание да биде насочено кон минатото, наместо тоа гледајте кон иднината, таа ви носи повеќе ведрина.
Полната месечина започнува на 30-ти ноември а тоа ќе ви помогне да го проширите вашиот круг на пријатели и соработници, ќе бидете отворени за нови конеции.
ДЕВИЦА
Ретроградниот Меркур навистина ја извлече сета енергија од вас, правејќи да чувствувате несигурност кога се во прашање вашите задачи и одговорности. Од 3-ти номври доаѓа крајот на вашите фрустрации и првото нешто кое ќе го забележите е подобрување на вашите финансии а тоа ќе ви даде чувство на олеснување. Нова можност за да направите заштеда. Ќе се чувствувате оптимистични и тоа ќе ви годи.
На 10-ти ноември Меркур влегува во вашиот сектор на обврските и задачите. Ќе бидете полни со енергија и елан да ги завршите сите задачи кои ви стојат на листа. Внимавајет затоа што во вашата природа е да ги оставате некои нешта напола завршени. Но не грижете се затоа што ќе имате доста време на претек да успеете во се.
ВАГА
Месец ноември ќе биде значаен за вашите финансии и начинот на кој располагате со нив а тоа ќе влијае на вашето расположение и среќа. Ќе морате да посветите поголемо внимание во нивното менаџирање. Од 10-ти ноември ќе почнете да добивате инспиративни идеи како да ја зголемите вашата добивка, вашиот потенцијал ќе го достигне максимумот. Ќе бидете директни во искажувањето на вашите желби и нема да внимавате што зборувате и дали вашите зборови можат да погодат некого. Новата месечина на 15-ти ноември ќе ги сортира вашите мисли и приоритет а тоа ќе ви помогне полесно да стигнете до целта. Сега е вистинско време да се ослободите од нешта кои не ви служат и да го оставите товарот во минатото. Заменете ги старите нешта со нови.
ШКОРПИЈА
Овој месец ќе пронајдете одоговри на многу прашања кои ве мачат. Сега ќе ви биде полесно да ги насочите вашите приоритети, некои од нив ќе помагаат во одржувањето на вашата приватност. На 3-ти ноември Меркур го завршува своето ретроградно движење во вашиот знак и тензијата ќе биде на високо ниво. Ќе се чувствувате подготвени за нови почетоци. Би било добро одредено време да се држите понастрана од друштвените мрежи и медиумите затоа што некои вести можат да имаат големо влијание врз вашето расположение.
На 10-ти ноември Меркур започнува да се движи во вашиот знак, можно е погрешно да толкувате некои пораки или да реагирате негативно и избувливо кон вашите блиски. Издвојте време за медитација и некој друг вид на ослободување од стресот.
СТРЕЛЕЦ
Во месец ноември бидете подготвени вашата самодоверба да го достигне врвот. Нема да се плашите да го кажувате вашето мислење, но внимавајте затоа што тоа може да повреди чувства на некои луѓе кои особено ви значат. Помеѓу ретроградниот Меркур некои Стрелци ќе бидат особено избувливи и подготвени за борба. 12-ти ноември донесува добри вести, ова е ден кога можете да очекувате подобрување на финансиската состојба, добивка или неочекувано покачување. Со завршувањето на ретроградното движење повторно ќе ја повратите самодовербата, ќе бидете подготвени да остварите се што ќе посакате. Вие сте знак кој е симбол на оптимизмот па очекувајте пријатни мигови и моменти за кои ќе славите.
ЈАРЕЦ
Додека сте под стрес вие сте сурови и им судите на другите, но тоа не значи дека не се грижите туку тоа е начинот на кој ја искажувате својата наклонетост, но тоа може да делува студено во очите на другите ако не водите сметка. На 10-ти ноември Меркур влегува во Шкорпија а тоа може да предизвика чувства на љубомора и параноја. Вашиот партнер може да се однесува премногу интензивно. Немојте да ги сфаќате нештата премногу лично, бидете отворени и искрени за вашите чувства.
Ретроградниот Марс ги стагнираше вашите проекти и напредокот на личен и професионален план. Марс почнува да се движи директно кон Овен на ноември 13-ти а тоа ќе доведе чувство на контрола и креативност во професионалниот и сексуалниот живот. Немојте да ги потиснувате чувствата затоа што тоа ќе се одрази лошо на долгорочен план.
