Спорт
Момчињата на Канатларовски стигнаа до својата трета победа во група Ц
Младата репрезентација на Македонија до 21 година во последниот натпревар од септемврискиот циклус квалификации за пласман на Европско првенство 2025 успеа да забележи победа со 2:0 над селекцијата на Гибралтар.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски ја остварија третата победа во рамките на групата Ц од овие квалификации.
И во првиот натпревар помеѓу овие две селекции во Скопје, на националната арена „Тодор Проески” Македонија успеа да забележи победа со минимални 1:0.
Ване Крстевски во 24. минута ја доведува Македонија до предност, по одличното проигрување од Адеми.
Адеми во 42. минута ги поставува конечните 2:0.
Македонија: Алчевски, Деспотовски, Рамадани (78. Ангелов), Стојчевски, Џеков, Николов (90. Мелиќи), Фета (66. Чилафи), Крстевски, Исаки (45. Ѓорѓиевски), Трпчевски (90. Рамани), Адеми;
Селектор: Драги Канатларовски;
Спорт
Македонија ремизираше на пријателскиот натпревар против Летонија на „Тодор Проески“
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови на контролниот дуел против Летонија во Скопје, меч во кој создадовме неколку солидни прилики, но завршницата повторно не беше на потребното ниво.
Првата посериозна ситуација ја создаде Милан Ристовски во 14. минута, кога со вешт дриблинг се ослободи од противнички играч и биеше од дистанца, но летонскиот голман Рихард Матревичс беше подготвен. Летонците возвратија десет минути подоцна преку Гутковскис, кој по центаршут од левата страна шутираше со глава, но топката заврши крај нашиот голман Столе Димитриевски.
Летонија ја имаше најдобрата своја шанса во 70. минута, кога Икауниекс шутираше од дваесетина метри и ја погоди гредата.
До самиот крај, двете екипи не успеаја да креираат сериозни обиди, па средбата заврши со почетниот резултат.
МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА 0:0
Присуство: 4.000 гледачи
Главен судија: Милош Савовиќ (Црна Гора)
Жолти картони: Серафимов, Костадинов (Македонија) – Икауниекс (Летонија)
Спорт
Аталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ
Аталанта го отпушти 50-годишниот хрватски стратег Иван Јуриќ по само 11 одиграни натпревари во Серија А, еден ден по поразот од Сасуоло со 0–3. По овој неуспех, тимот од Бергамо падна на 13-тото место на табелата со вкупно 13 освоени бода.
Јуриќ ја презеде клупата на Аталанта во јули и го предводеше тимот на вкупно 15 натпревари, од кои забележа четири победи – по две во Серија А и во Лигата на шампионите.
– „Иван Јуриќ е разрешен од должноста тренер на првиот тим, заедно со неговите најблиски соработници. Аталанта им се заблагодарува на Јуриќ и на неговиот стручен штаб за посветеноста и им посакува успех во понатамошната кариера,“ се наведува во официјалното соопштение на клубот.
Според италијанските медиуми, главен кандидат за нов тренер на Аталанта е Рафаеле Паладино.
Спорт
Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, на стадион „Силекс“ во Кратово ќе се одигра мошне квалитетен дуел помеѓу ФК Силекс и ФК Шкупи 1927.
Судиската екипа за овој натпревар ќе ја предводи кичевчанецот Марјан Стојановски, кој ќе ја има главната судиска должност, додека негов помошник на линијата ќе биде неговиот сограѓанин, исто така искусниот Давор Цветаноски. Втор помошен судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово, а како четврт судија е назначен Ндерим Тефику, исто така од Куманово.
Системот за видео-помош на судиите (ВАР) ќе го раководи Пларент Салихи од Тетово, со асистенција од Гоце Петрески од Скопје, додека оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски, исто од Скопје.
Делегат на натпреварот е Расим Муминовиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.
Со оглед на значењето на натпреварот и формата на двете екипи, љубителите на фудбалот очекуваат возбудлив меч, додека искусните кичевчани, кои долги години му припаѓаат на овој спорт Стојановски и Цветаноски ќе имаат чест и одговорност да ја делат судиската правда во Кратово.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (13 ноември)
-
Хороскоп16 часаХороскоп за петок (14 ноември)
-
Временска прогноза1 денПопоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер
-
Lifestyle1 денКолку кафе пиете дневно? Медицината вели дека ова се безбедни количини.
-
Балкан20 часаАвион од типот „AT-802“ попладнево се срушил во близина на Сењ, Хрватска
-
Lifestyle1 денКако да ја направите вашата правосмукалка да трае подолго и да работи како нова
-
Занимливости1 денМрсната коса бара секојдневна грижа и одржување
-
Магазин1 денPinterest претстави паметен асистент со вештачка интелигенција за пребарување и инспирација
