Македонија
МВР: Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила. МВР воспостави посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје.
Сообраќајот за патнички моторни возила е пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, Глуво и Скопје. Воспоставен е посебен режим на движење на возила и во правец од Скопје кон Граничен премин Блаце.
Сообраќајот од Скопје кон граничниот премин е пренасочен по регионален пат Р 22 39 кон село Бразда, Село Глуво Горно Блаце, истакна МВР.
Македонија
Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

Вечерва нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце.
Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите, известуваат од МВР.
Македонија
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба

На 04.07.2025 година во 01:25 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, ги приведоа албанските државјани Ј.Х.(22) и Б.И. (30), поради постоење основи на сомневање за сторено „Илегално преминување на државната граница“ и кривично дело „Незаконит риболов“.
– Тие, со пловен објект биле затекнати на околу 6,5 километри од границата во македонските територијални води по што се обиделе да избегаат.
По известување на јавен обвинител и по преземени мерки, одземени им се пловниот објект, рибарски мрежи во должина од 400 метри, три парчиња риба Охридска пастрмка како и повеќе парчиња риболовен алат и прибор.
Против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко, поради сомнение нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од радовишко.
Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор, извести МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Македонија18 часа
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Скопје2 дена
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Временска прогноза22 часа
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Временска прогноза2 дена
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за понеделник (7 јули)
-
Спорт10 часа
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Lifestyle19 часа
Колку често треба да се перат кујнските крпи? Еве што велат експертите за хигиена