Скопје
МВР: Кривична пријава за малолетникот што удри пешаци во Скопје

СВР Скопје денеска (16.02.2025) до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа удри пешаци во Скопје.
Имено, на 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Возачот е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка.
Скопје
Во Скопје било пријавено дека залутано зрно од огнено оружје оштетило битолски „мерцедес“

На 15.06.2025 во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски“ од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранско стакло од патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Т.Б. (71).
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
Скопје
Таксист во Скопје на швајцарец му наплатил 7800 ден и избегал

На 14.06.2025 година во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х.(43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до Средно Водно, бил измамен од возачот, кој за услугата му наплатил 7.800 денари, а откако пријавителот сфатил дека бил измамен, таксистот се однесувал агресивно кон него и со возилото го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
Скопје
Пожар на депонија е причината поради што нема електрична енергија во Општина Аеродром

РЦУК – Скопје, известува дека БППЗ од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина гаснат запалена сува трева и отпаден материјал. Моментално во гаснењето учествуваат 7 ПП возила и најмалку 20-тина пожарникари.
Поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа поголемиот дел од Општината Аеродром е без електрична енергија, информираат од ЦУК.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (17 јуни)
-
Македонија1 ден
Тлото не мирува, предмалку нов послаб земјотрес регистриран во охридско!
-
Македонија2 дена
Од ноќеска поскапување на сите горива, ова е новата цена
-
Временска прогноза2 дена
Од утре постепена дестабилизација на времето, ова се метео информациите
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за среда (18 јуни)
-
Кичево21 час
Утре на стрелиштето во с.Осој ќе се спроведе Боево гаѓање на кичевската Полиција
-
Скопје2 дена
Во Скопје било пријавено дека залутано зрно од огнено оружје оштетило битолски „мерцедес“
-
Спорт2 дена
Меѓународната скијачка федерација „FIS“ воведува нов систем за санкционирање, ќе се користат жолти и црвени картони како во фудбалот