Здравје и убавина
Мувлата на овошјата може да доведе до несакани последици по здравјето на човекот
Ако мувла зафатила само еден дел од вашата храна, најверојатно мислите дека е безбедно да го отстраните тој дел и да си го изедете остантиот дел кој е „здрав“, без оглед дали се работи за овошје, зеленчук или можеби леб. Сепак, ако навистина правите вака, тоа е една многу лоша идеја.
На микроскопско ниво, мувлата расте во тенки влакна, кои се шират кружно, како корен на дрво.
Тие не се видливи со голо око, па дури и кога ќе се исече дел од местото кое видливо го зафатила мувла, дел од оваа заразна колонија останува и на остатокот од храната за кој сметате дека е сосема чист.
Ова најчесто се случува кај лебот, овошјето и зеленчукот, а со отргнувањето на мувлосаниот дел не сте го решиле проблемот целосно, бидејќи не сте ни свесни до каде е проширена оваа мувла.
Најдобро е ваквата храна, воопшто да не ја жалите и да ја фрлите, дури и да нема мувла, а на вас ви делува сомнително, подобро фрлете ја и купете свежа, бидејќи компликациите и проблемите кои можат да настанат во вашиот организам можат да бидат фатални.
Извор: Денар
Здравје и убавина
Дајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
Многу луѓе се соочуваат со проблеми во дигестивниот систем кога патуваат на одмор. Промената на климата и новата околина често влијаат, но има решение што може да ви помогне да се ослободите од овие тегоби. Австралискиот нутриционист Роберт Вилсон советува како да се справите со тоа.
Таа објаснува дека е многу важно да се консумира овошје кое е корисно за цревата.
– „Крушите се одличен избор, бидејќи нивните влакна и природни шеќери, како што се сорбитолот и фруктозата, помагаат за одржување на добрата работа на дигестивниот систем и спречуваат запек“, изјавува Вилсон.
Патувањето со авион често доведува до стомачни проблеми, што е последица од наглите промени во воздухот, што особено го погодува дигестивниот систем.
– „Но, ова не се однесува само на проблемите со столицата. Здравиот дигестивен систем и цревата се клучни за добро чувство и повисоки нивоа на енергија. Тие помагаат на организмот да ги апсорбира хранливите материи и да изгради силен имунитет“, додава тoj.
Крушите се еден од најбогатите извори на влакна, па ако редовно ги јадете додека сте на одмор, вашите црева ќе ви бидат благодарни.
/taratur
Здравје и убавина
Како полесно да ја издржите диетата за слабеење
Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден „слободен ден“ во неделата кога можеме да изедеме нешто што инаку е забрането, значително се зголемува веројатноста да се остане доследен на режимот.
Во истражувањето биле вклучени две групи луѓе кои имале цел да ослабат: првата група секој ден консумирала по 1.500 калории, додека втората шест дена во неделата јадела по 1.300 калории, а седмиот ден добивала дозвола да внесе околу 2.700 калории.
Резултатите покажале дека учесниците од првата група побрзо ја губеле мотивацијата. Кај втората група, пак, сознанието дека имаат „награден ден“ делувало мотивирачки, па поретко се откажувале од диетата.
Интересно е што и покрај разликите во пристапот, двете групи забележале слично намалување на телесната тежина.
Извор: taratur
Здравје и убавина
Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз трик кој може да ви го промени стартот на денот. Според стручњаците, доволни се само 90 секунди под туш за да го „разбудите“ телото и да се наполните со енергија.
Професионалците од академијата „Кериер Грл“ истакнуваат дека голем дел од луѓето имаат погрешни навики при утринското туширање. Имено, топлата вода создава дополнително чувство на релаксација и поспаност, па дури и кога ќе излезете во студената просторија телото сè уште е „во режим на спиење“.
Нивната препорака е следна: започнете 30 секунди со ладна вода, продолжете 30 секунди со топла и завршете повторно со 30 секунди ладна вода.
Иако на почеток можеби ќе ви биде непријатно, овој контрастен туш ја поттикнува циркулацијата и ги активира капиларите, што делува како природен „вклучувач“ на мозокот и телото. Дополнително, ваквото туширање може да помогне во намалување на стресот, зајакнување на имунитетот преку зголемено создавање бели крвни клетки и поефикасно согорување масти.
Овој ритуал редовно го користат и светските ѕвезди, кои дел нагласуваат дека ладно-топлото туширање делува како природен антидепресив, бидејќи го стимулира мозокот со зголемени електрични импулси и носи чувство на освежување и благосостојба.
/таратур
-
Кичево17 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (7 декември)
-
Хороскоп14 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Здравје и убавина2 денаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина18 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