ВОДОЛИЈА
Кога се во прашање врските вие се однесувате прилично кул затоа што сте интелектуален и логичен воздушен знак. Всушност понекогаш се однесувате премногу кул а тоа му пречи на вашиот партнер. Внимавајте на љубоморни испади кога Меркур ќе влезе во Шкорпија на 10-ти ноември. Пристигнуваат позитивни вести во врска со вашиот сексуален живот на 13-ти ноември кога планетата Марс ќе го заврши своето ретроградно движење. Ова е одличен период да се насочите кон себеси. Ако изминативе месеци сте се се чувствувале како да не сте направиле ништо, пристигнува период кога вашиот ум ќе биде преокупиран со нови идеи и желба за започнување на нешто ново. Одберете интересно хоби. На 27 ноември очекувајте позитивни вести во врска со љубовта, можеби нема да сакате да признаете но ќе почнете да развивате чувства спрема некоја личност.
РИБИ
Овој месец ве очекува разгорување на некој стар оган, ќе се чувствувате емотивно и носталгично кон минатото. Ноември ви донесува интензивен почеток. Никој нема да може да одолее на вашиот шарм и ќе флертувате наоколу како вистински професионалец. Доколку сте чувствувате не баш среќни на љубовен план, подгответе се за жешки мигови благодарение на завршувањето на ретроградниот Марс. Мрачната месечина влегува во вашата водечка планета Нептун а тоа ќе ви донесе нови можности и самодоверба да кажете „да“ на се што ви се нуди.Ќе се чувствувате авантуристички и подготвени да го освоите светот. Можно е да се ориентирате кон некое ново хоби, цртање, пеење или свирење на некој музички инструмент. Овој месец ве очекуваат многу значајни пресврти.
Хороскоп
Хороскоп за вторник (15 јули)

ОВЕН
Може да се потпрете на соработниците. Денешниот ден е поволен за работа, доаѓаат некои нови решенија. Може да очекувате стабилна ситуација во односот со партнерот кој ви е посветен. Проблеми со нервниот систем.
БИК
Ќе добиете позитивен одговор поврзан со некое барање или молба која сте ја испратиле. Ве очекува поволен период. Доколку планиравте почеток на заедница или брак, денес е одличен ден за тоа! Ќе успеете да решите некои проблеми.
РАК
Ќе успеете да остварите значително подобрување на деловните околности, а по некое време и поголема заработка. Цврсто верувате дека ќе ја пронајдете вистинската љубов. Иако имате многу разочарувања позади себе, не се откажувате. Немате проблеми со здравјето.
ЛАВ
Може да очекувате можност да реализирате една важна деловна соработка во иднина. Запознавањето нови луѓе ви внесува елан и ви дава позитивна енергија. Спремни сте за нова љубов! Водете сметка за алергии.
ДЕВИЦА
Може да очекувате напорен ден и многу обврски. Пред вас се многу стресови и промени. Засега не ви е лесно со партнерот да остварите стабилност. Во некои моменти полека се ладите. Можен е пад на имунитетот.
ВАГА
Влегувате во нов проект кој наскоро ќе ви донесе и добри препораки, нова соработка и подобри можности за работа. Задоволни сте со односот кој го имате со саканата личност. Подготвени сте да го стабилизирате бракот. Можен е пад на имунитетот.
ШКОРПИЈА
Може да очекувате новите деловни одлуки кои ги донесовте да се одразат на работата. Засега не ви е лесно да бидете отворени кога станува збор за вашите емоции бидејќи се плашите да не бидете повредени. Внимавајте на здравјето.
СТРЕЛЕЦ
Можен е помал конфликт со колегите. Важно е да научите да бидете дипломат. Ви се допаѓа личност која се однесува променливо. Не сте сигурни дали и таа кон вас гаи емоции. Внесувајте повеќе магнезиум.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате дека ќе имате некои кочници на деловно поле и дека нема да ви биде лесно да се стабилизирате. Можни се несогласувања со саканата личност. Ве оптеретуваат кавгите и ве гушат. Болки во грбот.
ВОДОЛИЈА
Не е поволен ден за решавање на папирологија. Избегнувајте било какви проблеми со законот. Доколку сте слободни, може да очекувате ново познанство кое подоцна ќе води до љубовна врска. Избегнувајте алкохол и газирани пијалаци.
РИБИ
Финансиите може да бидат променливи во наредниот период. Нема да ви биде лесно да остварите стабилност. Можеби вашата љубомора е причината за проблеми помеѓу вас и саканата личност. Проблеми со дебелото црево.
