Следете не

Спорт

Ова се стартните 11 на Македонската репрезентација против Чешка

Објавено пред

на

Спорт

Македонија со два крајно сомнителни пенали загуби од Чешка на гостински терен, последниот беше досуден во 97-та минута од натпреварот

Објавено пред

на

©ФФМ

Македонската А репрезентација со два сомнително досудени пенали загуби од домашната Чешка со 2:1 на контролниот натпревар во Храдец Кралове. Барак погоди од непостоечки пенал во 97. минута. Исник Алими во 65. минута го даде голот за Македонија за израмнување на 1:1. Спорен момент беше и првиот гол од пенал за домаќините. Чешките фудбалери се судрија во казнениот простор, Муслиу беше зад капитенот Соучек и по скоро минимален контакт, судијата Оченаш одлучи да покаже на белата точка. Прекинот траеше одредено време, имаше и тензија, но одлуката не беше променета. Предност за домашните донесе Патрик Шик во 60. минута.

Чешка беше многу поактивна во првото полувреме. Домаќинот се закани на стартот преку Шик, но топката заврши во корнер. Потоа се обиде и Хложек, а во 20. минута Муслиу спаси гол по ударот на Коуфал. Во 31. минута, Македонија првпат се закани кога по една мешаница шутираше Исник Алими, но само во рацете на Станек.

ЧЕШКА: Штанек; Холеш, Хранач, Крејчи; Куфал, Соучек, Хложек, Провод, Доудера; Шик, Кухта;

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски; Ашковски (77’ Димоски), Зајков (72′ Серафимов), Делковски, Муслиу, Алиоски (89′ Иљазовски), Костадинов, Алими, Атанасов; Елмас (89′ Ќамили), Трајковски (77’ Ристовски);

Прочитај повеќе...

Спорт

Милевски и Димитриевски на прес-конференција во пресрет на мечот со Чешка

Објавено пред

на

©ФФМ

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативниот голман Столе Димитриевскина официјална прес-конференција ги споделија очекувањата за утрешниот контролен натпревар против Чешка во Храдец Кралове.

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација: „Работевме на освежување на тимот, задоволен сум тоа што сите се здрави, освен како што знаеме Енис Барди не може да биде со нас. По тренингот кој го имаме, сите работи околу составот ќе ги оставиме за потоа. Се надевам дека сите ќе бидат спремни да се стават на располагање за она кое не очекува.

Кога сте учесник на едно Европско првенство, тоа е доволен доказ за квалитет. Чешка покажа дека е квалитетна репрезентациај со извонредни играчи од Премиер лгиата, Бундеслигата и Серија А, но имаат и голем број на домашни играчи од квалитетна лига низ која ја црпат базата за А-репрезентацијата. Не очекува противник сосема различен од типот на Хрватска.

Неслучајно ги прифативме овие покани за пријателски натпревари, затоа што лично мислам и уверен сум дека ние како тим и репрезентација може да напредуваме ако играме тип на мечеви со поквалитетни ривали од нас, за да го видиме нашиот реален квалитет и домет во моментов.

Од некои моменти не бев задоволен со Хрватска, пред се од второто полувреме, треба да ги елиминираме. Говорам за оние аномалии за трпението, системот и тактичката дисциплина. Физичката подготовка е фактор број еден за да бидете на ниво цели 90 минути, но што е, тука е. Одиме да го извадиме максимумот, иако сме свесни дека е крај на сезоната и заморот е присутен кај играчите, како и проблемите кои ги имаат дел од играчите во клубовите“.

Столе Димитриевски – репрезентативец на Македонија, истакна следново: „Нормално дека Чешка е одличен противник, затоа што таму е кадешто се најдобрите, на Европското првенство. Имавме два до три дена да се подготвиме, треба да направиме некои корекции за да дојдеме до подобра дисциплина во играта и подобро да бидеме подготвени за мечот. Сакаме подобар резултат од претходниот, овој меч за нас е последен пријателски меч пред следните квалификации кои ни следат, така што гледаме на мечот како доста важен за да се формираме и стабилизираме за следните квалификации. Мора да излеземе на терен со максимална дисциплина, само така можеме до поволен резултат“.

Прочитај повеќе...

Спорт

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

Објавено пред

на

©ФФМ

Како докажан филантроп Комерцијална банка ја продолжува соработката со Фудбалската федерација на Македонија со нов тригодишен договор за спонзорство, кој ќе обезбеди поддршка за развој и успеси на македонскиот фудбал. Водени од мотото дека Полесно е заедно да стигнеме до нови успеси, Комерцијална банка верува дека со својата поддршка ќе обезбеди нов импулс за подобри услови, поголеми успеси и нови победи на македонските фудбалски репрезентации и воопшто на македонскиот фудбал.

