Спорт
Милевски и Димитриевски на прес-конференција во пресрет на мечот со Чешка
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативниот голман Столе Димитриевскина официјална прес-конференција ги споделија очекувањата за утрешниот контролен натпревар против Чешка во Храдец Кралове.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација: „Работевме на освежување на тимот, задоволен сум тоа што сите се здрави, освен како што знаеме Енис Барди не може да биде со нас. По тренингот кој го имаме, сите работи околу составот ќе ги оставиме за потоа. Се надевам дека сите ќе бидат спремни да се стават на располагање за она кое не очекува.
Кога сте учесник на едно Европско првенство, тоа е доволен доказ за квалитет. Чешка покажа дека е квалитетна репрезентациај со извонредни играчи од Премиер лгиата, Бундеслигата и Серија А, но имаат и голем број на домашни играчи од квалитетна лига низ која ја црпат базата за А-репрезентацијата. Не очекува противник сосема различен од типот на Хрватска.
Неслучајно ги прифативме овие покани за пријателски натпревари, затоа што лично мислам и уверен сум дека ние како тим и репрезентација може да напредуваме ако играме тип на мечеви со поквалитетни ривали од нас, за да го видиме нашиот реален квалитет и домет во моментов.
Од некои моменти не бев задоволен со Хрватска, пред се од второто полувреме, треба да ги елиминираме. Говорам за оние аномалии за трпението, системот и тактичката дисциплина. Физичката подготовка е фактор број еден за да бидете на ниво цели 90 минути, но што е, тука е. Одиме да го извадиме максимумот, иако сме свесни дека е крај на сезоната и заморот е присутен кај играчите, како и проблемите кои ги имаат дел од играчите во клубовите“.
Столе Димитриевски – репрезентативец на Македонија, истакна следново: „Нормално дека Чешка е одличен противник, затоа што таму е кадешто се најдобрите, на Европското првенство. Имавме два до три дена да се подготвиме, треба да направиме некои корекции за да дојдеме до подобра дисциплина во играта и подобро да бидеме подготвени за мечот. Сакаме подобар резултат од претходниот, овој меч за нас е последен пријателски меч пред следните квалификации кои ни следат, така што гледаме на мечот како доста важен за да се формираме и стабилизираме за следните квалификации. Мора да излеземе на терен со максимална дисциплина, само така можеме до поволен резултат“.
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
Спорт
Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември
Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.
На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.
Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.
Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.
Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.
Извор: ФФМ
-
Кичево7 часаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево1 денТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Хороскоп19 часаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Временска прогноза2 денаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Македонија1 денОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Спорт2 денаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија2 денаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