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (14 јули)

Овен
Веќе некое време се чувствувате како робот кој извршува една по една задача, време е да се посветите! Дневниот хороскоп ве советува да се опуштите, да го исклучите мобилниот телефон, да ја зачувате омилената храна и да играте добар филм, па ќе си ја вратите рамнотежата. Запомнете, Овен, никој нема да се грижи за вас ако не го направите тоа сами.
Бик
Имате одлична деловна идеја, но сè уште не ја споделувајте со други луѓе. Оставете го да врие во вас и извадете го само кога ќе бидете подготвени. Имате нешто важно да му кажете на партнерот и не одложувајте.
Близнаци
Дневниот хороскоп за Близнаците е одличен, имате енергија за секого и сакате да споделите добро расположение со сите. Денеска не ги почитувајте премногу правилата, бидете спонтани и видете каде ќе ве однесе денот. Во љубовта треба да бидете автентични, можно е некој свој став или мислење да сте криеле од партнерот, но вашата врска ќе напредува само доколку сте искрени.
Рак
Не е баш најдобро време за пари, па пазете се од поголеми трошоци за да бидете „во црно“ на крајот на месецот. Задоволете се денес и опуштете се, работите конечно одат добро на работа, а ако некој ве пофали, не се повлекувајте. Заслужуваш се убаво што ти се случува.
Лав
Дневниот хороскоп за 20.06.2022 година ве советува да не се сомневате во себе, да ја искористите самодовербата и да не ја преиспитувате секоја одлука. Имате важен деловен план, но внимавајте, ви недостига една клучна информација и без неа не можете да тргнете во акција. Во љубовта правиш храбар чекор.
Девица
Денес е денот кога ќе одлучите да си посветите повеќе време на себе, а вселената ви честита за тоа! Ги немате одговорите на сите прашања, но важно е да знаете дека сте на вистинскиот пат, а одговорите ќе дојдат кога ќе имаат време. Партнерот ви подготвува романтично изненадување.
Вага
Нова љубов е на пат, дали доволно го отворивте срцето за да ја прифатите? Денеска мора да бидете храбри, дури тогаш ќе ги препознаете и прифатите сите добри работи што ви се на патот. Ако сте меланхолични, закажете состанок со пријателите кои секогаш ќе ве расположат.
Шкорпија
Дневниот хороскоп ве предупредува на внатрешниот „саботер“, дали премногу ги преиспитувате своите одлуки и дали можевте да направите нешто поинаку? Ве копа дел од задолженоста што сте ја добиле, се сомневате во себе, но морате да му пристапите храбро и самоуверено. Во љубовта водете разговор со партнерот кој значително ќе влијае на вашиот внатрешен мир.
Стрелец
Денеска во никој случај не ставајте други луѓе пред себе, туку посветете се на вашиот внатрешен глас, тоа нема да ве измами. Некој премногу очекува од вас, а не е подготвен да возврати, а вие не сте во фер ситуација, но мора да најдете излез од тоа. Доколку не сте во врска, можно е да се допишувате со личност која ви се допаѓа.
Јарец
Дневниот хороскоп ве советува никако да не ја следите „масата“, туку да ја изразите својата индивидуалност. Можно е некој да се обидува да ве убеди во идејата за која срцето и умот гласно ви кажуваат дека не е добра. Не попуштајте на убедување, туку искажете го својот став. Можна е главоболка.
Водолија
Брзате и не треба да преземате повеќе обврски отколку што можете да постигнете без зачувување на „разумот“. Се случува промена во вашата љубов, а вие ја доведувате во прашање длабочината на чувствата и односите со некого. Побарајте совет од постара жена, таа ќе знае која е вистинската одлука за вас – но вие веќе го знаете тоа, само треба некој да ви потврди.
Риби
Дневниот хороскоп ви ја покажува важноста на трпението, има промена во вашиот живот која не оди толку брзо како што очекувавте. Бидете трпеливи и верувајте дека сè ќе се реши токму како што треба. Љубовниот хороскоп е добар, ве очекува романтичен ден!
Хороскоп
Хороскоп за недела (13 јули)

ОВЕН
Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе бидете збунети во одредени моменти. Внимавајте да не паднете во стапицата на личноста која се обидува да ве убеди да направите повеќе отколку што навистина треба. Во љубовта, може да се чувствувате лошо ако се премислите.