– „Фудбалот носи магија во себе која обединува, која и невозможното го прави возможно, која се бори за победа и верува во успехот. И сето тоа вреди, не само за играчите кои живеат за фудбалот, туку и за навивачите, но и за општеството кое сака да се радува на заедничките успеси и победи. Фудбалот е тимска игра и фудбалерите најдобро знаат дека многу е полесно заедно да стигнат до посакуваната победа. Ние во Комерцијална банка исто така веруваме во заедничкиот успех и сакаме заедно да стигнеме до многу посакувани победи“, истакна д-р Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка на прес-конференцијата по повод новиот тригодишен договор за спонзорство помеѓу Комерцијална банка и ФФМ.

Комерцијална банка официјално стана пријател на македонскиот фудбал во 2021 година, во пресрет на премиерното учество на Македонија на ЕУРО 2020 и во изминатите три години обезбеди значајна финансиска поддршка за фудбалските репрезентации и за негување на фудбалот како спортска активност која создава здрави, амбициозни и одговорни млади генерации.

По повод новата поддршка, директорот на А македонската репрезентација, Данчо Масев, изрази голема благодарност до Комерцијална банка.

Партнерството кое го започнавме пред три години, а денеска го продолжуваме за нови три, претставува значаен придонес за промовирање и развој на спортот што сите го негуваме. Посветеноста на Комерцијална банка кон заедницата и промовирањето на здрави навики и вредности совршено се усогласува со нашите вредности и цели. Поддршката не само што ќе ни овозможи да ги подобриме нашите програми, туку и ќе биде поттик да ја инспирираме следната генерација фудбалски репрезентативци кон нови победи“, изјави Данчо Масев.

Во името на репрезентативците од машката А репрезентација благодарност изрази Столе Димитриевски.

На сите нас ни е драго што партнер како Комерцијална банка останува со семејството на македонската фудбалска репрезентација. Ова партнерство е повеќе од само спонзорство, тоа е посветеност на тимска работа и заеднички вредности. Како фудбалер, ја знам важноста да се има силна поддршка и на теренот и надвор од него. Со Комерцијална банка покрај нас уверени сме дека ќе ги постигнеме нашите цели. Нивната посветеност на спортот и здравите општествени навики совршено се усогласува со нашата мисија“, порача Димитриевски.

Комерцијална банка е компанија која силно верува во домашната економија, во потенцијалите на домашните компании, во напредокот на нашето општество и на граѓаните, а и во иднината на македонскиот спорт. Затоа Банката е истакнат корпоративен филантроп и со својот придонес помага сето ова да стане возможно, полесно и побрзо, истакнаа од ФФМ, во интегралниот текст за јавноста.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили5 часа

После колку километри треба да се менуваат амортизерите?

Многу возачи буквално никогаш не размислуваат да ги заменат амортизерите. Едноставно, ако нема сериозни проблеми, амортизерите се сметаат за вечни....

Магазин5 часа

Toshiba подготвува хард дискови со капацитет од над 30 ТБ

Toshiba ги предизвикува Seagate и Western Digital тврдејќи дека има хард дискови во своите лаборатории кои имаат капацитет од повеќе...

Магазин5 часа

Apple Intelligence носи нови функции на iPhone, интеграција ChatGPT и повеќе

На WWDC 2024, Apple го претстави Apple Intelligence, што носи подобрувања во Siri и интеграција со ChatGPT. Новите алатки за...

Временска прогноза6 часа

Сепак во петок пад на температурите за околу 10 степени, топлото време попушта

По максимумот на овој топол бран кој во најтоплите предели од Македонија ќе донесе температури и до околу 40, 41...

Спорт20 часа

Македонија со два крајно сомнителни пенали загуби од Чешка на гостински терен, последниот беше досуден во 97-та минута од натпреварот

Македонската А репрезентација со два сомнително досудени пенали загуби од домашната Чешка со 2:1 на контролниот натпревар во Храдец Кралове....

Хороскоп20 часа

Хороскоп за вторник (11 јуни)

ОВЕН Овенот има многу хобија и слободно време, но некој близок има нешто против сето тоа! Размислете како би реагирале...

Македонија24 часа

Важно известување од Мин.за здравство за претстојните денови

Од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека на 11.06.2024 (вторник) и...

Спорт1 ден

Ова се стартните 11 на Македонската репрезентација против Чешка

За мечот против Чешка, ова се стартните 11 за Македонската репрезентација

Временска прогноза1 ден

Утре и во среда пеколно жешко, ова се најновите метео вести за Македонија и регионот

Својот максимум овој многу топол бран во Македонија кој е со потекло од северните предели на Африка ќе го достигне...

Кичево1 ден

Започнува Европското првенство, „ART Caffe“ – Кичево ве кани на „фудбалска треска“ со видео бим за фудбалските утакмици, апетисани за секого и одличен амбиент!

„ART Caffe“, на ул. „Борис Кидрич“ бр.1, објект кој е ваш верен пријател повеќе од 10 години, каде најубавото кафе...

НАЈЧИТАНИ