Скопје
МВР со известување за затворени сообраќајници во Скопје поради Денот на независноста централното градско подрачје
По повод денот на независноста во централното градско подрачје во Скопје на 08.09.2021 (среда) ќе се одржи централна прослава “30 години независност”. Поради генерална проба за настанот, на 05.09.2021 (недела), од 07,30 до 12,30 и од 15,30 до 20,00 часот затворени за сообраќај ќе бидат: -бул.”Кочо Рацин” на потег од крстосницата со бул.”Кузман Јосифовски Питу” до ул.”Кирил и Методиј”. – ул.“11 Октомври ” на потег од ул.”Крушевска Република” до ул.”Димитрие Чуповски”. -ул.”Филип Втори” на потег од бул.”Гоце Делчев” до ул.”11 –ти Октомври”. -Кеј “13–ти Ноември” на потег од ул.”Филип Втори “до бул.”Кочо Рацин”. -ул.”Мирче Ацев” на потег од ул.”Филип Втори “до бул.”Кочо Рацин”. -ул.”Димитрија Чуповски” на потег од порта Македонија до бул.”Климент Охридски” и – ул.”Даме Груев” од крстосница со ул.”Македонија” до ул.”11-ти Октомври”
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Скопје
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот
На 30.10.2025 околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р. (59) од Скопје.
Тој на 28.10.2025 околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени и Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна МВР.
Скопје
Скопје: Поради протест на вработени во „ЈП Паркови и Зеленило“ затворен сообраќај во два правци
На 29.10.2025 година во 10:05 часот започна најавениот протест на вработените на ЈП Паркови и Зеленило Скопје присуство на околу 50 граѓани сообраќајот е пренасочен од ул.Френклин Рузвелт до бул.8ми Септември во двата правци не се одвива сообраќај, известува АМСМ.
Скопје
Утре и во среда посебен сообраќаен режим во Скопје
Утре и во среда посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјална посета на претседателот на Република Словачка, Пелегрини и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен
На 14/15.10.2025 година (вторник и среда) во официјална посета на Република Македонија ќе присуствува претседателот на Република Словачка, Н.Е. г-дин Петер Пелегрини.
На 15.10.2025 година (среда) во официјална посета на Република Македонија ќе присуствува претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, известуваат од МВР.
-
Кичево2 денаФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Спорт2 денаКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (9 ноември)
-
Кичево17 часаВо сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови
-
Хороскоп13 часаХороскоп за понеделник (10 ноември)
-
Здравје и убавина17 часаОвие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок
