Следете не

Кичево

Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“

Објавено пред

на

©porta.mk

Почитувани кичевчани, чест и задоволство ни е да ве информираме дека и оваа година продолжува традицијата по повод именденот на нашата Православна црква „Св.Апостоли Петар и Павле“, со тоа што по 11-ти пат, односно 11 години по ред – ќе се одржи мирна мото-парада или мото дефиле низ кичевските улици.

Настанот ќе се реализира во сабота 12.07.25 со почеток од 19:00 часот од „Полигон“ во непосредна близина на „Железничката станица“, а завршната рута е предвидена пред самиот храм.

  • Оваа година овој мото-марш ќе биде посветен за „Димитар Трајчески – Дидо“, страстен поддржувач на петровденската мото-парада и учесник во сите години наназад. Реши да не чува од небесата и од таму да биде блиску до срцата наши! Токму ова дефиле ќе биде посветено за него, бидејќи мото собирите заедно со другарчињата за него беа среќа!

На крај, закажано е заедничко кафе-дружење и групна фотографија во „City Caffe“ каде домаќините ќе го резервираат паркинг просторот како и место во самиот локал за сите гости.

Да ја покажеме нашата мото и сообраќајна култура, се вози според пропишаните сообраќајни знаци, додека предводници за безбедност во сообраќајот ќе бидат полициски службеници од ОВР Кичево.

Повторно кичевчани ќе имаат прилика да го проследат продефилирањето на разновидните мотоцикли низ нашиот град, како симбол и најава за големиот празник во чест на нашата православна црква! Бидете дел и заеднички со спектакуларниот мото звук да искажеме почит кон нашите светители и кичевскиот храм, заштитник на нашиот град!

  • Имено, оваа прилика ја користиме да ја известиме јавноста дека Кичевското архиерејско намесништво, за претстојниот храмов празник (патронатот на храмот и градот Кичево) посветен на светите апостоли Петар и Павле, дава благослов да се вклучат жителите и верниците на Кичево и околината, оние кои се во можност, при помош за чистење на храмот, а притоа со тоа да придонесат за чист храм по повод патронатот свети апостоли Петар и Павле, слично како што и нашите предци тоа го извршувале низ вековите.

Оваа акција ќе се одржи утре 09.07.2025 година (среда) со почеток од 09:00 часот. Тие кои сакаат и можат да бидат дел од овој вид на помош се остава на нивната слободна волја и ревност

Вечна традиција, бидете дел!

Во прилог ланската мото-парада, лето господово 2024г.

Кичево

Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов

Објавено пред

на

На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.

Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од  пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.

По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!

Објавено пред

на

©porta.mk

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.

Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.

Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“

Објавено пред

на

Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.

Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!

Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура5 часа

Утре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре

Родена е кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за недела (26 октомври)

Бик  Љубов Некои би можеле да минуваат низ искушение на тајна еротска љубовна врска или да ја кријат својата наклонетост...

Спорт18 часа

ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско

Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит...

Магазин23 часа

Видео и аудио платформата „Јутјуб“ постави нов рекорд во исплати за нивните креатори

YouTube најави дека меѓу јули 2024 и јули 2025 година ќе исплати повеќе од 8 милијарди долари на музичката индустрија,...

Кичево1 ден

Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов

На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево. Претходно, во атарот...

Временска прогноза1 ден

Од утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, денот (недела 26 октомври) ни носи променливо време со локални врнежи...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (25 октомври)

ОВЕН Денот е идеален за решавање на сите незавршени работи како и за дискусии поврзани со финансиски проблеми со личност...

Македонија2 дена

Високи претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар

Заменик министерот Исени во работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато Како дел од работните активности на Министерството...

Мобилни уреди2 дена

„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон

Samsung подготвува силен старт за 2026 година со својата следна генерација на флагшип уреди – Galaxy S26 серијата. Најистакнатиот модел,...

Кичево2 дена

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во...

НАЈЧИТАНИ