БИК
Посериозно размислете што правите во моментов и како заработувате бидејќи тоа е единствениот начин да се охрабрите и да започнете нови предизвици кои ќе ви се исплатат многу брзо. Можете да најдете мотивација во секојдневната средина, фокусирајте се на оние луѓе со кои не сте во чест контакт. Ќе уживате во обични разговори.
БЛИЗНАЦИ
Размислете за се што ве прави среќни, а потоа обидете се да го имплементирате во вашата секојдневна рутина. Денот е идеален за наоѓање дополнителни извори на приход и за сите промени поврзани со општествениот живот. Не се опуштајте премногу и оставете ги другите да донесуваат одлуки за вас, туку свртете ги работите како што ви одговара.
РАК
Ситуацијата ќе се промени од момент во момент, така што ќе бидете емотивно вознемирени и напнати повеќето денови. Што и да се случи, земете го како позитивен предизвик од кој треба да го извлечете најдоброто од тоа. Ситуацијата на љубовно поле ќе биде многу интересна, и ако се поставите правилно, од разговорот ќе се развие нешто возбудливо.
ЛАВ
Држете се до пријателите и луѓето со кои сте блиски или со кои знаете дека нема да ве измамат или разочараат. Не предавајте се на емоционална уцена бидејќи ќе бидете незадоволни од она што се случува утре и фрустрирани од обемот на работа. Во приватниот живот, покажете дека сте разновидни и подготвени да прифатите конструктивни предлози.
ДЕВИЦА
Можете да очекувате највисок квалитет на информации од луѓе што скоро не ги знаете. Познаниците ќе бидат среќни да ви помогнат и да застанат во одбрана на вашите цели, затоа слободно разговарајте отворено за вашите планови за во иднина. Внимавајте на луѓето кои се обидуваат да ве заштитат од се, иако ве сакаат и ви посакуваат најдобро, некои работи мора сами да ги поминете.
ВАГА
Кога станува збор за одлуки поврзани со преселба, купување недвижен имот или приватен живот, не ги донесувајте премногу брзо. Ситуацијата ќе се смени многу до вечерта и ако ги дефинирате работите прерано, ќе настане конфузија и несигурност. Ако мислите дека треба да размислите за нешто друго, избегајте се од секојдневниот живот.
ШКОРПИЈА
Патувајте само ако можете да се забавувате или да разговарате со некого што не сте го виделе долго време и да се грижите за работните или финансиските прашања во исто време. Оние од вас кои се во подолга љубовна врска треба да организираат романтична вечера додека оние кои се слободни најверојатно ќе ја сретнат вистинската личност навечер.
СТРЕЛЕЦ
Фокусирајте се на работата и заработката бидејќи со малку фантазија лесно ќе го разбудите интересот на околината и ќе започнете нешто ново. Не дозволувајте емоциите да ве попречуваат во вашите цели или да ве воздржува личност која ве разочарала во минатото. Можни се помали проблеми поврзани со здравјето на постар член на семејството, станете достапни.
ЈАРЕЦ
Исчистете ги мислите и не се замарајте со туѓите проблеми, бидејќи само така ќе можете да одредите што е најдобро за вас денес. Шансите се добри дека ќе откриете тајна што ве мачи долго време, но ќе бидете разочарани од тоа колку е банално. Не се ставајте во ситуација кога некој ќе поставува прашања што ве вознемируваат.
ВОДОЛИЈА
Мора да завршите се што сте започнале. Време е да се оди напред, но не смеете да бидете нетрпеливи или да брзате. Ако не се ослободите од опашките од минатото, нема да можете повторно добро да започнете бидејќи старите проблеми постојано ќе излегуваат на површина. Веројатно е нова понуда за работа со скратено работно време и некои ќе ги добијат парите што ги чекаа долго време.
РИБИ
Верувајте си, а не на личноста која се обидува да ве убеди дека работите ги правите поинаку. Ако одлучите да им претставите нова идеја на другите во кои сте сигурни, не очекувајте таа да биде автоматски прифатена, туку пристапете кон неа индивидуално и разјаснете се што гледате што не одговара на поединецот. Во љубовта направете чекор понатаму.
-
Кичево1 ден
Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (14 јули)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за вторник (15 јули)
-
Кичево1 ден
Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“
-
Македонија1 ден
Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!
-
Македонија1 ден
МВР викендов издаде 1711 платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите
-
Временска прогноза13 часа
Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?
-
Македонија24 часа
(ФОТО+ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица