Македонија
Прилеп повтoрно организира „Prilep OUTLET Weekend“ овој пат летен и со „Night Shopping“ – и велат, „ќе има попусти на секој ќош“ – посетете ги!

Прилеп повторно организира „Prilep OUTLET Weekend 2023“, на 25-ти и 26 август. Прилепската чаршија која изобилува со квалитетна понуда на облека и обувки, традиционална храна и одличен амбиент за одмор и кафе-муабет ќе понуди неверојатни попусти.
За посетителите и љубителите на шопингот подготвени се извонредни попусти до 50%, но овој пат и ново изненадување на “Prilep OUTLET Weekend 2023 “ – Night Shopping, каде прилепските бутици за сите вљубеници на шопигот ќе работат до 22 частот, кулминирајќи по 20 часот, со екстра цени и нови изненадувања за потрошувачите.
„Со цел купувачите да знаат каде да пазарат, продавниците кои се дел од настанот ќе бидат обележани со посебна ознака.
Нашиот амблем е „мајмунче“, знаменце со „мајмунче на шопинг“ и постер што ќе ги краси нашите продавници и тоа ќе биде препознатлив знак. А, за муштериите ќе има попусти на секој ќош“- велат прилепските трговци.
Настанот „Prilep OUTLET Weekend“ и Night Shopping е поддржан од ЛС Прилеп. Градот и прилепската чаршија предвидуваат и други изненадувања за сите посетители и купувачи кои на викендот на 25ти и 26ти, ќе го посетат Прилеп. А, сите случувања од настанот ќе бидат објавувани на специјално креираната фан страна, која посетителите ќе можат да ја следат и да се информираат ТУКА
Прилепската чаршија, со поддршка на локалната самоуправа, на почетокот од годината (17-ти и 18 февруари) за прв пат го организираше „Prilep OUTLET Weekend“ кој што предизвика огромен интерес во регионот.
Во шопинг настанот се вклучија над 200 продавници од прилепската чаршија: бутици за облека и обувки, детски бутици, парфимерии, кафетерии, продавници за бела техника, угостители, а Прилеп го посетија над 10 илјади луѓе.
Македонија
МВР демантира дека изгубеното девојче е пронајдено во соседна држава и апелира да ме се шират невистини!

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на порталот „Курир“ дека 14-годишната В.Ѓ., за која на 27 овој месец беше пријавено дека исчезнала, наводно е пронајдена во соседна држава.
Станува збор за комплетно лажна вест во која непознатиот автор се повикува на наводни „извори од истрагата“, а притоа со Одделот за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи воопшто не ја направи задолжителната проверка на наводите, и покрај бројните апели и од страна на полицијата, и од страна на родителите на малолетничката да не се пласираат дезинформации со кои само може да се наштети на истрагата.
Како што МВР редовно информираше деновиве, за решавање на случајот и пронаоѓање на лицето е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Податоците за исчезнатото лице на 28.11.2023 во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол.
Истрагата продолжува интензивно и се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање нз лицето.
Министерството за внатрешни работи, согласно законот, бара веднаш да биде објавен овој демант, а невистинитиот текст секаде каде што е објавен да биде повлечен. Во спротивно ќе ги користи сите законски расположливи средства кои стојат на располагање.
Воедно, апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.
Македонија
Делница Длабочица-Чатал денес сообраќајот ќе биде во прекин поради изведување градежни работи „минирање“, ова се информациите

На ден 28.11.2023 (вторник) ќе се изведува минирање за потребите за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал и затоа е предвиден времен прекин на сообраќајот на потег село Ветуница- мост на река Блидеш во период од 12:00-16:00 часот. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин се до расчистување на магистралниот пат, известуваат од АМСМ
Македонија
(ФОТО) Превоите „Стража“ и „Пресека“ под снег, предмалку воведена забрана за тешки товарни возила за Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на планинските превои Пресека и Стража.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Од извори на терен до кои дојде Порта.мк, од пред 20 минути активирана е забрана за тешки товарни возила кои би транзитирале преку превој Стража, додека АМСМ предмалку ја потврди информацијата.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (30 ноември)
-
Хороскоп23 часа
Месечен Хороскоп (декември)
-
Временска прогноза1 ден
Краткотрајно топло време, но голема разлика во температури, проследете ја најновата метео анализа
-
Култура37 минути
Сеноќно молитвено бдение во нашиот манастир „Св. Богородица – Пречиста“ по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица
-
Автомобили10 часа
Револуција или најгрдиот автомобил во историјата? Cybertruck пристигна (ФОТО+ВИДЕО)
-
Спорт8 часа
Судиите од првата македонска фудбалска лига супериорно ја завршиле работата на мечевите од 16-то коло
-
Магазин10 часа
Сопственикот на TikTok, ByteDance, најави отпуштања
-
Магазин10 часа
Google од денеска брише неактивни сметки! Сепак, постои начин да се зачуваат податоци