Спорт
Moto GP: Среќен крај и завршница на пиедесталот за Фабио Квартараро

Францускиот мотоциклист Фабио Квартараро денеска ја освои титулата во Мото ГП.
Денешната трка за Големата награда на Емилија Ромања ја заврши на четвртото место, но благодарение на заминувањето од патеката на единствената конкурентка за титулата на Франческа Бањаја, Квартараро стигна до првата титула во Мото ГП во кариерата.
На четири круга до крајот Бањаја излета од патеката како првопласирана и со тоа ги загуби шансите да ја освои титулата светски шампион во следните две трки.
Победник на трката на крајот беше возачот на Хонда, Марк Маркез, Пол Еспаргаро беше втор додека Енеа Бастијанини се најде на третото место во последниот круг.
ФОТО: ANDREAS SOLARO / AFP / Profimedia
Извор: Српски Nedeljnik
Спорт
(ФОТО) Момчињата на „ФК Кичево“ гостуваа во Охрид, едниот натпревар го добија постигнувајќи „петка“ на градски

Денес стадионот во склоп на „Билјанини извори“ – Охрид, беше преполн од родители и љубители на фудбалот. Во пелагониска-езерска регионална лига се сретнаа екипа на домаќинот „ФК Ла Масиа“ и нашиот тим од „ФК Кичево“ кој одиграа одличен и возбудлив меч, така што екипите поделија по 1 бод, односно резултатот до последното судиско свирче заврши 3:3.
Во еден цврст натпревар, домаќините го отворија резултатот рано во првото полувреме, но кичевчани брзо се враќаа од резултатска криза. Мал милион неискористени шанси за гол, најпрво преку Матески, Сарџоски и Сталески.
Во листата на стрелци за нашиот тим се запишаа: Дарио Јосифоски, Марко Сталески и Борис Матески од белата точка.
Пред натпреварот на генерација 2010/2011, натпревар одигра и генерација 2012 на „ФК Кичево“ против екипата на „Академија Охрид“ и истиот го доби со резултат од 0:5, стрелци на головите беа: Берк Али , Малик Фазлиоски
, Мухамед Исмаилоски
, Дариан Арсоски
.
Честитки до сите фудбалери за прикажаната игра!
Во прилог фотогалерија преку нашиот објектив од натпреварот на генерација 2010/2011.
Спорт
ФФМ истакна официјални дисциплински одлуки за овие фудбалски клубови

ФФМ предмалку ги истакна одлуките на дисциплинската комисија, што значи, против ФК Воска АД се поведува постапка поради непојавување на натпревар во Струмица помеѓу ФК Брера А.П. и ФК Воска во рамки на 29. коло во Прва МФЛ.
Алпер Потук – фудбалер на ФК Гостивар АД се казнува со забрана на настап во период од 2 (две) години поради повикување на директни учесници на натпревар да го напуштат натпреварот од 29. коло од Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД
Останатите одлуки ќе ги најдете на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
Спорт
Првиот човек на ФФМ оствари средба со раководствата на финалистите кои ќе се соочат за „Купот на Македонија“, со негова заложба на мечот ќе има ВАР технологија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, во текот на вчерашниот ден оствари средба со раководствата на ФК Вардар и ФК Струга Трим Лум, клубовите кои ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија.
Финалниот натпревар е закажан за 21. мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Целта на средбата беше координација околу подготовките и организацијата на настанот, кој треба да биде вистински празник на фудбалот.
Во духот на фер-плејот и меѓусебното почитување беше истакната заедничката заложба – финалето да помине во најдобар ред и да победи подобриот тим.
На состанокот присуствуваа и претставници на Судискиот одбор, со цел унапредување на транспарентноста и довербата во судиските одлуки. Како дел од заложбите во таа насока, на финалниот натпревар ќе биде во функција ВАР технологија за носење судиски одлуки во спорни ситуации.
Овој чекор за имплементирањето на ВАР технологија на финалето од Купот на Македонија е резултат на иницијативата на претседателот Омерагиќ и соработката со фудбалските федерации од регионот, со цел унапредување на судиските стандарди и зголемување на довербата.
Финалето од Купот на Македонија ќе биде емитувано во живо преку телевизиски пренос.
ФФМ ќе преземе сè што е потребно натпреварот да биде организиран на највисоко ниво, во интерес на клубовите, навивачите и македонскиот фудбал, истакна Фудбалската федерација на Македонија во интегралното соопштение на нивното електронско гласило кое ви го пренесовме во целост.
-
Хроника13 часа
Кај Дебар во страотна сообраќајка со мотор загина млад жител на Кичево
-
Кичево12 часа
(ВИДЕО) „Тргнете го ѓубрето од градот, нè задушивте!“: Кичевчани денес со нов протест за дивата депонија, најавија и по радикални мерки доколку нема решение
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (4 мај)
-
Временска прогноза23 часа
Од понеделник во Македонија следува промена на временската состојба, еве за што станува збор
-
Спорт1 ден
(ФОТО) Момчињата на „ФК Кичево“ гостуваа во Охрид, едниот натпревар го добија постигнувајќи „петка“ на градски
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за понеделник (5 мај)
-
Македонија2 дена
Кичевчанка кај с.Подвис била касната од куче скитник
-
Хроника15 часа
АМСМ: Од 14:30 патниот правец Дебар-Струга во двата правци затворен поради случена сообраќајка, неофицијално станува збор за трагична сообраќајка со мотоцикл