Спорт
Младата женска фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години оствари победа над Црна Гора во рамките на вториот контролен меч

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години успеа да оствари минимална победа со 1:0 над соодветната селекцијата на Црна Гора во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции. Избраничките на селекторот Астрит Мерко одиграа добар меч против незгоден противник и со погодок во последните минути од средбата забележаа заслужена победа.
Ева Конева беше стрелец на единствениот погодок на средбата во 88. минута.
Првата контролна пресметка помеѓу овие две репрезентации заврши со победа на Црна Гора со 3:1.
За нашата македонска селекција настпија: Кристина Павловска, Еда Далипи, Катарина Петкова, Матеа Блазеска, Слаѓана Ѓоргиева, Никица Трендова , Веса Села, Билјана Панеска, Теодора Далчевска , Сара Мена, Ева Конева;
Селектор: Мерко Астрит
Спорт
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.
Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.
Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.
Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.
Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
Спорт
(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1 по примениот „несреќен“ гол предмалку од гостите.
Одиме на победа!
Голот ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
Спорт
Димитриевски: Очекувам силна поддршка од трибините, „Целта е јасна, излегуваме на терен по победа“

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека составот на Казахстан, во натпревар што може да биде клучен за продолжување на позитивната резултатска серија.
Еден од хероите од ремито против Белгија, голманот Столе Димитриевски, изрази очекување за силна поддршка од публиката и истакна дека тимот е целосно фокусиран на триумф.
– „Нашата цел е јасна – излегуваме на терен по победа. Очекувам навивачите да дојдат во што поголем број и да ни дадат дополнителна енергија. Иако разликата меѓу Белгија и Казахстан е очигледна, тоа не значи дека мечот ќе биде лесен. Со помошта на нашата публика верувам дека ќе стигнеме до посакуваниот резултат, а тоа е победа за Македонија“, изјави Димитриевски на прес-конференцијата пред вечерашниот дуел.
Да ја бодриме нашата репрезентација!
-
Lifestyle2 дена
Во сабота сите патишта водат во „Република Клуб“- Кичево, заедно со светски познатиот Dean Mickoski и Fecky Farris & Punisher
-
Хроника2 дена
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за четврток (16 октомври)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за среда (15 октомври)
-
Временска прогноза1 ден
Доаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести
-
Хроника19 часа
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
-
Технологија2 дена
Денес по десет години завршуваат безбедносните надградби за „Windows 10“
-
Магазин2 дена
OpenAI овозможува извршување на апликации во рамките на ChatGPT