Македонија
МВР: Исречени 239 санкции, од нив 113 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 239 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 113 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за управување под дејство на алкохол, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се две мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, две санкции за користење на мобилен телефон при возење, девет мерки за некористење на сигурносен појас….
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакна МВР.
Македонија
Полицијата за граничен надзор на „Охридско езеро“ со полни раце работа, приведен охриѓанец и албански државјанин поради незаконит риболов и влез во државата

На 22.06.2025 година во 04.35 часот во водите на Охридското езеро, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, од слобода го лишија албанскиот државјанин К.С.(47).
Поради постоење основи на сомнение за „Илегално преминување на државната граница“ и „Незаконит риболов“, него, судија на претходна постапка при основниот суд во Охрид, му одреди мерка „Краткотраен притвор“.
При вршење патролни контролни активности на Охридското езеро, полициските службеници го затекнаа К.С. во неговиот пловен објект во македонските територијални води над населбата „Лагадин“, како врши незаконит риболов во водите на Охридското Езеро со помош на блинкери и по извршен преглед, пронајдени се 22 топки со 110 блинкери и друг риболовен алат кои, заедно со пловилото се одземени.
По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Возач од тетовско нов рекордер, возел 190 на саат на место ограничено 80 км/ч

На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско.
При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.
Македонија
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова е новата цена

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 70,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС
изнесува 40,928 ден/кг.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (22 јуни)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за понеделник (23 јуни)
-
Македонија19 часа
Полицијата за граничен надзор на „Охридско езеро“ со полни раце работа, приведен охриѓанец и албански државјанин поради незаконит риболов и влез во државата
-
Македонија2 дена
Возач од тетовско нов рекордер, возел 190 на саат на место ограничено 80 км/ч
-
Lifestyle22 часа
Што навистина се случува кога кожата ќе изгори од сонце?
-
Временска прогноза4 часа
Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C