Спорт
Милевски: Отсуството на Барди се чувствува, но за да постигнеме успех ни треба игра на највисоко можно ниво, а верувам дека тоа го можеме!
Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски и капитенот Стефан Ристовски на официјалната прес-конференција ги споделија своите очекувања спроти утрешниот натпревар против Германија.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација
„Дали можеме да одиграме идеален меч? Мора да сме на највисоко ниво, од тактичка смисла. Поединечно и тимски. Го респектираме противникот, одличен тим, одлични поединци, но за многу нешта утре ќе се прашува и Македонија“
„Имаме шест млади играчи кои се приклучени на тимот од последните квалификации на младата репрезентација. Се наметнуваат, а на самите нив е да докажат и покажат колку минутажа заслужуваат. Задоволен сум од нив, повторувам на нив е да го покажат и докажат сениорскиот репрезенативен статус. Постарите да им бидат пример како се останува долг период во репрезентацијата“.
„Ние имаме јасна цел и визија. Сме во една нова фаза на создавање на нов лик на репрезентацијата со крајна цел, создавање на тим кој ќе е конкутрентен и за следниот квалификациски циклус за ЕП во Германија 2024. Имаме идеи и цел, како да создадеме конкурентен тим. Имаме на располагање играчи со капацитет кои се способни да ги пренесат идеите на стручниот штаб на терен. Заодоволството кое го гледам кај нив ми дава за право да мислам дека сме на правиот пат. Навивачка поддршка секогаш ни е потребна и е нужна. Постарите играчи им се од помош на помладите, и тоа е голем плус за оваа генерација“.
„Секако дека одуството на Пандев, а посебно во моментов на Барди се чувствува. Може да се каже дека, еве Горан повеќе не настапува за репрезентацијата, тоа е негова одлука, неговата улога во мак фудбалот е огромна и тоа е неспорно. Ситуацијата со Барди е таа што е, имавме сличен проблем и во септември. Да, ова е сосема поинаков меч од оној во Диузбург и доколку сакаме да постигнеме нешто, ќе мора да бидеме на највисоко можно ниво“
Стефан Ристовски – репрезентативец на Македонија:
„Денеска сите играат фудбал, без оглед на големината на противникот. Победа си е победа, без разлика против кого е и секоја една носи три бода. Нормално дека секој селектор си има свои идеји, новости. И Милевски како селектор има свои идеји, а ние сме тука како професионалци да го исполниме тоа на терен“
„Имате различни мечеви против послаби, посилни противници, а ние сме должни да исполниме се. Германија е врвот на светскиот фудбал и треба да се одговори со тактичка и физичка дисциплина. За мене е секој натпревар е искуство. Против било кој противник. Европското за сите значеше многу за сите. Гигант како Германија не простуваат грешки, ти даваат многу малку и тоа треба мора да се искористи. Германија, за мене е најголемата репрезентација на светот“.
„Мислам дека Горан Пандев фалел и ќе фали. Не е професионално сега да се враќаме назад. Треба да гледаме напред. Барди, да носител е на оваа генерација, но ако не е тој на терен ќе биде друг. Спортски е да се надеваш на успех, но секој меч, секој ден е нешто ново. Мора да го заборавиме тоа во Дуизбург. Како искусен играч мора да кажам дека мора да се искористи се што ќе ни се пружи“ .
Спорт
Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски комитет при ФИФА.
Овој комитет, кој функционира под надлежност на Советот на ФИФА, има задача да го следи и поттикнува развојот на фудбалот како олимписка дисциплина, како и да ја унапредува соработката со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со турнирите во рамки на Олимписките игри.
На чело на Комитетот е Самир Шауд од Бразил, а негов заменик е Мустафа Раџи од Либерија. Меѓу членовите се наоѓаат повеќе истакнати фудбалски претставници од различни делови на светот како Кохзо Ташима од Јапонија (делегат на Советот на ФИФА), Чармејн Крукс од Канада, Хрисостомос Гкагкатсис од Грција, Шеик Ахмад Јусеф Ал Сабах од Кувајт, Бранко Радујко од Србија, Хелга Хелгадотир од Исланд и други.
Покрај Омерагиќ, и генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, доби важно меѓународно признание, тој е избран за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА.
Оваа комисија има задача да ја дефинира и унапредува медиумската и комуникациската стратегија на ФИФА, со фокус на дигиталните платформи и јавната комуникација. На нејзино чело е Јасин Идрис Диало од Брег на Слоновата Коска, а заменик-претседател е Армен Меликбекјан од Ерменија.
Во составот на Комисијата се и Фатма Ал Нуими (Катар), Ајишат Фалоде (Нигерија), Ноел Муни (Велс), Хелена Пиреш (Португалија), Аманда Вандерворд (САД) и Тони Ванг (Тајван).
Именувањето на Омерагиќ и Јандреоски претставува големо признание за Фудбалската федерација на Македонија и потврда за растечкиот углед на македонскиот фудбал во меѓународната фудбалска заедница, истакна Фудбалската федерација на својот е-медиум.
Спорт
ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит на легендата на ФК.Напредок, Зоран Ѓорѓиоски-Мрско. Доајен на кичевскиот фудбал кој остави небришлива трага за која сите ние кои сме биле некогаш дел од ФК Напредок сме ги почувствувале.
Што се однесува до играта, повторно нашите фудбалери на домашен терен манифестираа важна победа со високи 4:0.
Стрелци на головите беа: М.Зафироски, Осман Исмаили реализираше 2 пати, Ж.Симјаноски сите постигнати во второ полувреме.
И денеска преку нашиот медиум, управата на ФК Напредок упатува голема благодарност до публиката која во секоја утакмица е се побројна и дава голема поддршка на нашите кичевски фудбалери.
Напред НАПРЕДОК!
Спорт
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови
Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.
Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.
Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.
-
Хороскоп22 часаХороскоп за среда (29 октомври)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Македонија11 часаМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
Македонија7 часаДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
-
Lifestyle1 денКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
-
На денешен ден1 денСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Магазин1 денИлон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia
-
Магазин1 денWhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица

