Спорт
Младата фудбалска репрезентација на Македонија убедливо ја совлада Малта со 4:0
Младата репрезентација на Македонија до 21 година забележа сигурна и убедлива победа против соодветната селекција на Малта во рамките на последниот контролен тест пред почетокот на квалификациите за пласман на ЕП.
На тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје, избраниците на селекторот Драги Канатларовски одиграа одличен натпревар, совладувајќи го противникот со убедливи 4:0.
Нашите млади фудбалери од самиот старт тргнаа офанзивно, со цел што побрзо да го отворат резултатот. Се редеа опасни ситуации пред голот на Малта од самиот почеток. Методи Максимов ја имаше првата прилика на мечот. Во добри ситуации за постигнување погодок се најдоа и Марио Илиевски и Алекс Златков. Подобрата игра ја крунисавме со погодок уште во 10. минута преку Хамза Рамани за предност од 1:0. На 2:0 зголеми Димитар Тодоровски во 16 минута.
Во продолжението од натпреварот, репрезентацијата на Македонија продолжи со доминантната и сигурна игра. Противникот беше немоќен да се спротистави на нашата добро поставена игра. Подобрата игра ја крунисавме со постигнување на уште два гола во второто полувреме. Андреј Стојчевски во 53. минута погоди за зголемување на разулатот на 3:0. Конечните 4:0 ги постави Луан Абази во 86. минута од средбата, продолжувајќи ја голгетерската серија во дресот на Македонија.
Македонија – Малта 4:0 (2:0)
Македонија: Марко Алчевски, Стефан Деспотовски, Имран Фетаи, Андреј Стојчевски, Методи Максимов, Бехар Фета, Алекс Златков, Хамза Рамани, Иван Николов, Димитар Тодоровски, Марио Илиевски;
Резерви: Михаил Димитриевски, Решат Рамадани, Димитар Трајков, Иван Николоски, Матеј Ангелов, Виктор Крстевски, Ване Крстевски, Луан Абази, Ване Крстевски, Мартин Талаков, Стефан Тасев, Христија Малески
Селектор: Драги Канатларовски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Никола Јокиќ го сруши рекордот, оствари нов трипл-дабл
Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата во победата на Денвер над Орландо од 126-115, со што го надмина досегашниот рекорд на Карим Абдул-Џабар.
Српскиот центар на овој натпревар ја забележа својата 5.654-та асистенција во кариерата, со што стана центарот со најмногу асистенции во историјата на лигата, оставајќи го зад себе легендарниот Абдул-Џабар.
Покрај тоа, Јокиќ го оствари и својот 195-ти трипл-дабл во НБА кариерата, запишувајќи 23 поени, 11 скока и 13 асистенции, и беше клучниот фактор за шестата последователна победа на Денвер.
Во следното коло, тимот од Колорадо ќе се соочи со Хјустон, а натпреварот е закажан за сабота, 20 декември.
/021.rs
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево24 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза23 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Македонија2 денаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за петок (19 декември)
-
Кичево17 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
-
Кичево18 часаВнимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента
