Спорт
Младата репрезентација до 16 години минимално поразена од Хондурас на УЕФА развојниот турнир

Младата репрезентација на Македонија до 16 години беше минимално со 1:0 поразена од селекцијата на Хондурас во рамките на третото коло од УЕФА развојниот турнир за фудбалери родени 2006 година што се одржува во Скопје.
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ, по двете победи по подобро изведување на пенали против Таџикистан и Косов, беа поразени од Хондурас со гол постигнат во 75. минута од средбата. Нашата селекција имаше неколку добри прилики на денешната средба но немавме среќа да постигнеме погодок.
МАКЕДОНИЈА: Славе Вргов, Анес Мелиќи, Никола Стојковски, Никола Манојлов, Нуман Ајетовиќ, Алмир Подграѓа, Мухамед Елмас, Андреј Љубевски, Мартин Јовановиќ, Дарио Јакимовски, Валентин Блажевски;
Резерви: Спаско Ахтаров, Филип Митев, Андреј Велков, Максимилијан Димитријевски, Алтин Алији, Фљакрон Мемиши, Даниел Коцев, Стефан Младеновски;
Спорт
Во петок започнува новата сезона на првата македонска фудбалска лига, првото дерби ќе се одигра во Тетово, подоцна Вардар го дочекува Пелистер

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува во петок, на 8 август, и веднаш носи возбудливи натпревари. Првото дерби ќе се одигра во Тетово, каде што Шкендија и Шкупи 1927 ќе се соочат од 17:00 часот. Ова е еден од најочекуваните дуели од првото коло, истакна Фудбалската федерација на Македонија.
Подоцна истиот ден, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одржи уште еден голем натпревар – Вардар против Пелистер, со почеток од 20:00 часот.
Целосниот распоред на првото коло од сезоната 2025/26 изгледа вака:
Петок, 8 август:
- Шкендија – Шкупи 1927 | 17:00 | Тетово
- Вардар – Пелистер | 20:00 | Скопје
Сабота, 9 август:
- Башкими 1947 – Аресими 1973 | 17:30 | Куманово
- Струга Трим Лум – Македонија ЃП 1932 | 17:30 | Струга
Недела, 10 август:
- Тиквеш 1930 – Работнички | 17:30 | Кавадарци
Понеделник, 11 август:
- Силекс – АП Брера Струмица | 17:30 | Кратово
Фановите со нетрпение ја очекуваат новата сезона и возбудувањата што ги носи уште од првото коло.
Извор: ФФМ
Спорт
Германската Бундеслига воведува камери на судиите и јавни објаснувања за „VAR“

Германската фудбалска лига (DFL) воведува важни новини во начинот на користење на ВАР технологијата за претстојната сезона. Почнувајќи од 22 август, судиите во Бундеслигата ќе ги соопштуваат причините за сите ВАР одлуки јавно пред публиката. Истата практика ќе започне и во Втората лига од 17 октомври.
Дополнително, гледачите на стадионите и преку телевизија ќе добијат пристап до повеќе информации, вклучувајќи и снимки направени со камери поставени на телото на судиите. Оваа технологија, која досега се користеше само на ФИФА натпревари, сега е одобрена од Меѓународниот одбор за фудбалски правила (IFAB) и може да се користи и на домашни лиги ако организаторите го побараат тоа.
Со овие новини, судиите во Бундеслигата ќе ги објаснуваат своите одлуки директно пред публиката по консултација со ВАР и преглед на снимките, овозможувајќи поголема транспарентност и разбирање на судиските интервенции.
Спорт
(ВИДЕО) ФФМ пушти во употреба нов фудбалски терен во населба Илинден

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во општина Илинден го пушти во употреба новиот терен со вештачка трева, проект реализиран од програмата Форвард на ФИФА во соработка со Општина Илинден.
– „ФФМ ќе продолжи да инвестира во вакви инфраструктурни проекти ширум државата. Овие инвестиции се за младите, за клубовите и за развојот на македонскиот фудбал,“ истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Официјалното видео од ФФМ може да го прегледате ТУКА
Нека е со среќа!
-
Хроника12 часа
ЖАЛНА ВЕСТ: Душко Чифлиганец ја загуби битката за својот живот откако настрада во фатална сообраќајна незгода на мотоциклистичка трка во Чешка
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (3 август)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Вчера официјално заврши дводневниот музички настан во Кичево, каде домашните музички имиња беа дел од одличните гала вечери!
-
Македонија19 часа
СВР Охрид истакна детали за приведувањето на српскиот пејач
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за недела (4 август)
-
Македонија2 дена
Запленета поголема количина брендирана стока без документација, лишено од слобода едно лице
-
Спорт17 часа
Во петок започнува новата сезона на првата македонска фудбалска лига, првото дерби ќе се одигра во Тетово, подоцна Вардар го дочекува Пелистер
-
Lifestyle22 часа
Како да ослабете без вежбање? Еве 13 начини