Македонија
Повторно бензините со покачена цена за литар, дизелот се намалува..

Ноќеска поскапуваат бензините, ЕУРОСУПЕР БС-95 за денар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,5 денари, додека ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за денар.
Ова е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, што треба да стапи во сила ноќеска на полноќ.
Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 87,50 денари.
Додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 90 денари, по 80 денари ќе чини ЕУРОДИЗЕЛ горивото.
Македонија
МВР демантира дека изгубеното девојче е пронајдено во соседна држава и апелира да ме се шират невистини!

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на порталот „Курир“ дека 14-годишната В.Ѓ., за која на 27 овој месец беше пријавено дека исчезнала, наводно е пронајдена во соседна држава.
Станува збор за комплетно лажна вест во која непознатиот автор се повикува на наводни „извори од истрагата“, а притоа со Одделот за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи воопшто не ја направи задолжителната проверка на наводите, и покрај бројните апели и од страна на полицијата, и од страна на родителите на малолетничката да не се пласираат дезинформации со кои само може да се наштети на истрагата.
Како што МВР редовно информираше деновиве, за решавање на случајот и пронаоѓање на лицето е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Податоците за исчезнатото лице на 28.11.2023 во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол.
Истрагата продолжува интензивно и се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање нз лицето.
Министерството за внатрешни работи, согласно законот, бара веднаш да биде објавен овој демант, а невистинитиот текст секаде каде што е објавен да биде повлечен. Во спротивно ќе ги користи сите законски расположливи средства кои стојат на располагање.
Воедно, апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.
Македонија
Делница Длабочица-Чатал денес сообраќајот ќе биде во прекин поради изведување градежни работи „минирање“, ова се информациите

На ден 28.11.2023 (вторник) ќе се изведува минирање за потребите за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал и затоа е предвиден времен прекин на сообраќајот на потег село Ветуница- мост на река Блидеш во период од 12:00-16:00 часот. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин се до расчистување на магистралниот пат, известуваат од АМСМ
Македонија
(ФОТО) Превоите „Стража“ и „Пресека“ под снег, предмалку воведена забрана за тешки товарни возила за Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на планинските превои Пресека и Стража.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Од извори на терен до кои дојде Порта.мк, од пред 20 минути активирана е забрана за тешки товарни возила кои би транзитирале преку превој Стража, додека АМСМ предмалку ја потврди информацијата.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (декември)
-
Временска прогноза2 дена
Краткотрајно топло време, но голема разлика во температури, проследете ја најновата метео анализа
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за сабота (2 декември)
-
Култура3 часа
Сеноќно молитвено бдение во нашиот манастир „Св. Богородица – Пречиста“ по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица
-
Автомобили12 часа
Револуција или најгрдиот автомобил во историјата? Cybertruck пристигна (ФОТО+ВИДЕО)
-
Спорт10 часа
Судиите од првата македонска фудбалска лига супериорно ја завршиле работата на мечевите од 16-то коло
-
Магазин13 часа
Сопственикот на TikTok, ByteDance, најави отпуштања
-
Магазин13 часа
Google од денеска брише неактивни сметки! Сепак, постои начин да се зачуваат податоци