Скопје
Дури 570 санкции во главниот град, 150 од нив биле за возење со брзина поголема од дозволената

Согласно планот за засилени мерки во сообраќајот на подрачјето на СВР Скопје, во текот на 07.02.2025 полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на целата територија на СВР Скопје, при што санкционирани се вкупно 570 возачи.
Од нив 150 се возење со брзина поголема од дозволената, 22 за управување возила без возачка дозвола, 04 возачи управувале возило со активна мерка забрана за управување моторно возило, по еден возач управувале возило под дејство на алкохол и возило со измината важност на регистрација. Останатите мерки се однесуваат на останатите прекршоци, од кои најголем број се за погрешно или недозволено паркирање.
Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакна МВР за медиумите.
Скопје
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот

На 17.06.2025 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просторија од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.С.(43) од Скопје со стол кој го фрлила наназад ја удрила Г.Н.(45) од Скопје-вработена во училиштето.
Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.
Скопје
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна постапка по член 131 од Кривичниот законик против лицето Ф.С.(18) од Скопје.
Имено, на 17.06.2025 околу 19.50 часот на ул. ,,Цветан Димов” во Скопје, по кратка расправија во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу лицата Ф.С. и Р.С.(56) од една страна и 14-годишник од Скопје од друга страна, при што биле употребени остри предмети.
Во пресметката со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и Р.С., додека Ф.С. се здобил со телесни повреди. Ф.С. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му изрекол мерка на претпазливост – времено одземање на патната исправа, вели МВР.
Скопје
Во Скопје било пријавено дека залутано зрно од огнено оружје оштетило битолски „мерцедес“

На 15.06.2025 во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски“ од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранско стакло од патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Т.Б. (71).
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (22 јуни)
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за понеделник (23 јуни)
-
Македонија18 часа
Полицијата за граничен надзор на „Охридско езеро“ со полни раце работа, приведен охриѓанец и албански државјанин поради незаконит риболов и влез во државата
-
Македонија2 дена
Возач од тетовско нов рекордер, возел 190 на саат на место ограничено 80 км/ч
-
Lifestyle20 часа
Што навистина се случува кога кожата ќе изгори од сонце?
-
Временска прогноза2 часа
Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C