Кичево
Традицијата во Кичево за „Петровден“ продолжува, по 9-ти пат ќе се одржи „мото-парада“ во чест на именденот на кичевскиот храм „Св.Петар и Павле“
Почитувани кичевчани, чест и задоволство ни е да ве информираме дека и оваа година продолжува традицијата по повод именденот на нашата Православна црква „Св.Апостоли Петар и Павле“, со тоа што по 9-ти пат ќе се одржи мирна мото-парада односно „мото дефиле“ низ кичевските улици.
Настанот ќе се реализира во среда 12.07.23 со почеток од 19:00 часот со тргнување од препознатливото старо-добро место „Кај Јарболот“ во непосредна близина на Железничката станица, а завршната рута е предвидена пред самиот храм.
- На крај кој сака нормално, предвидено е заедничко кафе-дружење и фотографија на летната тераса од Хотел „Кичево“ каде домаќините ќе го резервираат паркинг просторот како и место во самиот локал за сите гости.
Повторно кичевчани ќе имаат прилика да го проследат продефилирањето на разновидните мотоцикли низ нашиот град, како симбол и најава за големиот празник во чест на нашата православна црква!
Потврдете го вашето присуство на официјалниот facebook настан ТУКА
Вечна традиција, бидете дел!
Во прилог ланската мото-парада, лето господово 2022 г.
Кичево
ОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, на 09.10.2025 со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено ја искористил изгубената платежна картичка на лице од Кичево и во два наврати, во продажни објекти во Кичево, извршил наплата.
По преземени мерки, тој е пронајден и приведен во полициска станица, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
ОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
На 25.11.2025 во 22:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(25) од Кичево и мопед со кичевски регистарски ознаки, управуван од 13-годишник од Кичево, по што возачот А.Ф. со возилото го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден и со него е извршен службен разговор.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.
Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.
– Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган, за јавноста и медиумите предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Македонија2 дена„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Кичево1 денОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (27 ноември)
-
Временска прогноза2 денаПопоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
-
Хороскоп16 часаХороскоп за петок (28 ноември)
-
Lifestyle1 ден„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
-
Македонија23 часаБензините остануваат исто, додека Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар
-
Македонија1 денАМСМ: На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента
