Гејминг
Microsoft наскоро би можел да го надмине Sony по приходи на пазарот на игри
Microsoft моментално е на четвртото место по приходи од видео игри.
Sony е убедливиот победник во војната со конзоли за игри, PlayStation е значително попопуларен од Xbox на Microsoft, а бројките за продажба се убедливо на страната на јапонската компанија. Може да се очекува дека ваквата доминација и бројки за продажба ќе продолжат и во иднина, но затоа следната година би можела да донесе голема промена во корист на Microsoft. Станува збор за приходи на пазарот на видео игри.
Кога станува збор за такви приходи, на пазарот доминира кинескиот Tencent, благодарение на неговата голема инвестиција во Epic Games и Fortnite, стекнувањето на Riot Games и нивната легендарна League of Legends. Второто место му припаѓа на Sony благодарение, секако, на PlayStation, а интересно е што на трето место е компанија која не можеме да ја поврземе со гејминг – Apple. Благодарение на популарноста на мобилните игри и провизијата што Apple ја зема од апликациите, т.е. на игри преку App Store, како и неговата, иако не толку популарна услуга за игри Arcade, заработуваат повеќе од производителот на Xbox на овој пазар.
Тоа сепак наскоро би можело да се промени, а Microsoft, кој сега е на четвртото место, би можел да го престигне не само Apple туку и Sony и да го заземе второто место според приходите на пазарот на видео игри.
Причината за ова е аквизицијата на Activision-Blizzard. Иако процесот траеше долго, после година и пол Microsoft доби зелено светло од регулаторот да го заврши преземањето на гејмерскиот гигант, што значи дека во следните финансиски извештаи на компанијата треба да се вклучат и приходите на Activision. Аналитичарите во Newzoo пресметале колкав треба да биде приходот на компанијата кога ќе се додаде заработката на компанијата. Според тие бројки, Microsoft треба да стане втора компанија на пазарот на игри во однос на приходите. И самиот Microsoft неодамна ги информираше инвеститорите дека може да очекуваат раст на приходите на пазарот за игри од околу 50 проценти благодарение на завршувањето на споменатата аквизиција.
Според овие податоци, приходите на Microsoft во првата половина од оваа година, кога ќе го вклучиме и Activision-Blizzard, би изнесувале 10,4 милијарди долари, наспроти 6 милијарди колку што изнесуваше заработката на самиот Microsoft. Сони во тој период оствари приход од 8 милијарди долари.
Друга работа може да придонесе за зголемување на приходите на Microsoft од игри. Имено, бидејќи Apple, поради прописите на Европската унија, треба да го отвори својот оперативен систем за продавници за апликации од трети страни, тоа би значело дека онлајн продавницата за мобилни игри Xbox може да стане достапна и за корисниците на iPhone и iPad, што исто така може да им донесе значителни приход..
Извор: Windows Central
Гејминг
Battlefield 6 продаде над 7 милиони примероци за само три дена
Најновото издание од популарната франшиза Battlefield постигна неверојатен успех — над 7 милиони продадени примероци во првите три дена од лансирањето. Веста пристигнува само неколку дена откако EA објави дека компанијата станува приватна, во зделка вредна 55 милијарди долари.
Импресивни бројки на почетокот
Според податоците, играчите во првите денови одиграле повеќе од 172 милиони онлајн натпревари, а стриминг платформите забележале над 15 милиони прегледи поврзани со играта.
Овие бројки ја прават најуспешната премиера во историјата на франшизата Battlefield. За споредба, претходното издание, Battlefield 2042 (2021), продаде околу 4,2 милиони примероци во првата недела.
Реакции од EA
„Прво и најважно, сакаме да им се заблагодариме на нашите играчи,“ изјави генералниот менаџер на франшизата, Бајрон Бид.
„Никогаш не ги земаме ваквите моменти здраво за готово, па затоа сакам да ја изразам нашата искрена благодарност до нашите глобални Battlefield Studios и страствената заедница што ни помогна да стигнеме до оваа точка,“ додаде Винс Зампела, извршен потпретседател на EA.
EA станува приватна компанија
Лансирањето на играта се совпадна со веста дека EA ќе премине во приватна сопственост. Новите сопственици се Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија (PIF), како и компаниите Silver Lake и Affinity Partners.
Сепак, дел од синдикално организираните вработени во EA изразија загриженост за зделката, предупредувајќи дека „со приватизација, работниците губат транспарентност, видливост и моќ“.
Достапност
Battlefield 6 официјално беше објавена на 10 октомври, и е достапна за PC, PlayStation 5 и Xbox Series X/S.
Првата сезона на дополнителна содржина ќе пристигне на 28 октомври.
Извор: Engadget
Гејминг
Fortnite повторно достапен на iOS во Австралија
По пет години судски битки, Epic Games успеа да го врати Fortnite и Epic Games Store на iOS уредите во Австралија. Одлуката на судот утврди дека Apple ја ограничувал конкуренцијата со своите строги правила, особено со забраната за алтернативни методи на плаќање, пренесува Australian Financial Review.
Epic Games изјави:
„Австралискиот суд пресуди дека Apple и Google ја злоупотребуваат својата контрола врз дистрибуцијата на апликации и плаќањата во нив за да ја ограничат конкуренцијата. Постојат над 2.000 страници со наоди што ќе треба да ги испитаме. Сепак, ова е победа за програмерите и потрошувачите во Австралија!“
Како започна конфликтот?
-
Epic го заобиколи системот за плаќање на Apple.
-
Наместо тоа, воведе сопствен метод за купувања.
-
Apple остана без вообичаената провизија од 30%.
-
Како реакција, Fortnite и другите апликации беа отстранети од App Store, што доведе до долг судски процес.
Во април оваа година, американскиот суд пресуди дека Apple повеќе нема право да наплаќа провизија за купувања направени надвор од App Store. По таа одлука, Fortnite повторно се врати во американската App Store во мај.
Иако одлуката во Австралија е историска за гејмерите и девелоперите, сè уште не е познато кога Fortnite и Epic Games Store повторно ќе бидат достапни за сите iOS корисници таму.
Извор: Engadget
Гејминг
Sony ја зголеми цената на сите модели од „PlayStation 5“ конзолата на американскиот пазар
Моделот со диск драјв ќе се продава по цена од 549,99 долари, што е зголемување од 50 долари во однос на претходните 499,99 долари. Digital Edition ќе поскапи од 449,99 на 499,99 долари, додека најмоќната верзија – PS5 Pro – ќе чини 749,99 долари наместо досегашните 699,99.
Од компанијата објаснуваат дека ваквата одлука е резултат на „тешките економски услови“ и дополнителните тарифи кои значително ги зголемиле трошоците за производство и дистрибуција.
– „Иако настојувавме што подолго да ги задржиме старите цени, актуелните пазарни околности нè принудија да направиме корекција“, наведуваат од Sony.
Позитивна вест за играчите е тоа што цените на игрите и додатоците нема да се менуваат.
Со овој потег, Sony се усогласува со конкурентите, бидејќи и Microsoft и Nintendo претходно ги зголемија цените на своите гејминг конзоли поради слични економски предизвици.
-
Кичево1 часФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Технологија2 денаКичевската корпорација во развој „CvetanskiFootage“со ексклузивен „прашалник“ и мало истражување – Дали работиш или би сакал/а да работиш од дома?
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (7 ноември)
-
Хороскоп16 часаХороскоп за сабота (8 ноември)
-
Култура1 денУтре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!
-
Македонија1 денСВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
-
Временска прогноза1 денОд денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
-
Македонија1 денЛишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп
